„Не шетајте ме по ќерамиди“, гневно реагира Никола Пановски до Град Скопје


  Грдите, недоправени и речиси опасни објекти во центарот на главниот град, беа тема на советничко прашање од страна на советникот во Град Скопје, Никола Пановски (ЛДП), кој се интересираше зошто овие објекти (некои и повеќе од 20 години), стојат изложени на забот на времето и за нив ништо не се презема. На седницата на […]

Aвтобусите со број 19 не сообраќаат бидејќи Град Скопје не им плаќа на превозниците 11 мај 2022


Автобусите со број 19, кои сообраќаат во рамки на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, се исклучени од сообраќај. Граѓаните се принудени да пешачат со километри за да фатат други линии со цел да стигнат до саканите дестинации. Според приватната компанија „Макекспрес“ која стопанисува со оваа линија, Град Скопје не им исплатил средства за превоз од […]

Пановски прашува што со зградите на „Кермес“, ЕВН, „Пелагонија“, галиите, хотелот на плоштадот


  Зошто не се доградат или урнат згради и галии, кои со години стојат во центарот на градот, прашува советникот во Град Скопје од ЛДП, Никола Пановски. За објекти кои стојат со години како „Кермес“ во Градскиот парк, зградите на ЕВН и на „Пелагонија“ на градскиот плоштад, како и за новото матично и зградата што […]

Градот Скопје ќе ја финансира целосната реконструкција на улицата „Скоевска“ во општина Бутел 


Советот на Град Скопје на денешната седница  расправаше и  донесе одлука Град Скопје  да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата „Скоевска“ во Радишани, Општина Бутел. Проектот ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, а со истиот се предвидува целосна реконструкција на коловозот на улицата.  Улицата „Скоевска“ е […]

Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. д-р Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката […]

Конечно објавени поддржаните културни проекти од Град Скопје


Град Скопје попладнево ја објави листата на поддржани проекти од културата за оваа година, по силните реакции во јавноста поради тоа што добитниците на парична помош од Градот беа држени во тајност. Одлуката конечно да го соопшти исходот од јавниот повик, што е и законска обврска, Градот ја донесе дури откако листата на проекти кои годинава […]

Град Скопје и годинава ќе дава субвенции зa инвертер клима уреди


  Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање.   Советот на Град Скопје на денешната седница ја донесе Програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, со која се утврдуваат начинот […]

Градот Скопје се вклучува во акцијата за подигање на свеста за лицата со попреченост


Во пресрет на Светскиот ден на свесност за аутизмот (2 април), Градот Скопје и ЈСП се вклучуваат во проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ во организација на Здружението на граѓани „Куќа на среќата“, кое има за цел подигнување на свеста за лицата со попречености преку инклузивната лента која ја носат овие лица. […]

Арсовска бара зголемен ангажман од градските јавни претпријатија


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска одржа координативен состанок со директорите на сите градски јавни претпријатија со цел интензивирање на работните активности на терен и навремено отпочнување со поголем број на инфраструктурни проекти клучни за Скопје и скопјани. На средбата се зборувало и за досегашните работни активности на градските јавни претпријатија во насока на […]

Градот Скопје со 7 милиони денари ќе ѝ помогне на Украина


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поднесе предлог до Советот, Градот Скопје да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари. Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт. „Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти […]

И Арсовска најави изградба на Луна паркот, но за две години


Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката со која конечно ќе се реализира и отпочне со изградба забавниот парк. Град Скопје наскоро ќе започне со уредувањето на новиот Луна парк за што во прва фаза ќе бидат монтирани првите реквизити со цел паркот да биде функционален за граѓаните.  Финансиските средства за проектирање, […]

Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило


Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини.  Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10-те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе. Од овие средства ќе се реализираат голем број […]

Град Скопје поднесе кривична против поранешното раководство за прескапо платена веб-страница


Претходното раководство на Градот Скопје платило енормна сума над 75.000 евра за изработка на Официјален веб портал на Град Скопје кој никогаш не профункционирал во целост, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено, тври актуелното раководство и поради тоа поднесоа кривична пријава. […]

Арсовски: Градот Скопје и општините да ја ревидираат својата улога во енергетската криза


 Градот Скопје и општините мора да ја ревидираат својата улога во енергетската криза. Владата ќе ги разгледа барањата, но во економска и енергетска криза, секоја институција мора да понесе дел од одговорноста. Така се демонстрира сериозен пристап и грижа за граѓаните, рече владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе им помогне […]

Град Скопје даде свои возила на ЈСП за транспорт на инвалидизирани лица


Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила. Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска […]

Град Скопје формира 24-часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните


Град Скопје формира 24-часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните. – Од страна на Градот назначени се одговорни лица кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните, а дополнително се екипира и служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на градот, кои ќе делуваат со цел брзо […]

Град Скопје формираше Совет за поддршка на женското претприемништво


Во рамки на Град Скопје, денеска се формираше Совет за поддршка на женско претприемништво. Советот има за цел да креира политики за полесен пристап на жените во општественото дејствување. Од Град Скопје информираат дека ќе дејствува во насока на подобрување на родовите улоги и елиминирање на ограничувањата, а ќе креира и можности за економско зајакнување на жените. […]

СДСМ: Перо Камиказа призна дека зел 14.000 евра за новогодишното озвучување


  Новогодишната ноќ скопјани ја дочекаа на плоштад со настап на македонски групи и пејачи, но откако беше откажана организацијата и украсувањето од страна на градот, владејачката партија СДСМ обвини дека противкаднидатот за локалните избори Петар Георгиевски – Камиказа, преку својата фирма, наплатил 14.000 евра за озвучувањето. „Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска, Петар […]

Скопје доби „мајка“, но стана сираче


Данела Арсовска е првата жена градоначалник на Град Скопје по прилепчанката Вера Ацева, која го предводела градот во 1948 година. Скопје, по многу татковци, конечно доби мајка, која вети дека во првите 82 дена од мандатот, преку програмата за модерно Скопје, ќе спроведе 15+1 проекти. Педесетина дена по локалните избори, Арсовска, која како независен кандидат, […]

Град Скопје: Во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот за 2020


Град Скопје ги известува сите даночни обврзници дека е во тек  доставувањето на решенијата за данок на имот  за 2020 година. Сите даночни обврзници кои немаат платено данок на имот за изминатата 2019 година ќе добијат опомена за неплатен долг. Даночните обврзници коишто нема да добијат решенија за данок на имот или доколку во истите […]