Заев за АНА-МПА: Решение што ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни


Градењето заемна доверба и гаранцијата дека решението ќе биде конечно и ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни, се најважните делови од преговарачкиот процес, вели македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Заев истакнал дека Скопје нема иредентистички аспирации и според државната агенција, додал дека „Алексис Ципрас е искрен […]

Грчкиот парламент решава за вмешаните политичари во аферата „Новартис“


Парламентот во Атина, по предлог од грчката влада, денеска расправа за формирање прелиминарна предистражна комисија за десеттемина политичари, кои се вмешани во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“. Владејачкото мнозинство предложи да се формира специјална парламентарна комисија која ќе ја истражи надлежноста на парламентот, за тоа дали да ги гони или не политичарите за мито, корупција […]

Албанските аналитичари:Рама повеќе да работи, помалку да зборува


Изјавата на Еди Рама дека Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика и претседател покрена реакции во Македонија, Србија, Грција и во Брисел Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, во косовскиот законодавен дом дека во иднина Косово и Албанија можно е да имаат еден заеднички претседател предизвика политички земјотрес на Балканот. Со […]

Заев за ОРФ: Македонија се надева на решение со Грција до јули


Македонија се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за австриската радиостаница ОРФ, што го пренесува Ројтерс. – Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули, рече Заев. […]

Грчка Алфа ТВ: Коѕијас во следните денови ќе го посети Скопје


Шефот на грчката дипломатија во следните денови доаѓа во Скопје, објави грчката телевизија Алфа. Во прилогот емитуван во централното издание на вестите, новинарката повикувајќи се на свои извори вели дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна. – Според информациите на […]

Македонски државјанин уапсен во Грција поради пренесување мигранти


Грчката полиција во регионот на Дојран, уапси 55-годишен македонски државјанин, бидејќи во приколката од неговиот камион биле пронајдени 11 нелегални мигранти, кои требало нелегално да ги изнесе од Грција. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од истрагата на полицијата произлегло дека мигрантите во Грција влегле преку нелегален премин на грчко – турската граница. Каминот бил запленет, […]

Хан „сосема сигурен“ дека спорот за името ќе се реши до јули


Европската унија е „сосема сигурна“ дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули, изјави денеска во Софија еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан. Прашан дали спорот ќе биде решен до крајот на бугарското претседателство, што истекува во јуни, Хан одговори дека е „сосема сигурен во тоа“. Тој денеска […]

Грците ќе можат да вадат по 2.300 евра месечно од банка


Грција се очекува да пристапи кон постпено олабавување на капиталните ограничувања и да ја крене горната граница за повлекување пари од 1.800 на 2.300 евра месечно. Уредбата за ова олабавување е подготвена и треба да биде потпишана од министерот за финансии и објавена во Државниот весник. Се очекува тоа да се случи во наредните денови. […]

Коѕијас: Преферирам име на словенски, без превод, со географска одредница


Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а некако географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална одредница. Моја желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија, вели Никос Коѕијас, а доколку тој би бил кум на земјата, немало да […]

Грујевски и Бошковски пред Врховниот суд во Атина


Поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, денеска во 9:30 треба да бидат на рочиште во Врховниот суд во Атина, каде ќе се одлучува по нивната жалба за одлуката за екстрадиција на судот во Солун, јави дописникот на МИА од Атина. Сослушување на Грујевски и Бошкоски пред Комитетот за азил во […]

Ципрас: Грција нема да прифати предизвик кон нејзиниот територијален интегритет


Грција нема да толерира никакви предизвици кон нејзиниот територијален интегритет, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас. Изјавата на Ципрас следи по инцидентот од понеделникот кога се судрија грчки и турски брод крај осторовот Имија/Кардак во Егејското Море, за чиј суверените спорат Атина и Анкара. – Нашата порака е јасна. Грција нема да доволи, прифати или […]

Московиси: На Грција нема да и треба ниту нова спасувачка програма


Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси смета дека Грција нема да има потреба од нова спасувачка програма, ниту од кредитна линија за претпазливост по завршетокот на актуелната програма, чиј рок истекува во август годинава. Во интервју за „ЕурАктив“, Московиси се изјасни против секакви дополнителни финансиски инјекции, откако Грција ќе ја заврши сегашната програма, […]

Грција бара од Албанија бришење на поимот „Чамерија“ од учебниците


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас на седница на грчкиот парламент побара Албанија да ги „прочисти“ на учебниците од прашањето за Чамите. Коѕиас изјави дека во текот на разговорите на заедничката експертска комисија, грчката страна јасно им ставила до знаење на албанските претставници дека термините „албански територии во Грција“ и поимот „Чамерија“ за дел од […]

Грчката позиција се појасна – ерга омнес и промена на Уставот


Сложено име за внатрешна и надворешна употреба и промена на македонскиот Устав е позицијата, која се погласно се споменува од грчката страна во преговорите за името со Македонија, кои и натаму се во фокусот на грчките медиуми. Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ја повтори грчката позиција – сложено име, кое ќе важи за сите […]

Бутарис: Не предложив да се смени името на аеродромот, спиев и ме збунија


Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во изјава за медиумите, по реакциите што ги предизвика, говорејќи синоќа на состанокот на општинскиот совет и утрово за грчката телевизија Скај. Бутарис, изрази жалење што, како што рече бил изваден и објавен само еден […]

Грција продава пет отсто од акциите во телекомуникацискиот гигант ОТЕ


Грчката Влада понуди на продажба пет проценти од државните акции во телекомуникациска компанија ОТЕ. Продажбата на државниот имот е една од обврските што Грција ги презеде пред европските и меѓународните кредитори, со цел да ги добие потребните пакети финансиска помош. Понудите треба да бидат доставени до 15 март. Оваа продажба е дел од третата програма […]

Пангалос: Мртов Турчин е добар Турчин


Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос во радиоинтервју ја употреби фразата „Единствениот добар Турчин е мртов Турчин“, објави онлајн-изданието „Екатимерини“. Во интервју за радиото Скај, Пангалос нагласи дека Грција се „соочува“ со голем проблем со Турција. – Непријателот е немилосрден и нема да биде надминат, без разлика на тоа колку добра волја ќе […]

„Си рековме: По смртта пепелта да ни биде расфрлена на врв“


Првичниот шок и неверување по дознавањето на веста за смртта на двајцата млади планинари на планината Ниџе, ги замени тага и очај. Семејствата, другарите, пријателите, познаниците, но и луѓе што никогаш не ги сретнале во животот, се простуваат со Калина Велевска (27) и со Александар Миновски (31), кои во саботата вечерта се искачија, но никогаш […]

Ердоган го поддржува процесот за решавање на спорот со Грција


Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев,за време на  неговата посета во Турција, попладнево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. -Ердоган даде поддршка на добрососедските политики што ги води Македонија, и го поддржа процесот за решавање на спорот со Грција и оцени дека е тоа добро за Балканот и за евро-атлантските перспективи на […]

Ставрос Теодоракис: Прифаќаме име Горна Македонија, без превод


Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, под слоганот „Времињата бараат храброст и одговорност“, Теодоракис, пред членовите на највисокиот орган на движењето, говореше за последните случувања во Грција, меѓу […]