Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја погоди источна Турција


Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава источната турска провинција Малатија, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот наутро по локално време, со епицентар во округот Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. Тресењето на […]

Силен земјотрес во Грција: „Лежалките се тресеа“


Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денеска. Земјотресот се случи околу 11 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри. Земјотресот е регистриран на околу 25 километри од островот Карпатос и на околу 189 километри од Хераклион на островот Крит. Засега нема извештаи за материјална штета или […]

Утрово земјотрес го стресе Лесковац


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 9:46 часот наутро во југоисточна Србија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лесковац, на околу 6 километри од неговиот центар, на географски координати на географска ширина 42,95 и географска должина 21,91. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот […]

Земјотрес од 3,6 степени по Рихтер кај Зеница, во БиХ


Земјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница. Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри. Ова го класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје. […]

Земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар


Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со кои располага […]

ОН: Речиси седум милиони луѓе можно е да се погодени од земјотресите во Венецуела


Околу седум милиони луѓе можно е да се директно погодени од разорните земјотреси во Венецуела, според проценките на Обединетите нации. „Најмалку 6,76 милиони луѓе може да бидат директно погодени од разорните земјотреси што ја потресоа Венецуела на 24 јуни. Потенцијалниот ефект од тоа може да е хуманитарна катастрофа“, соопшти Меѓународната организација за миграција, агенција на […]

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во Авганистан


Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот се случил во регионот Хиндукуш на длабочина од 208 километри и бил почувствуван и во Пакистан. – Луѓето истрчаа од своите домови во паника во округот Сват во северниот пакистански Кибер Пахтунхва, изјави жител. Засега нема извештаи […]

Нови податоци: Бројот на жртви по земјотресот во Венецуела се искачи на 164


Најмалку 164 лица загинаа, додека 971 лице беше повредено по двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела во среда, изјави вршителката на должноста претседателка на таа земја, Делси Родригез. Родригез изјави дека спасувачките екипи продолжуваат да ги бараат жртвите и да им пружат помош на загрозеното население, додека властите ја проценуваат обемот на материјалната штета […]

Катастрофа во Венецуела. Можни се илјадници мртви по двата силни земјотреси (видео)


  Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека најмалку 32 лица се потврдени како мртви во двата силни земјотреси што го погодија главниот град Каракас во текот на ноќта, со јачина од 7,5 и 7,2 степени, објави Ројтерс. Според неа, најмалку 700 лица се повредени. „Десетици згради се уништени, во моментов се во тек […]

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија (Видео)


Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северна Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Нуклеарните централи и […]

Геофизичар за катастрофата во Венецуела: „Не е земјотресот тој што убива, туку лошите згради“


Бројот на жртви од катастрофалните земјотреси во Венецуела ќе биде директно поврзан со начинот на кој се изградени зградите во земјата, предупреди експерт за земјотреси. Геофизичарот Вилијам Јек од Американскиот геолошки завод (USGS) изјави за CNN дека двата последователни земјотреси веројатно предизвикале огромна штета бидејќи биле плитки и погодиле густо населени области. „Не е тресењето […]

Земјотрес со јачина од 6,7 степени го потресе индонезискиот остров Сулавеси


Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Националната метеоролошка и геофизичка служба на Индонезија. Според податоците на државната Агенција за метеорологија, климатологија и геофизика, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 42 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од десет километри. Засега нема информации за […]

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион


Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга […]

Бројот загинати во земјотресот на Филипините се искачи на 45


Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита. Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз […]

Силен земјотрес регистриран во Куба


Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот брег на Куба. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во и американската сојузна држава Флорида. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Силен земјотрес од 7,8 степени ги погоди Филипините. Има мртви, издадено е предупредување за цунами


Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица се мртви, а четворица се повредени откако земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди еден од јужните острови на земјата. Според Ројтерс, нема непосредни детали за пријавените жртви, но досега објавените снимки покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го […]

Два земјотреса регистрирани на Евија


 Два последователни умерени земјотреса денеска се регистрирани на грчкиот остров Евија. Првиот земјотрес бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот со 5,2 степени, со епицентар во северниот дел на Евија. Земјотресите биле почувствувани и во Атина, околу 130 километри оддалеченост од епицентарот. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална […]

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија


Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар […]

Земјотресот со јачина од 3,8 степени во Босна и Херцеговина, почувствуван и во Хрватска


Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето на југоисточна Босна и Херцеговина, во близина на Требиње. Според податоците на сеизмолошките служби, земјотресот се случил малку по полноќ по локално време. Епицентарот бил 11 километри северозападно од Требиње и околу 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри. […]

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле


Земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди Чиле околу 30 километри источно од градот Калама на северот од земјата, објави во понеделник Геолошкиот завод на САД (USGS). Земјотресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атаками, според истиот извор. Чилеанските власти досега не пријавиле повредени или материјална штета. „Заканата од цунами за […]