Град Скопје објави оглас за субвенции за печки на пелети


Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, […]

Зеленилото во Ново Лисиче се поднови со јапонски цреши и украсно јаболко


Реонски центар Аеродром, поточно зеленилото долж булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче од денеска е разубавено со 45 листопадни дрвја, како дел од пролетната акција на Град Скопје за зазеленување на градот. Претходно посочениот реон од 2.410 квадрати беше комплетно реконструиран. Поставена е нова хидрантска мрежа во должина од 230 метри и нов систем […]

Град Скопје ќе му ја земе топлификациската мрежа на БЕГ


Град Скопје ќе ја преземе дистрибуцијата на топлинската енергија од „Балкан енерџи груп“(БЕГ) бидејќи договорот на оваа компанија е спротивен на Законот за енергетика, најави градоначалникот Петре Шилегов . Според него, со одлука што треба да ја донесе Владата од есенва Град Скопје ќе стане сопственик на топлификациската мрежа, при што ќе се создаде тарифен […]

В недела ќе се одржи „Априлијада“ на скопски плоштад


Во недела на скопскиот плоштад традиционално ќе се одржи „Априлијада-Скопје се смее“, по повод 1 април, Денот на шегата. Организаторите, Детски културен центар Карпош и Град Скопје ги повикуваат сите родители да ги донесат маскирани децата во период од 11 до 13 часот за кога е предвидена и забавна програма. Присутните ќе ги забавува секцијата […]

Градски парк ќе добие нови 200 дрвца, а ќе се поднови и тревата стара 40 години


Повеќе од 200 дрвца, нова хидранстка мрежа и клупи и корпи ќе се постават во првиот дел од Градскиот парк. На терен веќе се вршат активностите за разубавување на тој дел од паркот. Притоа, ќе бидат реконструирани и тревните површини во близина на езерцето. Градоначалникот Петре Шилегов денеска беше на терен да направи увид во акцијата. […]

Кликнете за да влезете во виртуелна тура низ илегалната оружарница од НОВ


Град Скопје подготви виртуелна тура низ „Меморијалниот музеј на илегалната работилница за изработка на оружје во Скопје од НОВ (1941-1944)“, кој беше повторно отворен неодамна. Со возобновувањето на Музејот, Музејот на град Скопје го доби својот втор депанданс во стариот дел на градот, кој е единствен од ваков вид во Република Македонија и ја збогатува со уште една […]

Цела година дотурот на стока во Центар нема да смее да се врши од 7.30 до 18 часот


Дотурот на стока во центарот на Скопје и понатаму ќе биде забрането да се врши во период од 7.30 до 18 часот и тоа до крајот на годинава, одлучи Советот на Град Скопје. Практично, Советот ја продолжи важноста на одлуката која стартуваше на почеток на годинава како една од мерките против загадувањето. Одлуката се однесува […]

Шилегов ќе вработи 8 свои помошници и 60 пожарникари


Градоначалникот Петре Шилегов ќе вработи осум лица во неговиот тим, ова го предвидува програмата за вработувања во 2018 и 2019 година за која утре треба да расправа Советот на Град Скопје. Програмите предвидуваат да се вработат вкупно 133 нови лица, од кои 60 ќе бидат пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита, а останатите административци. Всушност, […]

Пријавете дива депонија, градските власти ќе дојдат да ја исчистат


Градските власти од денеска па во наредниот период ќе чистат диви депонии по пријава на граѓани. Секој оној што ќе забележи исфрлани купишта ѓубре на тротоар, зелена површина и слично, може да побара интервенција од Град Скопје. Дивите депонии можат да се пријавуваат на бројот 070 270 557 на кој преку апликацијата „вибер“ треба да […]

Димитровски: Старите дизел-возила најголем загадувач


Емисијата на издувни гасови од возилата влијае врз квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје. Како една од долгорочните мерки во борбата против аерозагадувањето Градот, заедно со МВР, најавија законски измени со кои при техничкиот преглед на возилата секое возило ќе може еколошки да се мапира и ќе добие налепница. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во ноември […]

Привршува реконструкцијата на коловозот кај „Симпо“


По налог на Град Скопје, денеска на булевар „Партизански одреди“ на потегот меѓу „Рузвелтова“ и „8-ми Септември“ се изведуваат завршни работи за реконструкција на коловозот и приодите. Од Градот велат дека наскоро потоплите температури ќе дозволат поставување и на завршниот слој на асфалтот.

Изложби и документарци во „Вечери на Женски права“


И годинава со голем број на проекции, изложби и дебати ќе се одржи деветтото издание на манифестацијата „Вечери на Женски права”. Големиот број на настани во рамки на овогодишното издание на „Вечери на Женски права” ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот во кино Фросина со отворање на изложбата „Признаените […]

Град Скопје ќе ги урива и Пере Тошев, генерал Михајло Апостолски и уште два споменика


Денови се одбројуваат до отстранувањето на уште четири споменици донирани од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Неофицијално, ќе се уриваат спомениците на Пере Тошев, Никола Русински, на првиот генерал на македонската војска, Михајло Апостолски и споменикот на Света Лидија Македонска. И посочените споменици ќе се отстранат поради истите причини […]

Двесте деловни објекти куртулиле казни заради снегот


Градските власти информираат дека во текот на изминатите два дена испратиле 200 опомени до правни лица да го исчистат снегот пред своите деловни објекти. „До денеска, сите правни лица што беа опоменати, ги исчистиле јавните површни до своите пристапи без притоа да бидат казнети“, информираат од Град Скопје. Законот за јавна чистота предвидува глоба во […]

Делегација на Град Скопје му оддаде почит на Борис Трајковски


По повод одбележувањето на 14 години од смртта на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, делегација на Град Скопје, положи цвеќе на неговиот гроб во Алејата на Великаните на градските гробишта Бутел. Делегацијата на Град Скопје, беше составена од Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, советникот на градоначалникот, Азиз Максутовиќ и членот […]

Град Скопје: Исчистени се сите булевари и градски улици


Градските власти велат дека зимската служба излегла на терен веднаш по паѓањето на првиот снег. Службата ги исчистила сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол биле поминати и т.н. „критични точки“. Зимската служба работи со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 19 разновидни возила и […]

На местото на Ќосето ќе биде засадено дрво на човековите права


На местото на споменикот од Андон Ќосето ќе биде засадено гинко – дрво на човековите права, информираше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – На дрвото ќе се постави плочка на која ќе биде изгравиран членот 10 од декларацијата за човекови права – рече тој и додаде дека споменикот на Ќосето, кој беше отстранет доцна синоќа, […]

Град Скопје го тргна Ќосето од пред судот (Видео)


Oтстранет е споменикот на Ќосето од тревникот на крстосницата кај Врховниот суд во Скопје. Споменикот е однесен во магацините на Металски завод Тито. Налогот за негово отстранување го издал градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување. Споменикот  со кама в рака на Андон Јанев-Ќосето, контроверзен […]

И за Универзална сала ќе се бара нов проект


Не е исклучена можноста Град Скопје да прави нов проект за Универзална сала, и покрај тоа што претходната градска власт остави проект во наследство. Сегашното раководство размислува за дополнителни содржини на објектот, па од тие причини не би ја реализирале наследената замисла за изгледот на концертната сала. Во меѓувреме, Град Скопје има судски спор околу […]

Стационарот Вардариште е дивоградба, затоа доцни реконструкцијата


Градските власти сѐ уште не почнале да го реконструираат стационарот Вардариште оти објектот бил дивоградба. Вака денеска пред Советот на Град Скопје се правдаше градоначалникот Петре Шилегов на обвинувањата на опозицијата дека и покрај ветувањата, откако е дојден на власт, не мрднал со прст да го реши проблемот со уличните кучиња. Шилегов истакна дека бил […]