Хамас се огласи за планот на Трамп да ја преземе Газа: „Рецепт за хаос“


Палестинската милитантна група Хамас реагираше на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Газа од страна на САД и принудното преселување на Палестинците. Идејата на Трамп е „рецепт за создавање хаос и тензии во регионот“, изјави портпаролот Сами Абу Зухри за повеќе медиуми. „Нашите луѓе во Појасот Газа нема да дозволат овие планови […]

Трамп сакал да ги сели Палестинците во Индонезија, светот возврати- тоа е воено злосторство


Предлогот на Доналд Трамп дека голем број Палестинци треба да ја напуштат Газа за „ да го исчистат“ целиот појас беше отфрлен од сојузниците на САД во регионот и беше нападнат како опасен, незаконски и неостварлив од адвокатите и активистите. Американскиот претседател рече дека би сакал стотици илјади луѓе да се преселат во соседните земји, […]

Трамп сака да ја исчисти Газа од Палестинците


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде во војната меѓу Израел со палестинската милитантна група Хамас загинаа десетици илјади луѓе и каде е лоша хуманитарната ситуација.На прашање на новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида за тоа […]

ОН: Примирјето овозможи над 2.400 камиони со помош да пристигнат во Газа


ОН соопшти дека над 2.400 камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа за три дена од почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас. Само вчера, во палестинската енклава влегле 897 камиони со помош. Исто така, во неделата влегле 630 камиони, а во понеделникот 915. Примирјето предвидува најмалку 600 камиони помош дневно, од кои 50 […]

Кои се Палестинците ослободени од израелските затвори


  Во неделата, многу Израелци останаа залепени за ТВ екраните цело попладне за да видат како трите заложнички беа пуштени од Хамас со посредство на Црвениот крст. Снимките покажаа дека улиците се преполни од илјадници Палестинци, вклучително и вооружени лица на Хамас со зелени ленти за глава, додека милитантите ги предаваа заложничките на Црвениот крст […]

Примирјето во Газа одложено, Хамас не го доставил списокот на заложниците за ослободување


  Крајниот рок за почеток на прекинот на огнот во Појасот Газа помина откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Хамас не ја исполнил својата обврска да ги даде имињата на тројцата заложници што требаше да ги ослободи подоцна во неделата во замена за голем број затвореници Палестинци. Прославите избувнаа низ територијата опустошена од војната, […]

Примирјето за Газа е финализирано, се чека да го одобри целата влада на Израел


  Безбедносниот кабинет на израелскиот премиер го одобри договорот за ослободување заложниците и прекин на огнот со Хамас договорен синоќа во Доха. Договорот сега ќе се префрли во целосната влада за дискусија и гласање. Препораката е дадена „по испитувањето на сите дипломатски, безбедносни и хуманитарни“ аспекти на договорот, со разбирање дека договорот „го поддржува постигнувањето […]

Израел и Хамас склучија примирје за крај на војната во Газа


  Постигнат е договор за прекин на огнот за ставање крај на 15-месечните борби во Појасот Газа, изјавија извори од Хамас и израелските власти во средата. Тешко постигнатиот договор, исто така, ќе ослободи десетици заложници држени во Газа, како и Палестинци во израелските затвори, со што ќе го донесе првиот вистински прекин на насилството по […]

По војната, појасот Газа треба да биде управуван од палестинските власти


Палестинската управа треба да биде единствената власт во Појасот Газа по војната, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамед Мустафа, во услови на зголемени очекувања дека ќе биде постигнат договор за прекин на борбите.  Едно од преостанатите нерешени прашања за време на преговорите е кој ќе управува со Газа по војната. Дискусиите се фокусирани на итен прекин […]

ОН: Повеќе од милион деца во Газа се соочуваат со криза на менталното здравје


УНИЦЕФ соопшти дека на речиси 1,1 милион деца во Газа им е потребна ментална и психосоцијална поддршка во услови на израелско бомбардирање, раселување и тешки услови за живот. Децата страдаат од кошмари, вознемиреност и стравови поврзани со воздушни напади и губење на членовите на семејството. Многумина стануваат агресивни, се повлекуваат или престануваат да зборуваат, соопшти […]

УНРВА: Седум бебиња починаа во Газа од студ бидејќи немале засолниште


Најмалку седум бебиња починаа од студеното време бидејќи немале засолниште во Газа, соопшти Агенцијата за помош на палестинските бегалци при ОН (УНРВА). Според објавата на УНРВА на платформата Икс, до 7.700 новороденчиња во конфликтната зона живеат во несоодветни услови, резултат на судирите меѓу Израел и милитантната група Хамас, пренесува денеска ДПА. Палестинската новинска агенција WAFA […]

САД побарале повлекување на извештај за глад во Газа, реагираат поборниците за човекови права


Водечка организација која ги надгледува светските кризи со храна предупреди за претстојниот глад во северниот дел на Газа поради таканаречената „речиси целосна блокада“ на Израел. Но неделава таа го повлекла извештајот откако САД наводно го побарале тоа. Американската администрација се соочува со критики од хуманитарни организации и поборници за човекови права поради наводната политичка интервенција […]

Израелската истрага заклучи дека присуството на израелски војници најверојатно довело до убиство на шест заложници во Газа


Истрагата на израелската армија заклучи дека присуството на израелски војници во областа веројатно довело до убиство на шест заложници кои ги држел Хамас во Појасот Газа. Телата на овие луѓе, заробени во нападот што го изврши палестинското исламистичко движење против Израел на 7 октомври минатата година, беа пронајдени во подземен бунар на крајот на август. […]

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан


Хамас е подготвен да постигне прекин на огнот во Газа, изјави висок претставник на палестинската група, поздравувајќи го прекинот на огнот што се воспостави во Либан. „Ги информиравме посредниците во Египет, Катар и Турција дека Хамас е подготвен за договор за прекин на огнот и сериозен договор за размена на затвореници“, изјави функционерот, но го […]

УНРВА: Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради


Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права. УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се […]

Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици и студенти од октомври 2023


Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека израелската армија од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа и на Западниот Брег убила повеќе од 12.000 и ранила 19.000 палестински ученици и студенти. Министерството појасни дека од 7 октомври 2023 во Појасот Газа биле убиени 11.249 ученици, а 17.335 биле ранети, додека […]

Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа


Јоав Галант, сменетиот министер за одбрана на Израел, наводно им рекол на семејствата на заложниците дека нема причина ИДФ (Израелските одбранбени сили) да останат во Газа. Според извештаите на медиумите во Израел, Галант рече дека тој и началникот на израелската армија, Херзи Халеви, се скептични во врска со тврдењата дека има безбедносно и дипломатско оправдување […]

Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца


Најмалку 84 Палестинци, од кои повеќе од 50 деца, загинаа во два масакра насочени кон палестински домови на северот од Газа, каде што израелската војска држи опсада веќе еден месец, јави Анадолија. Владината канцеларија за медиуми во Газа соопшти дека израелската војска ги бомбардирала зградите на семејствата Шелајил и Ал-Гандур, каде што биле сместени 170 […]

ЦИА предлага нов договор за прекин на огнот во Газа: Осум заложници за десетици Палестинци


Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД, Вилијам Бернс, соопшти дека на Хамас ќе му даде нов предлог за привремен прекин на огнот во Појасот Газа. Договорот, кој предвидува пауза во борбените дејствија од 28 дена, вклучува ослободување на осум заложници од страна на Хамас во замена за ослободување на десетици Палестинци од израелски […]

Во израелски напад врз Газа загинаа најмалку 30 лица


Најмалку 30 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, според палестинските медиуми. Повеќе од 50 други се ранети во нападот на градот Џабалија, објавија денеска медиумите. Џабалија неодамна доживеа интензивни борби. Само неколку дена претходно, израелската војска соопшти дека елиминирала неколку милитанти во областа и уништила складиште […]