Слаб земјотрес кај Демир Капија


Попладнево, во 18.32 часот, нов земјотрес бил регистиран во Македонија. Се работи за земјотрес со интензитет од 2.1 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот е на 12 километри североисточно од Демир Капија. Длабочината на потресот е на 5 километри.  

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Аргентина


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди аргентинскиот град Сан Хуан, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 110 километри, во 20 часот по локално време. Нема првични извештаи за штети или жртви како резултат на земјотресот; значителна штета е малку веројатна. Може […]

Силен земјотрес ја погоди Турција


Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри. Засега нема информации за жртви и штети. Да потсетиме, во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 […]

Земјотреси со јачина од 4,4 и 4,9 степени кај Атина и кај Крит


Два земјотреси со јачина од 4,4 степени според Рихтер, на две различни локации, едниот во близина на Атина, другиот со јачина од 4,9 степени во морскиот дел југоисточно од Крит, беа регистрирани рано утрово.  Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, земјотресот во близина на Крит беше кусо пред 9 часот по локално време, […]

Послеб земјотрес вечерва во Берово


Земјотрес вечерва беше почувствуван во Беровскиот регион. Земјотресот е  со јачина од 3,3 степени според Рихтер, а епицентарот според ЕМСЦ бил на 13 км од Берово. Потресот се случи во 21.28 часот, а бил на длабочина од 12 километри. Според сведоштавата на ЕМСЦ страницата, земјотресот кусо траел и не бил сиен. Има сведоштва и дека […]

Земјотрес со јачина од 4,6 степени


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, јавува EMSC. Земјотресот е регистриран на 44 километри од Пиргос, на длабочина од 20 километри. Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Турски градител осуден на 62 доживотни затворски казни по уривање на зграда во земјотрес


Турскиот суд во петокот осуди изведувач – градежник на 62 доживотни затворски казни за невнимание при изградбата на зградата што се урна во разорниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција во 2023 година. Изведувачот Хасан Алпарѓун, кој веќе е во затвор, е осуден на 865 години за „предизвикување смрт и повреда со можна умисла“, објави […]

Земјотрес од 2,9 степени го потресе Скопје


Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтер. Како што објави ЕМСЦ, епицентарот е во околината на Скопје, на длабочина од 6 километри. Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала беше почувствуван завчера вечерта во Македонија, а епицентарот беше во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа […]

Земјотрес и цунами во Јапонија


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија по што цунами висок 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Според полицијата, засега нема повредени. Епицентарот на земјотресот бил во водите кај Торишима во архипелагот Изу, на длабочина од околу 10 километри. Според податоците […]

Сеизмолошката опсерваторија објави кои мерки треба да се преземат во случај на земјотрес


По земјотресот во Скопје што се случи во 2 часот по полноќ, Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје потсетува какви мерки треба да се преземат во случај на посилен земјотрес. Со скенирање на QR-кодот можете да ја отворите брошурата која ќе ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес: -Со […]

Скопјани ноќеска ги разбуди земјотрес од 3,4 степени според Рихтер


Земјотрес со локална магнитуда од 3.4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2.02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.  -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираше Сеизмолошката опсерваторија.

Неколку земјотреси регистрирани во текот на ноќта во Грција


Неколку земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани во близина на островот Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Нема извештаи за материјална штета или жртви. ЕМСЦ наведува дека првиот земјотрес со јачина од 2,8 степени се случил во 4 часот и 45 минути по локално време. По […]

Два земјотреса регистрирани во Британска Колумбија


 Два земјотреса со интензитет од 6,5 и 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа се регистрирани на северниот брег на канадската провинција Британска Колумбија. Епицентарот на земјотресите бил во Тихи Океан на длабочина од 10 километри. По земјотресите не беше издадено предупредување за појава на цунами. Засега нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална […]

Земјотрес од 3,5 степени во Босна и Херцеговина


Земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во 8 часот и 33 минути во близина на Зеница, јавува ЕМСЦ. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува и дека според прелиминарните информации земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 21 километар северно од Зеница. Земјотресот не треба да предизвика значителна материјална штета. Според коментарите на ЕМСЦ, тресењето […]

Слаб земјотрес во Берово почувствуван и во Бугарија


Земјотресот е со јачина од 2,1 степен според Рихер. Земјотрес со јачина од 2,1 степен по Рихтер утрово во 5.25 часот е регистриран во источниот дел од Македонија. Епицентарот е кај Берово на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во соседна Бугарија.

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди Ел Салвадор


 Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Ел Салвадор, соопшти Американскиот геолошки институт, но во првите извештаи не се спомнуваат можни жртви или материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, 60 километри југозападно од салвадорскиот град Ла Либертад на длабочина од 33,9 километри. Европскиот медитерански сеизмолошки […]

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени


 Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција. Епицентарот бил во близина на островот Крит. Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината


Земјотрес со јачина 2,4 степени по Рихтер, е регистриран утрово во 03 часот и 24 минути, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 километри југоисточно од Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од […]

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер го погоди подрачјето на Лос Анџелес


Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер ја погоди областа Лос Анџелес нешто по пладне по локално време, соопшти Геофизичкиот институт на САД, цитиран од американските медиуми. Потресот силно го почувствувале локалните жители. Епицентарот на земјотресот бил во областа Хајленд Парк, североисточно од центарот на градот, а неговиот епицентар бил на длабочина од 12,1 […]

Земјотрес од 2.4 степена по Рихтер регистриран на подрачјето Делчево – Берово


Земјотрес со локална магнитуда од 2.4 степена по Рихтер е регистриран утрово во 04 часот и 48 минути чиј епицентар припаѓа на подрачје Делчево – Берово, 124 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, […]