Договорот се потпишува на роденденот на Нимиц


На Метју Нимиц, посредникот во спорот за името, денес му е роденден. Според неговата биографија, Нимиц е роден на 17 јуни 1939 година во Бруклин. Тој денеска полни 79 години. Случајно или не, договорот се потпишува токму на роденденот на дипломатот кој 24 години од својата кариера посвети на изнаоѓање решение на спорот за името […]

Бошњаковски: Историски ден и за Европа


Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА. – Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го […]

Нашата делегација тргна со чамец кон Псарадес


Македонската делегација што ќе учествува на потпишувањето на договорот за промена на името со Грција, во местото Псарадес само што тргна со чамец (9.30 часот по македонско време) од Отешево. Во делегацијата, покрај премиерот Зоран Заев се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Оливер Спасовски. Месноста во Мала Преспа е под силно полициско обезбедување. […]

Отешево „оживеа“ во пресрет на церемонијата за името


Мошне раздвижено е овие два дена во Отешево, на македонскиот дел од Преспа, каде што утре околу пладне  ќе продолжи церемонијата околу потпишувањето на договорот за името. Премиерите на Македонија и на Грција, според информациите,  утре ќе пристигнат со чамец  во Отешево од грчкиот дел на Преспа, каде што претходно ќе биде потпишан договорот со […]

Захариева: Правиме се Македонија да започне преговори за членство во ЕУ


Договорите меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција се многу важни и сметам дека новиот со Грција нема да се одрази на нашиот, рече министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева одговарајќи на прашање на МИА како потпишувањето на доворот меѓу Македонија и Грција ќе се одрази на веќе потпишаниот договор меѓу […]

Владата го објави договорот со Грција


Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста. Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата. – Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор […]

Иванов му затвори врата на Заев! Ќе го затвори ли и името во фиока?


Ги прими во претседателската резиденција и потоа нервозно си замина… Ваков нов скандал приреди вчера претпладне претседателот Ѓорге Иванов кога во неговиот кабинет пристигнаа премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров за да го информираат за деталите од договорот со грчката влада за надминување на спорот за името. Претходно, Иванов бараше да биде […]

Анализа: Грчките партии за договорот меѓу Македонија и Грција


Постоењето македонски јазик и македонска националност во договорот меѓу Македонија и Грција се главните забелешки од грчките опозициски партии кај јужниот сосед, откако беше постигнато решение меѓу двете земји. Како што јави дописничката на МИА од Атина, коментарите од опозициските партии во Грција се негативни, според досегашните јавни настапи, изјави и соопштенија и веројатно е […]

Ципрас: Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци


Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ. – Овој договор тоа што го прави е да не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не […]

Муслиу потпиша двегодишен договор со Шкендија


Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу и официјално е член на новиот шампион Шкендија. Муслиу изминатите шест месеци во Шкендија настапуваше како позајмен играч од косовскиот клуб Приштина. Тетовскиот клуб објави дека го откупила договорот и потпиша двегодишен договор со репрезентативниот дефанзивец. Муслиу од Вардар замина во Приштина, а оттаму во Шкендија каде оваа сезона имаше 15 […]

Борис Џонсон: Договорот за името е фантастична вест


Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името. – Фантастична вест е дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за прашањето за името. За ова е потребно лидерство и политичка храброст. Ги охрабрувам сите политички […]

САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името


САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името, пренесува “Глас на Америка” “САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Договорот ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и […]

Туск го поздрави постигнатиот договор за спорот за името


Претседателот на Европскиот совет Доланд Туск им честиташе на „Твитер“ на премиерите на Македонија и на Грција за постигнатиот договор. –  Ви благодарам што невозможното го направвите возможно, напиша Туск на „Твитер“.

Ципрас: Постигнавме историски договор


Атина и Скопје постигнаа историски договор за решавање на дводеценискиот спор околу името, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас. – Носам добри вести. Пред малку стигнавме до договор со премиерот на поранешната југословенска Република Македонија, му рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на претседателот Прокопис Павлопулос на почетокот на нивната средба во претседателската палата за да […]

Рома постигна договор со Ајакс за Џастин Клајверт


Фудбалскиот клуб Рома постигна договор со холандски Ајакс за трансферот на фудбалерот Џастин Клајверт, објавија италијанските медиуми. Рома ќе му плати 18 милиони евра на Ајакс за неговиот трансфер, а 19-годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот клуб. Клајверт имаше одлична сезона, при што одигра 44 натпревари на кои постигна 12 голови и девет […]

МНР: Квалитетот на договорот за името е поважен од роковите


Не треба да се брза со текстот на договорот за името, бидејќи квалитетот нарешението е поважен од тоа во кој рок ќе финишира процесот. Со ваков став излезе предмалку македонското Министерство за надворешни работи. Оттаму нагласуваат дека ова е деликатен момент во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и Грција,кои постигнале добри […]

Грчката влада очекува од Заев да го направи решавачкиот чекор за името


“Грчката влада очекува од господинот Заев да го направи решавачкиот чекор кон постигнување на договор за името, топката е на нивниот терен“, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. Во интервју за грчката телевизија “Контра”, Ѕанакопулос  рече дека не може да предвиди кога премиерите на Грција и на Македонија Алексис Ципрас […]

Скопје и Атина се оддалечуваат од брз договор за името


Македонија и Грција се оддалечуват од можноста за договор за името во наредните денови, дознава „Независен весник“ од владини извори од Атина. Иако македонскиот премиер Зоран Заев го определи денешниот ден како последен за неговиот клучен разговор со грчкиот колега Алексис Ципрас, владини извори велат дека најверојатно и таа комуникација нема да се реализира во […]

Реал потпиша договор со 18-годишен бразилски напаѓач


Европскиот фудбалски шампион Реал во своите редови го донесе напаѓач Родриго Родригез. 18-годишниот Бразилец на својот Инстаграм профил објави дека следните шест години ќе биде дел од „кралскиот клуб“. -Ми се оствари сонот да бидам дел од најдобриот клуб во светот. Сигурен сум дека тоа е најдобро место за напредок. Се надевам дека ќе им […]

Катругалос: За договор е потребна смела одлука од Заев


За уставни промени и ерга омнес решение потребна е смела одлука од премиерот Заев за да има договор, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Њуз247“ – Всушност, во овој момент тежината за постигнување договор е навистина кај другата страна. Потребна е смела одлука од страна на […]