Одобрени 5,7 милијарди евра кредитна помош на Грција


Грција денеска соопшти дека добила одобрение од меѓународните кредитори за нова и последна транша кредитна помош од 5,7 милијарди евра во рамките на програмата која формално ќе биде завршена во август. Префрлањето на 5,7 милијарди евра ќе биде извршено до средината на март. Тоа треба да го одобрат парламентите на држави, кај кои е потребна […]

Ѕанакопулос: Сложено име за севкупна употреба, рамка за решение


Врз основа на сложено ерга омнес име, може да се најде достоинствено, заемно прифатливо и одржливо решение на прашањето за името, а потребна е волја и од двете страни, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос. На денешниот редовен брифинг со новинарите, Ѕанакопулос уште еднаш ги повтори грчките позиции во разговорите за името. – Од […]

Грчкиот Парламент усвои Закон за медицински канабис


Со поддршка од владината коалиција и левоцентристичките партии Река и Демократска коалиција, грчкиот Парламент со големо мнозинство го усвои Законот за производство на медицински канабис. Против Законот гласаа пратениците на Нова демократија, Комунистичката партија, Златна зора и Сојузот на центристите. Опозициската Нова демократија соопшти дека не се сомневаат во тоа дека е корисна употребата на […]

Грците му се лути на Јункер дека нè нарекол Македонија


„Оган врз црвените линии на Грција од Јункер: повторно говореше за Македонија“, „Јункер ПЈРМ ја нарече Македонија“, „Јункер: Македонците напредуваат, терминот ПЈРМ е бирократија“, „Нова грешка на Јункер, говореше за Македонија и Македонци“, „Провокација од Јункер“, се само дел од насловите во грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА за вчерашното […]

Реконструкција во грчката влада по оставките на министерот за економија и неговата сопруга


Грчкиот премиер направи промени на шест министерски позиции во мини реконструкција што се најавуваше откако поднесоа оставки министерот за економија и неговата сопруга, заменичката министерка за труд. Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ги објави имињата на новите министри и заменици во Министерствата за економија, миграциска политика, одбрана, труд, образование и култура. На испразнетото место […]

Бакојани: Пакет решение за името, а не решение на делови


Ставот на опозициската Нова демократија дека спорот со името не може да се решава во делови, туку само со едно пакет решение, уште еднаш го повтори поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник Дора Бакојани. Во исто време, упати критики до грчката влада, за начинот на кој ги води преговорите. – Владата […]

„То Вима“: Мали очекувања за решавање на името


Да бидеме внимателни во очекувањата за прашањето за името со Скопје, рекле за „То Вима“ кругови од грчката дипломатија, поткрепувајќи го ова со ставот дека разликите меѓу двете страни, за одредени точки сѐ уште се големи. Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот, во текстот под наслов „Мали очекувања за решавање на името […]

Заев: Не прифаќам име без превод


Премиерот Зоран Заев не прифаќа име на државата без превод и менување на македонскиот Устав. Ваквиот став тој го изнел во интервјуто за германскиот магазин „Шпигел“. „Не можам да препознаам разумни аргументи за такво нешто. Како тоа практично би изгледало, да не се преведува нашето име? Дали треба да ги натераме канцеларката Меркел и претседателот […]

Грчка заменичка министерка поднесе оставка поради надомест за стан


Грчкиот министер за економија, Димитрис Пападимитриу и неговата сопруга Ранија Антонопулу,  заменичка на грчкиот министер за труд, поднесоа оставка откако се дозна дека таа барала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците во годишниот извештај дека поседува половина милиона долари. Антонопулу во изминатите две години од Владата примила помош од 23.000 евра […]

Скопје и Атина се позиционираат за името


Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, поради тоа нема потреба да се смени, порача вчера премиерот Зоран Заев во интервју за Еуроњуз. Тој смета дека доволна е ревизијата на Уставот од 1993 година која се направи поради чувствата на, како што рече, нашите пријатели Грците и за да се чувствуваат поудобно […]

Заев за Еуроњуз: Нема потреба да се промени Уставот (ВИДЕО)


Нема потреба да се смени Уставот. Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Еуроњуз, јави дописникот на МИА од Атина. – Направивме ревизија на нашиот Устав во 1993 година поради чувствата на нашите пријатели Грците. Сакаа да бидат повеќе покриени, да се чувствуваат поудобно […]

„Катимерини“: Седум точки во предлог договорот


Името, спектарот на употреба, јазикот, идентитетот, трговските употреби, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи грчкиот предлог на нацрт спогодбата, според весникот „Катимерини“. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, овие впрочем се и точките што самиот Коѕијас ги спомена, во интервјуто за државната ТВ ЕРТ, минатиот месец, кога за прв пат […]

„Та неа“:  Атина преферира име на македонски, непреведено и слеано


Атина преферира новото име да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор, објавува весникот „Та неа“ во денешната анализа за нацрт спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија. Документот изготвен на 20 страници, според весникот, Коѕијас на Ципрас му го доставил минатиот вторник пред патувањето на грчкиот премиер за […]

Прво нацрт спогодбата ќе стигне во Македонија, а потоа Коѕијас


Нацрт-спогодбата е подготвена, доставена е од грчкото МНР до грчката Влада и веројатно прво ќе биде испратена до Македонија, а потоа шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе допатува во Скопје. Министерот за надворешни работи на Грција, говорејќи утрово за првата програма на грчкото државно радио, откри дека грчкиот предлог е завршен и оти според […]

ЕУ притиска за компромис со Грција


Преговорите за проблемот што го има Грција со нашето уставно име влегуваат во нова фаза во која Европската унија притиска на компромис. Токму прашањето за името и заклучоците од посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин беа во фокусот на вчерашната кратка средба во Брисел меѓу германската кацеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис […]

Шекеринска: Не сме при крај со спорот за името


Не сме влезени во финалната фаза на решавање на проблемот со името, порача синоќа вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. – Сметаме дека е прерано да ги соопштиме деталите, бидејќи тоа ги намалува шансите за решавање на проблемот. Треба да работиме трпеливо и се надевам дека тоа ќе донесе резултат, рече Шекеринска во интервју […]

Грција ја поддржува Македонија да стане членка во Јадранско -јонската иницијатива


Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, со допис до надлежните европски комесари, соопшти дека Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско –јонската иницијатива. – Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, со допис до надлежните комесари за проширување, Јоханес Хан и за регионална политика, Корина Крецу, ја објави намерата на Грција да […]

Хан: ЕК ќе препорача почеток на преговорите со Македонија


Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан,  изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. – Европската комисија наскоро ќе препорача најверојатно до крајот на летото земјите членки да започнат пристапни преговори со Албанија и со Поранешна југословенска Република Македонија. Веруваме дека двете земји […]

Рот до Македонија и Грција: Не ставајте црвени линии, решете го спорот


Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот им порача на Македонија и Грција да не поставуваат црвени линии и да направат се за да го решат спорот околу името, предупредувајќи на ризикот од испуштање на моменталната шанса. „Мошне сум задоволен од гестовите во рамки на мерките за градење доверба кон земјата, […]

Меркел го охрабри Заев да направи болен компрoмис


Германската канцеларка Ангела Меркел го охрабри премиерот Зоран Заев да го реши спорот за името со Грција, порачувајќи му дека компромисите некогаш се болни, но мора да се направат. Дали Меркел понудила помош или идеја за решение не беше јасно од информациите што беа достапни јавно вчера, по средбата, но таа јасно порача дека нема […]