Земјотрес почувствуван во Битола


Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала и со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени вечерва во 21:59 часот е почувствуван во Битола и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е 125 километри југозападно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

Централна Италија ја стресе земјотрес од 4,6 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 16 часот и 5 минути ја погоди Италија, пренесе АНСА. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил четири километри оддалечен од градот Умбертид. ЕМСЦ, исто така, посочи дека епицентарот на ударот бил на длабочина од десет километри. Засега нема информации […]

Турција: Се урна петкатна зграда оштетена во минатомесечните земјотреси


Во турскиот град Малатија се урна петкатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари. Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога се случило уривањето, јавува агенцијата Anadolu. Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени […]

Штетите од разорните земјотреси во Турција изнесуваат околу 80 милијарди долари


Турскиот министер за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи денеска изјави дека штетите од разорните земјотреси во Турција на 6 февруари досега се проценуваат на околу 80 милијарди долари, а извозното производство во погодените области е намалено за 40 отсто. – Тоа што се случи е многу болно за нас. Штетите се проценуваат на 80 милијарди […]

Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите во Турција погодени од земјотресот


Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата. Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот […]

Земјотреси во Црна Гора, па во Албанија


Силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри од Елбасан на длабочина од два километри, јавува ЕМСЦ. Претходно денес земјотрес ја погоди и Црна Гора кај Бар. Сеизмолошкиот сектор на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора во 16 часот и […]

Човек кој „загинал“ во земјотресот во Сирија се „врати од мртвите“ на погребот


Повеќе чудесни приказни пристигнуваа во деновите по земјотресите во Сирија и во Турција, но оваа е единствена. Ахмад Ал-Агриби е ископан од под урнатините на зградата што паднала во градот Атриб во Сирија. Болничарите утврдиле дека неа реагира и го префрлиле неговото тело во мртовечница. Таму останал два дена, додека членови на неговото семејство не […]

(Видео) Едно лице загина во новиот земјотрес во Турција, зградите се рушат како кули од карти


  Во новиот земјотрес во Малатија, Турција, загина најмалку едно лице, соопшти директорот на Агенцијата за управување со катастрофи Јунус Сезер. Un nouveau tremblement de terre de magnitude 5,6 en Turquie, à Malatya, selon les autorités. "nous sommes confrontés à des tremblements de terre incroyables". #Turquie #Turkey #earthquake pic.twitter.com/cgKmUYSJpe — Ezints (@ezints) February 27, 2023 […]

Нов силен земјотрес ја погоди Турција


  Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер ја погоди во понеделник Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар(EMSC). Според сеизмолозите, земјотресот се случил на 11 км јужно од Малатија, град во турскиот регион источна Анадолија. 👉#İmamoğlu (Yerel saat 12:05:37). Depremi hissettiniz mi? Deneyiminizi paylaşın:🌐https://t.co/AXvOM7I4Th Gözlemleriniz, depremin etkisini anlamak için önemlidir.🙏 — EMSC (@LastQuake) February 27, […]

Турските власти приведоа 184 луѓе, вклучително и градоначалник, поради урнати згради во земјотресот


 Најмалку 184 лица, главно градежни изведувачи, се приведени во Турција во врска со урнатите згради по разорните земјотреси во јужниот дел на земјата, изјави денеска министерот за правда Бекир Боздаг. Приведен е и градоначалникот на областа Нурдаг во провинцијата Газиантеп, јави Анадолија. Градоначалникот Океш Кавак е од владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Владата […]

Турција: Покренати истраги против повеќе од 600 лица поради рушењето на зградите


Во Турција се покренати истраги против повеќе од 600 лица поради рушењето на згради во катастрофалните земјотреси на 6 февруари, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг. Тој наведе дека 184 од 612 осомничени се задржани во затвор во очекување на судењето, и дека меѓу приведените има градежни изведувачи и сопственици или управители на […]

Земјотрес со јачина од 6,1 според Рихтер во Јапонија


Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Јапонија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил во морето, во близина на градот Куширо на најсеверниот остров Хокаидо, соопшти јапонската метеоролошка служба. #Earthquake (#地震) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M6.0 || 70 km S of #Nemuro (#Japan) || 6 min […]

Централна Турција ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер


Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри од Емиргази, на длабочина од 10 километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.

Земјотрес од 6,1 степен според Рихетр на Камчатка


Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава кај брегот на полуостровот Камчатка во Русија, соопшти регионалниот огранок на Геофизичката служба на Руската академија на науките. Епицентарот бил во Тихиот Океан, во близина на јужниот брег на полуостровот, на 170 километри од Петропавловск-Камчатски. Засега нема информации за материјална штета и […]

Почувствуван земјотрес во Струга


Земјотрес е почувствуван во Струга и околината попладне во 12 часот и 19 минути. Според Европскиот медитерански сеизомолошки центар, епицентарот бил на 11 километри северозападно од Охрид на длабочина од два километра со магнитуда од 2,3 степени. Земјотресот бил почувствуван и во Албанија.

Видео од земјотресот со јачина од 7,2 степени во Таџикистан


Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди централноазиската земја Таџикистан. Епицентарот, како што пренесуваат медиумите, бил на 82 километри од границата со Кина. An earthquake of magnitude 7.2 hit #Tajikistan near the border with #China. pic.twitter.com/JoNuLLMUt7 — NEXTA (@nexta_tv) February 23, 2023 Кинеските медиуми јавуваат дека овој силен земјотрес бил […]

Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 43.556


  Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција овој месец се искачи на 43.556, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Сојлу  за телевизијата ТРТ Хабер изјави дека по првиот земјотрес на 6 февруари следеле уште 7.930 последователни потреси. Наведе дека над 600.000 станови и 150.000 деловни простории претрпеле штета. Силни […]

Ердоган: Ќе ги повикам на одговорност сите виновници за над 40.000 загинати во земјотресите


Ќе побарам одговорност од виновниците за повеќе од 40.000 загинати во разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Наша должност е престапниците да ги изведеме на одговорност пред законот, рече Ердоган за време на посетата на јужната провинција Османија, пренесоа британските медиуми. Во разурнувачките земјотреси на 6 февруари […]

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во јужен Иран


Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужен Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 112 километри од Бандар Абас. Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

(Видео) Повторно во тек е потрагата по луѓе под урнатините во Турција


По двата нови силни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во понеделникот вечерта и во кои загинаа најмалку 11 лица, а уште 18 други се во критична состојба, спасувачките служби повторно трагаат по луѓето затрупани во урнатините. Двата нови земјотреса со јачина од 6,4 и 5,8 се регистрирани во понеделникот вечерта во југоисточна Турција […]