Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас. „Синвар беше водач на терористичка организација, терористичката организација Хамас“, рече Фон дер Лајен на крајот од европскиот […]

Договорен прекин на судирите во Газа поради втор круг вакцинации против детска парализа


Судирите во Појасот Газа ќе бидат прекинати за да се овозможи вториот круг вакцинација против детска парализа, со кој ќе бидат опфатени 590.000 деца помлади од 10 години, објави денеска директорката на УНИЦЕФ Кетрин Расел. Хуманитарната пауза во конфликтот ќе започне на 14 октомври, рече Расел. „Критично е важно сите страни да ги почитуваат овие […]

Како изгледаше Газа пред една година, а како е сега: Некогаш семејствата беа заедно, денес се бараат


Помина една година откако Израел одговори на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година со бомбардирање и инвазија на палестинската територија Газа. Израел вели дека се обидува да го уништи „воениот и управувачкиот капацитет на исламистичката група“ која е посветена на уништувањето на Израел и ја контролира Газа од 2007 година, но војната исто […]

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас


Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна група Хамас, сместен во зграда во центарот на Газа, која претходно се користела како училиште. – Центарот за команда и контрола, кој беше вграден во комплексот што претходно служеше како училиште „Калед ибн ал-Валид“, беше користен од терористите на Хамас за планирање и […]

Нетанјаху тврди дека околу половина од стотината заложници во Газа се уште се живи


Околу половина од околу вкупно уште 100-те заложници кои се држат во Појасот Газа од минатата година се сè уште живи, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесоа израелските медиуми. Нетанјаху зборуваше за темата заложници за време на состанокот на парламентарните комитети за надворешни работи и за безбедност во Ерусалим, јавуваат медиумите. Официјална потврда за неговата […]

Израел нареди нова евакуација во Газа поради ракетен напад


 Израелската армија денеска издаде наредба за евакуација на северозападниот дел на Газа, од каде што палестински милитанти вчера истрелаа ракети кон израелскиот град Ашкелон. Израелските сили пресретнаа една од ракетите, додека друга падна во морето.  Во првите недели од војната предизвикана од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, Израел нареди евакуација на цела […]

Анадолија: Висок американски претставник тврди дека се договорени 90 отсто од договорот за прекин на огнот во Газа и заложниците


 Висок претставник на американската администрација денеска изјави дека 90 отсто од условите за прекин на огнот во Газа и договорот за заложниците се договорени, иако клучните прашања поврзани со размената на затвореници и Филаделфискиот коридор остануваат нерешени, јави агенцијата Анадолија. „Деведесет отсто од овој договор се договорени, а тој се заснова врз условите што дури […]

Речиси половина од Германците не им веруваат на извештаите на германските медиуми за војната во Појасот Газа


Речиси половина од граѓаните на Германија имаат мала или никаква доверба во известувањето на германските медиуми за војната на Израел против палестинското движење Хамас во Појасот Газа, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот за истражување на јавното мислење „Инфратест Димап“. Според анкетата 40 отсто од испитаниците имаат голема доверба во германското известување за војната […]

Њујорк Тајмс: Израел постигна се што можеше воено против Хамас во Газа


Израел постигна воено сè што може против Хамас во Појасот Газа, а групата не е во состојба повторно да планира или изврши напад сличен на оној на 7 октомври, изјавија американски официјални лица за Њујорк Тајмс. Сепак, официјалните лица велат дека никогаш нема да можат целосно да ја елиминираат групата и дека мора да се […]

Израел нареди евакуација на областа што претходно ја прогласи за хуманитарна зона во Газа


Израелската армија денеска нареди евакуација на дел од територијата во Појасот Газа, што претходно ја определи како хуманитарна зона. Армијата објави дека планира да започне операција против милитантите на Хамас кои се во областа и оттаму лансираат ракети кон Израел. Станува збор за источниот дел на хуманитарната зона Муваси, што се наоѓа на југот од […]

Израелски напад во Кан Јунис, Хамас тврди дека десетици Палестинци се убиени или повредени


 Десетици Палестинци се убиени или ранети денеска во израелски напад врз шаторски кампови во Кан Јунис во кој се сместени раселени жители во Појасот Газа, соопшти прес-канцеларијата на Хамас. Израелската војска соопшти дека ја проверуваа оваа информација, а Министерството за здравство на Газа сè уште не објави официјален број на загинати. – Израелската окупаторска армија […]

Израел негира дека преговара за повлекување на војниците од границата меѓу Појасот Газа и Египет


Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го оцени како „целосно лажна вест“ извештајот на светска новинска агенција дека разговара за повлекување на Израелските одбранбени сили (ИДФ) од границата меѓу Појасот Газа и Египет во рамки на потенцијалниот договор за прекин на огнот. Во извештајот кој се повикува на два египетски извори и трет извор […]

Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа


Израелската армија денеска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа, на северот на Појасот Газа, кон таканаречените хуманитарни зони на југ и во централниот дел на енклавата. Армискиот портпарол за арапски јазик, полковник Авихаи Адраи, го објави списокот на населби што треба да се евакуираат – Сабра, Римал, Тел ал […]

Хамас: Најмалку 24 Палестинци загинаа во три одделни воздушни напади врз градот Газа


 Најмалку 24 Палестинци загинаа рано изутрината во три одделни воздушни напади врз градот Газа, соопштија претставници на палестинската милитантна група Хамас. Според овој извештај, во двата напади се погодени две училишта во градот Газа, при што загинале најмалку 14 лица. Во друг напад врз куќа во кампот Шати, еден од осумте бегалски кампови во Појасот […]

Осум израелски војници загинаа во јужниот дел на Појасот Газа


Израелската армија денеска соопшти дека осум нејзини војници биле убиени на југот на Појасот Газа, пренесе Бета. Претходно, израелската армија имаше најголеми загуби за еден ден во јануари, кога 21 војник беа убиени во само една пресметка со палестинските борци во Газа. Минатиот месец, израелскиот Врховен суд нареди крај на владините субвенции за многу ултраортодоксни […]

Хамас ја прифаќа резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа


 Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот на Советот за безбедност на Обединетите нации и е подготвен да преговара за деталите, изјави денеска функционерот на групата Сами Абу Зухри, нагласувајќи дека на Вашингтон е да го принуди Израел да го почитува неговото спроведување. -Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот, повлекувањето на израелските […]

Хамас се прегрупира во целосен режим на бунтовничка борба


  Половина од силите на Хамас се збришани за осум месеци војна и групата сега се потпира на тактики на бунтовниците „удри и бегај“ за да ги фрустрираат обидите на Израел да ја преземе контролата врз Газа, изјавија американски и израелски официјални лица за Ројтерс. Владејачката група во енклавата е намалена на меѓу 9.000 и […]

Израелската делегација отпатува во Каиро поради предлогот за прекин на огнот во Газа


Израелска делегација отпатува во Каиро за да разговара за нацрт-предлогот за прекин на огнот и размена на заробеници во Појасот Газа, што е под интензивни израелски воени напади од 7 октомври. За време на разговорите, делегацијата ќе го соопшти ставот на Израел за новата понуда за прекин на огнот и ослободување на затворениците, објави либанскиот […]

Нетанјаху го прифати планот на Бајден за прекин на огнот во Газа


  Советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел го прифатил рамковниот договор за ставање крај на војната во Газа што сега го предлага американскиот претседател Џо Бајден, иако тој рече дека е погрешен и треба многу да се работи. Во интервју за британскиот Сандеј Тајмс, Офир Фалк, главниот советник за надворешна политика […]

Германија ја заврши воената операција за испраќање помош од воздух во Газа


 По два и пол месеци, германските вооружени сили ја завршија мисијата за помош од воздух над Појасот Газа. Германски транспортен авион А400М денеска последен пат полета од Јордан, соопшти војската, пренесе ДПА. Од средината на март, воздухопловните сили фрлија околу 315 тони храна, вода, средства за хигиена и други средства за помош за да му […]