Ѕанакопулос: Оптимист сум дека може да постигнеме договор


Министрите за надворешни работи направија особено голем напредок, би можеле да кажеме дека се наоѓаме во финална линија, но никој не може да го предвиди исходот во толку сложени преговори, и покрај тоа јас и понатаму сум многу оптимист и ги очекуваме следните потези и следната фаза од преговорите, вели портпаролот на грчката влада и […]

Дипломатски спринт за името: На повидок решение за спорот


Се наѕира финале на разговорите меѓу Македонија и Грција за надминување на проблемот со името. Очекувањата во владини кругови во Скопје се дека процесот, кој се интензивираше во последните неколку месеци, ќе финишира со договор. Клучен момент за тоа е претстојниот разговор меѓу премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас, од кој, според […]

Катругалос: Блиску сме до договор, но ништо не е договорено ако не се договори сѐ


На средбата со Нимиц ќе се разговара за сите прашања, затоа што се наоѓаме на чекор пред постоење договор, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, во интервју за државната телевизија ЕРТ, но додава дека едно прашање влијае на друго и затоа не можеме со сигурност да говориме за договор и дека „ништо не […]

Касиљас го продолжи договорот со Порто


Искусниот шпански голман Икер Касиљас го продолжи договорот со португалскиот клуб Порто за уште една година. Сезонава 36-годишниот Касиљас со Порто го освои португалското првенство, по што клубот му понуди договор за нова соработка. Според португалските медиуми тој се согласил за помала плата да остане во клубот. Касиљас се смета за еден од најдобрите голмани […]

Ѕанакопулос: Има напредок, но не сме блиску до договор, можна и нова рунда преговори


Во тековните разговори со нашите соседи имаме направено значителен напредок, но сѐ уште не сме блиску до исходот од преговорите и постигнување договор, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека токму затоа средбата на двајцата премиери “ќе биде исклучително корисна и важна”. – Но, […]

Рибери во Баерн уште една година


Францускиот фудбалер Франк Рибери го продолжи договорот со Баерн Минхен и ќе остане во баварскиот клуб до крајот на следната сезона. На 35-годишниот фудбалер договорот му истекуваше на крајот од оваа сезона, но управата на Баерн реши да ја продолжи соработката. Рибери од 2007 година е дел од тимот на Баерн Минхен, а со клубот […]

Шилегов: Историски ден за Скопје и Атина


  „Ова е историски ден за нашите градови. Го отвораме патот кон меѓусебно приближување. Имаме цел во интерес на нашите сограѓани заеднички да учествуваме во унапредувањето на иднината на градовите внатре во европското семејство. Имаме силна волја и капацитет да го зацврстиме нашето пријателство. Заедно можеме повеќе и заедно ќе стигнеме побрзо до нашата цел […]

Рохо во Манчестер Јунајтед до 2021 година


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо го продолжи договорот до 2021 година, објави клубот од „Олд Трафорд“. Аргентинецот, кој е надвор од теренот поради повреда повеќе од еден месец, има можност да остане една сезона по истекот на актуелниот договор со Манчестер. Овој 27-годишен дефанзивец, три и пол години е член на клубот „Олд Трафорд“ […]

„Катимерини“: Постигнат е договор за името, опсегот на употреба и акронимите


Во три поглавја, за името, опсегот на употреба и акронимите, според грчки „Катимерини“, постигнат е договор меѓу Скопје и Атина. Весникот коментира дека преговорите се претвораат во нерешлива загатка и покрај почетниот зголемен оптимизам од Атина, јавува дописникот на МИА од Атина. Грчката влада, како што пишува „Катимерини“, сега се соочува и со опозициската Нова […]

Градоначалникот на Дебар купил џип вреден 50.000 евра


Старо-новото раководство на Општина Дебар, после само 100 дена откако повторно е на власт, се поднови со ново службено возило вредно речиси 50.000 евра. Станува збор за џип “Volkswagen Tiguan“ 2.0 TDI 150 KS. Ќе го отплаќа на 5 години. Општината го купила возилото од Друштво за лизинг „Порше лизинг“ дооел Скопје, со кое купопродажниот […]

Анѓушев: Фени е на добар пат да се рестартира


Комбинатот Фени е на добар пат да се да се рестартира, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев. Вчерашното решение на Одборот на доверители да поддржи две иницијативи за реструктуирање на комбинатот, потенцираше Анѓушев, значи дека не оди во ликвидација, туку во реструктуирање. – Планот за реструктуирање ќе покажа дали сите доверители ќе ги добијат побарувањата во […]

Азески предлага договор за одбегнување на двојното оданочување со Грција


Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, испрати писмо до претседателот на Унијата на Грчките трговско-индустриски комори, Константинос Михало, во кое предлага повторно да бидат интензивирани активностите за склучување на Договор за одбегнување на двојното оданочување меѓу Македонија и Грција. – Економијата е таа која секогаш прва гради мостови помеѓу државите, примерот за Македонија […]

Иванов не е информиран за каков било постигнат договор меѓу Заев и Ципрас


Претседателот Ѓорге Иванов не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер од нивната средба во Давос, на кој договор се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, информираат од Кабинетот на Иванов. На информативната средба одржана во Клубот на пратеници на 27 јануари 2018 година, […]

Ахмети за „Катимерини“: Решение на името според моделот на Договорот со Бугарија


Според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади, а потоа ратификација во двете собранија, да се затвори прашањето за името, предлага лидерот на ДУИ во интервју за „Катимерини“. Тој, вели дека подобро време за договор од сега не постои и објаснува дека владата ќе преговара за да се постигне договор, […]

Владата даде согласност за договорот за државната помош на „Чагатај кабло“


Владата на вчерашната седница донесе одлука за давање согласност на договорот за доделување на државна помош во облик на даночни олеснувања на турската компанија „Чагатај Кабло”, која во 2017 година започна со изградба на нивниот објект во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик). По донесената одлука ќе се пристапи кон склучување на договорот во наредниот период. Оваа […]

И Бугарија го одобри договорот со Македонија


Прламентот на Бугарија едногласно го ратификуваше договорот за добрососедски односи со Македонија. На одобрувањето на договорот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев. Договорот најпрво го подржаа 182 пратеници, а на второто гласање бројката нарасна до 186. Договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и […]

Бојко Борисов: Сите земји да потпишуваат договори за пријателство наместо да водат војни


Се надевам дека сите земји, во еден момент, ќе потпишат такви договори за пријателство, а не да водат војна, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод ратификувањето на Договорот за пријателство со Бугарија во македонскиот Парламент. Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева рече дека на Балканот сме покажале оти кога сме добронамерни и […]

Бугарско МНР: Ратификацијата на Договорот потврда за волјата за градење добрососедски односи


Министерството за надворешни работи на Република Бугарија ја поздрави одлуката на Парламентот на Република Македонија да го ратификува Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. – Со овој акт се потврдува волјата за градење добрососедски односи кои се важен елемент од европската перспектива на секоја држава на Западен Балкан. Република Бугарија ќе продолжи […]

Договорот со Бугарија ќе се ратификува на 15 јануари


Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде на дневен ред на 30. собраниската седница, закажана за 15 јануари. Предлогот кон крајот на минатиот месец помина на Комисијата за надворешна политика. Договорот, како што објави МИА, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна […]

„Газета дело Спорт“: Бонучи размислува да го напушти Милан


Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи може да го напушти клубот уште оваа зима или пак во текот на летото, информира „Газета дело Спорт”. Одбранбениот играч се приклучи на „росонерите“ во текот на летото, по сензационалниот трансфер од Јувентус. Работите сепак не тргнаа според очекувањата и во моментов миланскиот гигант е на 14 бода од екипите […]