Град Скопје со апел пред 1 Мај: Да се зачува зеленилото и урбаната опрема


Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, екипите на Град Скопје деновиве ги чистеа видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите. Градот Скопје апелира до граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и […]

Град Скопје почна да доставува решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година


Град Скопје почна со доставата на решенијата за данок на имот и за комуналната такса-фирмарина за 2019 година, а сите обврзници кои немаат платено данок на имот или фирмарина за изминатата 2018 година ќе добијат опомена за неплатен долг, информираат од Градот. -Сите граѓани кои нема да добијат решенија или доколку во истите забележат одредени […]

Мазутот уште ќе се користи за загревање во Гинекологија Чаир


Министерството за здравство ја прекинало тендерската постапка за промена на системот на затоплување во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, кој е на мазут, енергент кој екстремно го загадува воздухот. Недостигала техничка документација, вели за „Независен весник“ ресорниот министер Венко Филипче. „Постапката за промена на системот на загревање во Гинекологија Чаир […]

Град Скопје повторно субвенционира купување велосипеди


Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед. Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето (11.03.2019 година) на Јавниот повик, заклучно со […]

Почна субвенционирање за инвертер клима-уреди


Градот  Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување. Со јавниот повик се опфаќаат сите инвертер клима-уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до […]

По 100.000 денари за семејствата на загинатите во сообраќајката кај Ласкарци


Советот на Град Скопје денеска со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци ја започна  27-та седница, на која едногласно ја усвои Одлуката за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите и на повредените патници. Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата […]

Гинекологија Чаир сè уште функционира нормално


Трудниците можат да бидат спокојни, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир функционира нормално, а гинеколошки и акушерски прегледи постојано се извршуваат. Од вторникот до средата биле направени над 100 прегледи, а биле родени 12 новороденчиња, велат за „Независен весник“ од болницата. Јавноста се разбранува по најавата на градоначалникот на Град Скопје, Петре […]

Ќе има нов тендер за тунелите под Кале


Пропадна тендерот за избор на компанија која ќе треба да изработи проект за тунелите под Кале. Понудите што пристигнаа на адресата на Градот Скопје, од два странски конзорциуми и една домашна компанија, имале формални недостатоци. Поради тоа е поништена постапката, а рокот за жалби истекува в петок. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека ако не пристигне […]

Нејасно е дали Гинекологија во Чаир ќе се најде под клуч


Директорот на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, Башким Исмаили, повеќе од три години барал да се смени начинот на загревање на болницата. За „Независен весник“, Исмаили вели дека три и пол години раководи со болницата и точно пред толку време со дописи ги информирал Министерството за здравство, Министерството за животна […]

Дури 26 средношколци од Скопје заминале надвор од државата од почетокот на учебната година


Иселувањето на млади не запира. Бројот на иселените брзо расте додека се чекаат приоритетните политики за младите како енергијата на општеството. Најновите податоци покажуваат дека од почетокот на учебната 2018/2019 година од средните училишта под надлежност на Град Скопје се отпишале 348 ученици, од кои дури 26 се иселиле во странство. Статистиката на Град Скопје […]

Интервју со Петре Шилегов, градоначалник на Скопје: Не се кријам од ниту еден проблем


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов заокружи една година од својот мандат. Главниот град го наследи со многу проблеми, а дел од нив сè уште ги мачат граѓаните. Загадениот воздух, нехигиената, урбанизацијата, јавниот транспорт, се само дел од темите на кои градската власт уште долго ќе мора да се труди да изнајде решенија. Шилегов тврди дека работи […]

Градот го продал уделот во салата „Борис Трајковски“, но не наплатил ниту денар


Градот Скопје во 2011 година ѝ го продал на државата својот удел во спортската сала „Борис Трајковски“, но досега не наплатил ниту денар. Шест години по ред Владата, која е единствениот содружник во друштвото што стопанисува со салата, ја одложува исплатата на сумата од 4,2 милиони евра, која Градот Скопје ја вложил на почетокот на […]

Нови имиња за катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“


Градот Скопје започна со менување на имињата на катните гаражи.  На следната седница на Советот на Скопје идната недела, пред советниците ќе се најде предлогот за преименување на гаражите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“. Според предлогот на градските власти, гаражата „Македонска фаланга“, која се наоѓа  на улица „Свети Кирил и Методиј“, во близина на трговскиот […]

Нема фрлање ѓубре насекаде, инспекциите казнуваат


Големата акција за чистење на Скопје од вчера продолжи во Општината Гази Баба. Повеќе од 200 работници, ангажирани преку јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, заедно со стотина од општината ќе чистат диви депонии, паркови, улици и тротоари. Акцијата започна на почетокот на септември, а досега во општините Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, […]

Градот Скопје ќе вработува административци и пожарникари


Советот на Град Скопје одобри 19 нови вработувања во градската администрација. Со годишниот план за вработување, кој доби зелено светло од советниците, вкупниот број на нови вработувања е 94 лица, од кои 44 во администрацијата и 50 пожарникари, со оглед на тоа дека Советот претходно веќе двапати одобри нови вработувања. Во декември лани Советот изгласа нови […]

Ученици со посебни образовни потреби ќе добијат асистенти


Средношколците со посебни образовни потреби ќе добијат образовен асистент, лицата со телесен хендикеп, персонален асистент, а старите и болните лица негуватели. Работните места се гарантирани за високообразовани лица од социјално загрозени категории, кои ќе треба да се пријават на конкурсот во Агенцијата за вработување, кој ќе трае до 14 август. Градот Скопје, во соработка со […]

„Водовод“ ќе ги земе фонтаните, ама од следната година


„Водовод и канализација“ ќе ги одржува фонтаните во Скопје, ама од идната година. Дотогаш обврската ќе ја дели со друга фирма, која ќе биде избрана на тендерот што минатата недела го распиша Градот Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов неодамна најави дека градските власти веќе не планираат да плаќаат високи суми на фирми за да се грижат […]

Учениците на распуст, училиштата се обновуваат


Додека учениците се на одмор, дел од училиштата се обновуваат. Комплетна замена на стариот со нов под во училниците и низ ходниците се врши во средно угостителско-техничко училиште „Лазар Танев“ во Скопје, каде што учат околу 700 ученици. Станува збор за монтажен објект, стар 54 години. „Активностите околу реконструкцијата се одвиваат непречено“, вели директорот Зоран […]

Сапуница со судбината на Вардар


Поразот од Пјуник во Скопје беше тежок, елиминацијата на стартот на квалификациите за Лига Европа (ЛЕ) уште потешка, но најтешкото, се чини, допрва следува за Вардар. Александар Васоски по мечот истакна дека е потребно да се извлечат поуки по двомечот со Ерменците за тимот да излезе посилен од ситуацијата и како таков да влезе во […]

Во населбите мора да има 60 отсто зеленило


Ќе се зголемуваат зелените површини за 60 отсто во новата населба која ќе се гради покрај Вардар на потегот од хотелот „Александар палас“ до Карпош 4. Советот на Градот Скопје вчера усвои три регулациски планови со кои се интервенира во Генералниот урбанистички план и се ограничува и се уредува поставувањето маркици за станбени и деловни […]