Нови клупи и корпи за отпадоци во Градски парк


Градот Скопје постави нови клупи и корпи за отпадоци во новиот дел на Градскиот парк. Акцијата, како што најавуваат градските власти ќе продолжи и во следниот период, кога нова урбана опрема ќе се поставува на повеќе локации низ градот. Старите корпи за отпадоци кои беа тргнати од Градскиот парк, локалната самоуправа ги донираше на Клиничкиот […]

Бесплатни тезги за дивите продавачи на лубеници


Продавачите на дињи и лубеници од камиони ќе добијат бесплатни тезги на зелените пазари. Единствениот услов што треба да го исполнат е да се регистрирани земјоделци, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Градот Скопје во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат и МВР, како и со асистенција на јавното претпријатие „Улици и патишта“, минатата недела […]

Министерството за здравство спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар


Министерството за здравство соопшти дека во соработка со јавните претпријатија на Град Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“, денеска спроведе акција за чистење и разубавување на Клиничкиот центар. Дополнително, како што се наведува во соопштението, во викенд-акцијата со свои работници се приклучија и општина Карпош и општина Гази Баба. Во акцијата […]

Ѓубрето од Скопје ќе биде гориво во печките на „Усје“


Наместо на „Дрисла“, дел од отпадот од Скопје ќе завршува во печките на цементарницата „Усје“. Дрва, гранки, лисја, но и голем дел од сувиот комунален отпад, како и текстил може да се искористи како алтернативно гориво во процесот на производство на цемент. „Усје“ во моментов инвестира во постројката за согорување, во која прво гориво ќе […]

Град Скопје ќе го реконструира планинарскиот дом на Водно


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска го посети планинарскиот дом на Водно, објект што на барање на планинарите ќе биде реконструиран. „Градот Скопје на барање на планинарите одлучи да го уреди планинарскиот дом на врвот на Водно. Овој планинарски дом е викенд катче за голем број рекреативци, планинари и спортисти,  гордост на градот и едно […]

Камионот за пресадување дрвја скапува на паркинг


Камионот за пресадување дрвја веќе две години стои на паркинг бидејќи е неупотреблив во градски средини. Машината што требаше да биде спас за стотици здрави дрвја што не мора да се исечат, туку можат да се преместат на друга локација, била употребена само еднаш, за да се преместат четири дрвја од Кејот на Вардар во […]

Шилегов со ребалансот на вработените ќе им даде К-15


Ребалансот на буџетот на Градот Скопје ќе обезбеди пари за К-15, кој годинава ќе го добијат сите вработени во градската администрација и во Противпожарната бригада. Вака градоначалникот Петре Шилегов им одговори на забелешките на опозициските советници за пренамената на пари во ставката за плати во ребалансот на градската каса. „Сите вработени, вклучувајќи ги и пожарникарите, […]

Кој пие во кафеана, да си побара ваучер за такси


Гостите во скопските кафеани, кои ќе си резервираат преку ресторани.мк ќе добијат ваучер од 100 денари за такси, за да не возат дома под дејство на алкохол, најави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Градот Скопје, АМСМ и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска ја започнаа новата кампања за безбедност во сообраќајот […]

(Фото) Тргна електричниот автобус на линијата со број 15


Во наредните шест месеци електричен автобус ќе сообраќа на линијата со број 15 од Карпош до Ново Лисиче. Станиците за полнење ќе бидат поставени на последните станици на оваа линија. Целта на овој проект е да се види ефектот врз животната средина и заштедата на средства, со цел да може да се планира модернизација на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Градот Скопје да каже дали смет од депонијата во Струга ќе се носи во Дрисла


Криминалниот картел на власт го претвораат Скопје во голема депонија. Отпадот од повеќе градови од државата ќе се носи во Скопје, со што се загрозува животната средина и здравјето на Скопјани,се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Во Скопската депонија Дрисла во моментов се транспортира ѓубре од Тетово, а истото се планира и со сметот од […]

Шилегов си го бара долгот од СРЦ „Борис Трајковски“


  Градските власти се надеваат дека од годинава во касата ќе почнат да им се слеваат пари од Владата, кои таа им ги должи по основа на сопственичкиот удел на Градот во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“, кој од градска сопственост премина под државна капа. Поранешната влада му останала должна околу 4 милиони евра на Град […]

Годинава ништо од втората фаза од жичницата


Градските власти не се откажале од изградба на втората фаза од жичницата на Водно, но годинава сигурно нема да преземат никакви активности за нејзина реализација. Всушност, неизвесно е и дали таа воопшто ќе се изгради, имајќи ги во предвид дилемите со кои се соочува Град Скопје во врска со овој проект. Според градоначалникот Петре Шилегов, […]

Каминис во петок ќе дојде на гости кај Шилегов


Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис во петок ќе дојде во посета на Скопје, соопштија од Кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Ова ќе биде прва официјална посета на атинскиот градоначалник на Скопје. Практично, Каминис ќе одговори на поканата да го посети нашиот главен град, откако во февруари Шилегов ја посети Атина. Од Кабинетот на скопскиот […]

Град Скопје распиша повик за субвенции за велосипеди


Со цел да ги стимулира скопјани да користат велосипеди, Градот Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Граѓаните кои ќе купат велосипед заклучно со 31 август 2018 година, ќе им надомести 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 […]

Почнува пријавувањето за субвенции за велосипеди од Град Скопје


Од утре почнува пријавувањето за субвенции за купување велосипед што ќе ги доделува Град Скопје. Огласот за пријавување со наведените критериуми ќе биде објавен на официјалната веб страна на Град Скопје и во дневниот печат. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед по лице ќе изнесува 50 отсто од вредноста на велосипедот, но […]

Град Скопје ќе доделува по 3.000 денари месечно за спортисти-средношколци


Градските власти на 100 стипендисти – средношколци ќе доделуваат стипендија од 3.000 денари, со платен персонален данок, во тек на 8 месеци во тековната 2018 година. Јавниот повик за доделување на стипендиите е објавен денеска а ќе трае 10 дена, заклучно со 26 април. Право на добивање стипендија на овој повик имаат државјани на Република […]

Скопски саем демантира дека е банкротиран и бара трајно решение за саемски простор


Групацијата Скопски саем демантира написи во некои медиуми дека е банкротиран и оценува дека целта на таквите информации  е да се оправда најавеното уривање на саемскиот простор и деловните објекти. Во демантот наведува дека како бренд на Град Скопје постоел 67 години и ќе постои во иднина и дека ја става на располагање својата домашна и […]

Кафеанџиите ќе добијат „црвена линија“


Во пресрет на сезоната на летни тераси, која официјално почна на 1 април, Град Скопје информира дека нема да толерира недисциплинирани кафанџии. Стрикно ќе се знае која тераса до каде ќе може да се распостели. Просторот наменет за маси, столови и другата урбана опрема ќе биде обележан со боја, а обележувањето ќе го извршат градските […]

Град Скопје ќе дава до 3.000 денари субвенции за купен велосипед


Градските власти и годинава ќе даваат субвенции за купување велосипед. Советот на Град Скопје денеска одлучи максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед по лице да изнесува 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице. Ќе се субвенционира и купување на рачен велосипед и рачен велосипед со […]

Судот го „зароби“ Ќосето во магацин


Споменикот на Андон Јанев Ќосето сѐ уште е во магацинот на „Металскиот завод“, иако измина рокот од 30 дена откако Град Скопје го повика донаторот на споменикот, Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, да го подигне. Во случајов, донаторот и да посака, нема да може да го земе споменикот бидејќи во меѓувреме […]