ЕУ и официјално усвои нови санкции против Русија, најстроги во историјата


Утрово Европската унија и официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија. Новиот круг санкции, кој денеска стапува во сила, предвидува рестрикции за голем број олигарси, забрана на продажба на луксузни стоки кои се извезуваат во Москва и ќе погоди неколку одбранбени компании. Амбасадорите на ЕУ вчера се согласија за четвртиот пакет санкции по руската […]

Европа во хаос со бегалците


Европа мора да се подготви за вториот најголем мигрантски бран по седум години, затоа што во спротивно, се заканува хаос, предупредува експертот за миграции Гералд Кнаус. Кнаус, за дневникот „Клајне цајтунг“, вели дека војната во Украина предизвика огромен бран беглаци, кој по две недели, го надмина вкупниот број бегалци од просторите на поранешна Југославија за […]

Европската унија усвои агенда за справување со последиците од војната во Украина


 Лидерите на земјите членки на ЕУ, собрани во замокот во Версај, усвоија заедничка агенда, за преземње конкретни мерки за справување со последиците од војната во Украина. Во однос на енергетиката, ЕУ ќе дефинира „акционен план“ за излез од „руската енергетска зависност“ до 2027 година, јави дописникот на МИА. – Но, овие независни избори имаат цена. […]

Резиденцијата на ЕУ е домаќин на нова уметничка изложба за Европскиот зелен договор


Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир денеска ја отворија изложбата „Розови тигри и златни гуштери и сè друго“ во резиденцијата на ЕУ. Изложбата е дел од кампањата за Зелениот договор што Делегацијата на ЕУ ја започна во ноември минатата година, повикувајќи на […]

ЕУ има доволно гас до крајот на зимата


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека членките на ЕУ веќе купиле доволно течен гас за да можат без увоз од Русија до крајот на зимата. „Заедно со поголема заштеда на енергија и проширување на обновливите извори на енергија, ќе можеме да станеме независни“, рече Лајен во заедничката утринска програма на […]

Илина Арсова е „Европска жена на годината“- Игор Џамбазов најдобро знае


Делегацијата на Европската Унија во Скопје ја прогласи македонската ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова за „Европска жена на годината“. Свеченото доделување на наградите се одржа во Даут-пашиниот амам во присуство на амбасадорите и првата дама г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска. Илина беше претставена од страна на амбасадорката на Германија, Анке Холштајн. Покрај неа, во изборот учествуваа и […]

ЕУ сака да се осамостои целосно од рускиот гас


Европската комисија попладнево ја презентираше својата стратегија RePowerEU, со цел ЕУ да може целосно да се откаже од рускиот гас што побргу, јави дописничката на МИА од Брисел. Стратегијата нуди низа мерки за справување со растот на цените на енергенсите и обезбедување залихи за следната зима, но Европската комисија самата предупредува дека ќе биде тешко. -Тешко, […]

Европа може да очекува да прими пет милиони бегалци


Франција– Европа може да очекува да прими пет милиони бегалци доколку продолжи руската инвазија врз Украина и бомбардирањето на градовите, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, јави дописникот на МИА. -Ако продолжат бомбардирањата, ако продолжат неселективните бомбардирања на градовите можеме да очекуваме пет милиони бегалци, прецизираше високиот претставник на Европската унија за надворешни работи […]

Фон дер Лајен: ЕУ мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија


Европската унија мора целосно да се ослободи од зависноста од Русија за гас, нафта и јаглен преку диверзификација, енергетска ефикасност и енергетска транзиција. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Мадрид. – Енергијата останува едно од критичните прашања. ЕУ мора да се ослободи од зависноста од руската нафта, […]

Босна и Херцеговина побара итен пристап во ЕУ


Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ денеска побара од претставниците на Европската унија на Босна и Херцеговина веднаш да и дадат статус на кандидат. Турковиќ го упати овој апел откако неколку други земји ги поставија истите барања по руската инвазија на Украина. – Во овие тешки и неизвесни времиња за безбедноста […]

И Молдавија аплицира за влез во ЕУ


Молдавија– Молдавските власти ќе испратат барање за членство во Европската унија, изјави претседателката Маја Санду на брифинг.   – Ќе ја потпишеме денеска апликацијата за пристапување на Молдавија во Европската унија. Таа ќе биде испратена до францускиот претседател Емануел Макрон, истакна Санду.   Претседателката на Молдавија потоа го потпиша документот заедно со претседателот на Парламентот […]

ЕУ ја отфрла споредбата меѓу Русија и Украина со спорот меѓу Скопје и Софија, вели амбасадорот Гир


  Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска го отфрли пристапот да се прават споредби на ситуацијата меѓу Русија и Украина, со онаа на Северна Македонија и Бугарија. Тој, во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, дека условите на Владимир Путин кон Украина се слични на оние што Бугарија ги […]

Украинските бегалци добиваат право на престој и работа во ЕУ во следните три години


Белгија – Европската комисија денеска предложи активирање на Директивата за привремена заштита на украинските бегалци, со која се овозможува издавање дозволи за престој, право на работа, социјална и здравствена заштита и образование. -Европа стои до оние на кои им е потребна заштита. Секој што бега од бомбите на Путин е добредојден во Европа. Ќе обезбедиме заштита […]

Се повеќе земји од ЕУ воведуваат забрана за закотвување на руски бродови во нивните пристаништа


Белгија – Сè повеќе земји-членки на ЕУ размислуваат за забрана за закотвување на руски бродови во нивните пристаништа, засилувајќи ги санкциите по забраната за воздушниот сообраќај со Русија, јави Ројтерс, пренесува Хина. Уште во понеделникот, Велика Британија одлучи да не дозволи влез во нивните пристаништа на сите бродови во руска сопственост или оние што ги изнајмуваат […]

„Скриени желби, немирни патувања“ – македонски кандидат за наградата за литература на ЕУ


Романот на Владимир Јанковски „Скриени желби, немирни патувања“ е македонски кандидат за наградата за литература на Европската унија. Наградата се доделува од 2009 година, и е иницијатива со која се истакнуваат најдобрите нови прозаисти од Европа. Од почетокот на доделувањето на наградата, секоја земја што учествуваше во проектот прогласуваше по еден национален добитник на наградата, […]

Мандл: Прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ пред Украина


Aвстрија – Членот на Австриската народна партија во Европскиот Парламент, Лукас Мандл, оцени дека се разбирливи размислувањата за членство на Украина во Европската унија. Но, според него, пред да дојде до тоа, треба да бидат примени сите земји од Западен Балкан. – Разбирливо е тоа што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во моменталната […]

ЕУ го вклучи и Дмитриј Песков во санкциите против Русија


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е еден од 26-те истакнати личности на кои Европската унија им воведе санкции поради руската инвазија врз Украина, се наведува во одлуката објавена во службениот весник на Унијата. На списокот се наоѓаат олигарси и бизнисмени кои работат во нафтениот, банкарскиот и финансискиот сектор, но и членови на руската Влада, високи […]

Украина бара „влез“ во ЕУ по посебна процедура, додека во „чекалната“ веќе има пет земји


Украина – Украина денеска упати барање до Брисел да и се дозволи да се приклучи на Европската унија по посебна процедура, и тоа во момент кога државата се брани од инвазија на руските сили. Последното проширување на блокот е пред девет години со влезот на Хрватска, додека во „чекалната“ се пет земји. Ова е кус историјатат […]

Фон дер Лајен: Ја сакаме Украина во ЕУ


Белгија– Европската унија сака да ја види Украина и тоа ќе се случи со тек на време, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за Еуроњуз. – Имаме процес со Украина кој е, на пример, интегрирање на украинскиот пазар во единствениот пазар. Имаме многу блиска соработка на енергетската мрежа. Толку многу теми каде што работиме […]

ЕУ ќе го финансира купувањето оружје за украинската армија


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво. „На министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им предложам користење на Европскиот мировен фонд за две итни мерки. Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со […]