Од април низ Скопје ќе вози електричен автобус


Градот Скопје денеска потпиша договор со компанијата Chariot Motors за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци. Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар „Јане Сандански“, булевар “Кочо Рацин“, […]

По 50 евра за најуспешните спортисти, ученички и ученици


Град Скопје ќе стипендира 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици со по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година, најави вчера градоначалникот Петре Шилегов на отварањето на спортските училишни лиги. Пред учесниците на средношколскиот спорт, Шилегов апелираше тие и натаму да продолжат да спортуваат, да се натпреваруваат и да постигнуваат […]

Град Скопје се откажа од пајтонот


Градските власти потврудваат дека го прекинуваат проектот „Пајтон“. Причината е немањето интерес кај граѓаните наспроти големите трошоци за негово одржување. Дали кочијата и коњите ќе се продадат, или пак ќе се најде друго решение за нив, надлежните наскоро треба да донесат конечна одлука. „Луксузот т.н. кочија чинел 100.000 евра, а речиси немало никаков интерес од […]

Со црвени корпи ќе се подобрува јавната хигиена


Клупите и корпите за отпадоци што во иднина ќе се поставуваат низ градов нема да бидат стилски, како што практикуваше претходната градска власт. Новата урбана опрема што ќе се монтира ќе биде модерна, креативна, замисла на сите заинтересирани креативци. Корпите ќе бидат црвени или, пак, на нив ќе доминира таа боја, оти така ќе биле […]

Со парите за Нова Година, Град Скопје донираше апарати во Детската болница „Козле“


Дванаесетканален апарат ЕКГ, монитори за контрола на одредени параметри за следење на состојбата на тешко болните деца и перфузор за давање прецизна терапија доби денеска Детската болница Козле. Медицинските апарати се во вредност од 10 илјади евра и се донација реализирана со пренамена на средства на „Македонски Телеком“ и на Град Скопје планирани за пречекот […]

„Генералка“ во Карпош


На подрачје на општина Карпош се спроведува голема еколошка акција за чистење на зеленилото на јавните површини меѓу зградите, т.н блоковско зеленило. Комуналните служби на Општината, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ во наредните денови интензивно ќе го чистат отпадот низ населбите. Денеска, на вториот ден од оваа целонеделна еко – акција во Карпош, […]

Ако ве касне куче скитник, ви следува оштета од Град Скопје


Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена“. На адреса на градските власти за последниве две години по основ надомест на штета поради каснување од куче има поднесено 68 тужби. Висината на оштетата се движи меѓу 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на […]

Град Скопје: Истражувањето на јавното мислење не е за рејтингот на Шилегов


Градот Скопје ги демантира наводите објавени во одредени медиуми дека јавната набавка „Анкети за истражување на јавно мислење“ објавена вчера (07.02.2018 година, среда) се однесува за мерење на рејтингот на Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Сакаме да нагласиме дека јавната набавка „Анкети за истражување на јавно мислење“ не се однесува на мерење на рејтингот […]

Пожар синоќа на Клиниката за уво, нос и грло


На Клиниката за уво, нос и грло во комплексот клиники „Мајка Тереза“ доцна синоќа околу 22 часот избувнал пожар, јавува МИА. Пожарот бил предизвикан од болјер во бања, а интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со пет пожарникари и две возила.

Водата во Скопје нема да поскапи


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека водата во главниот град нема да поскапи и дека тоа нема да се случи се додека тој ја извршува функцијата градоначалник. – Додека сум јас градоналчалник водата нема да поскапи поради политички одлуки на партизирани институции од минатото раководство. Ние со макотрпно раобтење ќе ги сервисираме потребите […]

Град Скопје ќе гради паркинзи за граѓаните од внатрешноста


Градот Скопје не предвидува забрана за влез на возила во Скопје кои доаѓаат од внатрешноста на државата. Тоа никогаш ниту било предвидено ниту предвидуваме да забраниме влез на возила во Скопје од другите градови, вели градоначалникот Петре Шилегов. Тој денеска на прес-конференција на новинарско прашање ги отфрли ваквите пишувања на некои портали како дезинформации и […]

Скопје се гуши, градските автобуси се бесплатни


Воздухот во Скопје и изутринава е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 313 микрограми на метар кубен, кај Ректорат се измерени 182, во Гази Баба 159, во Центар 110 и во Карпош 96 микрограми. По добиените информации дека квалитетот на воздухот во Скопје последователно два дена е загаден над […]

Бесплатен градски превоз – мерката стапува во сила веднаш


Град Скопје воведе бесплатен градски превоз за скопјани поради загадениот воздух. Мерката ја објави градоначалникот, Петре Шилегов, кој истакна дека стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници. – Оваа мерка ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидеме известени од […]

Ќе има казни за палење бадникарски огнови


Палењето огнови на отворено, па макар и за бадник е строго забрането и е казниво според законот, предупредуваат градските власти. Во дописот испратен до „Независен весник“, се апелира кон воздржување, бидејќи директно влијае врз нашето здравје. „Една од првите мерки на Град Скопје и градоначалникот Шилегов за справување со големите загадувања на воздухот во градот […]

Нова година доаѓа, никому не му се слави


Сивило и магла се единствените нешта што деновиве ќе ги забележите доколку прошетате низ скопските улици. На две и пол недели пред пристигнувањето на Новата година нема никаква најава за празнична атмосфера. Нема светилки и украси, нема новогодишна елка, ги нема ниту кичестите предмети што го грдеа градот, но даваа на знаење дека се ближи […]

Утрово на скопските улици фрлени 30 тони сол


Од Град Скопје велат дека се подготвени за одржување на магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови. „Утрово беа регистрирани првите врнежи на снег оваа сезона по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност […]

Казнети седум граѓани со 45 евра затоа што денеска со кола тргнале на Водно


Сообраќајната полиција и денеска казнуваше граѓани кои се качуваа на Водно со возила. -Седум граѓани се казнети денеска поради непочитување на забраната за движење на возила до Средно Водно. Сообраќајната полиција и денеска ги казнуваше граѓаните кои со возила се упатуваа кон Средно Водно. Казната е 45 евра или 25 казнени бода, објави Град Скопје […]

Фатено кучето кое нападна деца во Аеродром, се бара неговиот сопственик


Кучето кое ги нападна децата синоќа во Ново Лисиче е конечно заловено и процесирано во стационарот Вардариште. Им благодариме на граѓаните за помошта“, известија од Град Скопје. Станува збор за расно куче, веројатно напуштено од својот сопственик. Според првичните сведочења на очевидци на инцидентот во кој беа повредени четири малолетни деца на возраст од 10 […]

Градоначалникот Шилегов на регионална конференција во Тирана


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов учествува на регионалната конференција што се одржува во Тирана на тема „Градови без корупција на иднината“. Како што соопштија од град Скопје, на дводневната регионална конференција, главна тема е превенцијата на корупцијата на локално ниво. Регионалната конференција, која започна вчера, е организирана од УНДП, антикорупциска мрежа на Организацијата за […]

И викендов на Водно само со автобус


Градските власти потсетуваат дека денеска и за време на викендот граѓаните ќе имаат можност со автобус да се искачат до Средно Водно и да се рекреираат на чист воздух. На располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25, кои за време на викендите и државните […]