Вонреден самит на ЕУ: Построги санкции против Русија и стратегија за енергетско осамостојување


Лидерите на ЕУ околу 2 часот и половина утринава одржаа прес конференција на која ги презентираа главните заклучоци од вонредниот самит посветен на руската инвазија во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефовите на држави и влади на ЕУ покажаа обединет фронт во момент кога Москва започна нова војна на европскиот континент. Како одговор […]

Влада: Северна Македонија се придружува на ЕУ со санкциите кон Русија, прифаќаме и бегалци


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за новиот пакет рестриктивни мерки на Европската Унија во однос на ситуацијата во Украина, со препорака за придружување на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид рестриктивни мерки. Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку Постојаната мисија […]

ЕУ воведе санкции за сите пратеници на руската Дума и за внатрешниот круг на Путин


  Советот на ЕУ усвои пакет мерки против Русија како одговор на нејзината одлука да ги признае сепаратистичките украински региони Донецк и Луганск како независни и последователната одлука за испраќање руски војници таму. Меѓу мерките е и замрзнувањето на имотот на сите 351 пратеници на руската Дума, кои гласаа за признавање на независноста на самопрогласените […]

ЕУ воведе санкции против Русија, построги отколку што се очекуваше


  ЕУ воведува нови санкции против Русија со оглед на ескалацијата во украинскиот конфликт од страна на Владимир Путин. На посебен состанок во Париз во вторникот, министрите за надворешни работи на 27-те земји членки го одобрија соодветниот предлог на Комисијата на ЕУ и на Службата за надворешни работи. Казнените мерки се очекува да стапат на […]

Дали Кремљ ќе ја финансира воената машина со гасот што ѝ ги продава на Европа?


  Во изненадувачки потег, Германија го запре контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ поради упадот на Русија во Украина. Канцеларот Олаф Шолц изјави во вторникот дека побарал од Министерството за економија да го повлече октомврискиот извештај во кој се наведува дека гасоводот не претставува закана за безбедноста на снабдувањето. „Ова звучи техничко, но тоа е неопходен […]

ЕУ го најави првиот пакет санкции против Русија


Првиот пакет санкции на Европската унија против Русија поради признавањето на сепаратистичките територии во Украина ќе биде претставен попладнево во Париз, најавија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Предложениот пакет вклучува мерки против оние кои се вклучени во „незаконската одлука“ и банките кои ги финансираат руските […]

Од 1 март промена на правилата за патување во ЕУ од трети земји


Советот на ЕУ денеска усвои ажурирана препорака за привремени ограничувања за патувања кои не се клучни во ЕУ и ќе важат од 1 март.   Како што се истакнува, ќе се применуваат ограничувања поради Ковид во согласност со состојбата во третата земја и индивидуалниот статус на лицето кое патува.   „Членките на ЕУ треба да […]

Донесени нови санкции во ЕУ против петмина руски граѓани поради анексијата на Крим


Европската Унија усвои нови санкции против Русија попладнево, соопшти Советот на ЕУ. Станува збор за рестриктивни мерки против дополнителни пет лица инволвирани во изборите на руската Дума во септември 2021 во Крим кој ЕУ го смета за нелегална анексија. Овие пет лица ќе бидат предмет на санкции од страна на ЕУ во рамките на постојниот […]

Ковачевски: Северна Македонија е потврден партнер во транс-атлантското и европското сојузништво


Премиерот Димитар Ковачевски со видео порака го сублимираше и оцени учеството на владината делегација на годинашната Минхенска безбедносна конференција која оваа година по 58 пат собра над 30-тина шефови на држави и влади и највисоки членови на влади и претставници на најугледните меѓународни организации. Како што истакнува Ковачевски во пораката, земјава уште еднаш доби едногласна […]

Европскиот парламент одобри 1,2 милијарди евра помош за Украина


Европскиот парламент одобри итна програма за макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина. На пленарната седница одржана вчера во Стразбур, за средствата гласаа 598 од вкупно 694 европратеници, јави Бгнес. Програмата ќе стапи во сила по нејзиното одобрување од Советот на ЕУ. Помошта е наменета за одржување на економската и финансиската стабилност на Украина […]

ЕСП ќе донесе одлука од која зависат милијарди евра наменети за Полска и Унгарија


Европскиот суд на правдата (ЕСП) денеска ќе донесе одлука за тоа дали може да бидат намалени финансиските средства од Европската унија за земјите-членки кои ги прекршуваат демократските стандарди, случај со големи импликации за Полска и Унгарија. Медиумите посочуваат дека по денешната одлука може да бидат скусени милијарди евра наменети за Полска и Унгарија. Новиот механизам […]

Растот на БДП во еврозоната и во ЕУ нагло забави кон крајот на 2021 година


Економиите на ЕУ и на еврозоната нагло забавија во четвртиот квартал од 2021 година, а забави и вработеноста поради проблемите со снабдувањето што го попречија производството и ширењето на варијантата омикрон, покажаа новите проценки на Евростат во вторникот. Европската економија мака мачи со набавките, особено на полупроводниците, клучните компоненти во производството на автомобили, а кон […]

Иницијатива на ЕУ за „здравствена унија“


Европска Унија покрена иницијатива за заедничка „здравствена унија“, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран, чија земја претседава со ЕУ. Текстот ќе се вика „Декларација од Гренобл“ по францускиот град, каде беше состанокот на министрите за здравство на земјите-членки на ЕУ. Веран изрази уверување дека ЕУ може да стане „светски шампион во јавното здравство“ доколку […]

Годинава економскиот раст на ЕУ изнесува четири отсто


Белгија – Европската унија ќе забележи економски раст од четири отсто во 2022 година и 2,8 отсто во 2023 година, соопшти денеска Европската комисија. Во 2021 година ЕУ имаше економски раст од 5,3 отсто. Зимските економски прогнози за 2022 година наведуваат дека Унијата како целина го достигнала нивото на бруто домашен производ (БДП) од пред пандемијата […]

Анкета: Повеќето Европејци сакаат ЕУ да застане зад Киев против Москва


  Мнозинството ширум Европа мислат дека Русија ќе ја нападне Украина во 2022 година и веруваат дека и НАТО и ЕУ треба да застанат на страна на Киев, според студијата чии автори сугерираат дека кризата може драматично да го промени начинот на кој Европејците гледаат на нивната безбедност. „Податоците сугерираат нешто на геополитичко будење во […]

Борел: Европа се наоѓа во најопасниот момент по Студената војна


Европа се соочува со најсериозната закана по нејзината безбедност од завршувањето на Студената војна, предупреди денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Борел, сепак, нагласи дека дипломатското решение со Русија за Украина останува „можно“. -Според мене, ние го доживуваме најопасниот момент за безбедноста во Европа од крајот на Студената војна, рече Борел на заедничката прес-конференција […]

ЕК се подготвува за различни сценарија при евентуален бегалски бран од Украина


Белгија– Европската унија се подготвува за сите можни сценарија во врска со ситуацијата околу Украина, изјави на прес-конференција портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, како одговор на новинарско прашање за можен бран бегалци од Украина во случај на руска инвазија – ЕУ се обидува да ја процени ситуацијата, да се подготви за различни сценарија и можни […]

Ковачевски : Одолговлекувањето на ЕУ процесот ја намалува посветеноста на општеството


Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, прифати да одговори на неколку прашања за МИА по неговата прва работна посета на Брисел, седиштето на ЕУ и НАТО, каде тој оствари средби со челниците на овие две организации. Ковачевски сака брзо но и квалитетно решение со соседна Бугарија за да се отворат долгоочекуваните и заслужени преговори со […]

САД побарале од Јапонија да и препушти на Европа дел од набавениот гас


Јапонија– Јапонија ќе ги разгледа сите опции за помош на меѓународната заедница во случај на потреба поради украинската криза, што може да го прекине снабдувањето со гас, изјави денеска министерот за индустрија Коичи Хагиуда, со што имплицитно ја навести можноста за препуштање на дел од пратките со гас за Европа. Јапонската агенција Џиџи вчера јави […]

Европската комисија предлага итна помош од над милијарда за Украина


Белгија – Европската комисија предлага да итна макрофинансиска помош во износ од 1,2 милијарди евра за Украина откако претседателката фон дер Лајен разговараше со украинскиот претседател, јавува дописничката на МИА од Брисел. Предлогот за да се оствари треба да биде усвоен од страна на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент. Европската комисија нуди долгорочни заеми […]