ОН: Во Појасот Газа за три дена убиени 109 Палестинци, а 296 се ранети


Најмалку 109 Палестинци загинаа, а 296 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од понеделник до среда попладне, вклучително и жени и деца кои беа убиени во нападите врз станбени куќи во Рафа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за Координација на хуманитарни прашања (UNOCHA), врз основа на информациите што ги доби од Министерството за […]

Бела куќа: Израелското затворање на граничните премини кон Газа е „неприфатливо“


 Белата куќа  соопшти дека затворањето на граничните премини кон Газа е „неприфатливо“, откако Израел испрати тенкови во јужниот град Рафа и ја презеде контролата врз преминот со Египет. „Премините што се затворени треба повторно да се отворат, неприфатливо е тие да бидат затворени“, нагласи портпаролката Карин Жан-Пјер на брифинг.  Таа додаде дека уште еден премин, […]

Израелските сили го зазедоа граничниот премин Рафа, преговорите за примирје во криза


  КАИРО – Израелска тенковска бригада ја презеде контролата во вторникот на граничниот премин Рафа со Египет на страната на Појасот Газа, додека Израел напредуваше со офанзива во јужниот град, иако преговорите за прекин на огнот со Хамас остануваат на острицата на ножот. Развојот дојде по неколкучасовен судир во војната меѓу Израел и Хамас, при […]

Се шират протести против војната во Газа на американските универзитети, интервенира полицијата


Протестите против војната во Газа се проширија од Колумбија и Јеил на други американски универзитети додека властите се обидуваат да го разбијат растечкото протестно движење, пренесува Би-Би-Си. Полицијата синоќа го прекина протестот на Универзитетот во Њујорк и изврши голем број апсења. Десетици студенти беа уапсени на Јеил претходно истиот ден, додека Колумбија ги откажа часовите […]

Од масовни гробници во болницата Насер во Газа за три дена ексхумирани над 200 тела


Портпаролот на Цивилната заштита на Појасот Газа Махмуд Басал изјави дека во последните три дена биле ексхумирани над 200 тела на луѓе убиени и закопани од израелските сили во масовни гробници во болницата Насер во Газа. – Нашите тимови продолжуваат да пронаоѓаат тела во медицинскиот комплекс Насер и од саботата се ексхумирани телата на околу […]

Началникот на израелскиот воен штаб одобри продолжување на војната во Газа


Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија. Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари. Израелскиот ТВ канал Кан јави дека дел од плановите е воена операција во градот Рафа на југот од енклавата долж границата со […]

Израел ќе се согласи 150.000 луѓе да се вратат во северниот дел на Газа ако се склучи договор


 Израел на преговорите за прекин на огнот во Газа во Египет, се согласи на отстапки во врска со враќањето на Палестинците на северот од енклавата, но верува дека исламистичката група Хамас не сака да постигне договор, изјавија денеска израелски официјални претставници. Запознаени со ситуацијата тие рекоа дека по обновувањето на американскиот предлог за примирје, Израел […]

Германија се соочува со тужба за геноцидот во Газа пред највисокиот суд на ОН


Германија, во понеделник, се соочува со обвинувањата на Никарагва пред највисокиот суд на ОН во Хаг дека „го олеснила извршувањето на геноцид“ врз Палестинците со обезбедување воена и политичка поддршка на Израел. Никарагва ја тужеше Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), барајќи од судиите да преземат итни мерки за да го спречат Берлин да […]

Пред шест месеци цел свет беше со Израел. Сега е осамен како ниедна друга земја


  ЕРУСАЛИМ – Кога Израел објави војна против Хамас минатиот октомври, тој беше обединет дома и уживаше широка поддршка од целиот свет по нападот без преседан на исламската милитантна група. Шест месеци подоцна, Израел се најде на многу поинакво место: заглавен во Газа, поделен внатрешно, изолиран на меѓународно ниво и сè повеќе во судир со […]

Хамас за прв пат им се извини на жителите на Газа за страдањата предизвикани од војната


Во долгата изјава објавена на својот канал Телеграм, палестинското движење Хамас „се извинува“ за маките и страдањата предизвикани од речиси шестмесечната војна против израелската армија. Хамас, исто така, ја повторува својата желба да ја продолжи оваа војна, која, според него, мора да постигне „победа и слобода“ за Палестинците. Тие испратија „порака за благодарност до луѓето“ […]

Преговорите во Доха за прекин на огнот во Газа влегоа во ќорсокак, Израелците ги напуштија


Преговарач, близок до шефот на Мосад, го обвини лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, за саботажа на дипломатијата „како дел од пошироките напори да се разгори оваа војна за време на Рамазан“. Завојуваните страни ги засилија преговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за предложеното ослободување […]

Словенија, Шпанија, Малта и Ирска сакаат да ја признаат Палестина. Стигна одговорот на Израел


Израел денеска оцени дека планот на четири европски земји да работат во насока на признавање на палестинската држава е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали изгледите за договорено решение на израелско-палестинскиот конфликт. Шпанија во петокот објави дека се договорила со Малта, Ирска и Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинската државност […]

Израел опколи уште две болници во Газа


Израел повтори дека милитантите на Хамас ги користат како бази болниците во Газа, каде што се води војна повеќе од пет месеци. Хамас и медицинскиот персонал ги негираат наводите. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека еден од членовите на нејзиниот персонал е убиен кога израелски тенкови ненадејно упаднале во областите околу болниците Ал-Амал и Насер во […]

Израел нема да дозволи премин на конвои со храна кон северот на Газа


Шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА), Филипе Лазарини денеска изјави дека Израел ги известил ОН дека повеќе нема да дозволува преминување на конвои со храна во северниот дел на Газа. Лазарини на социјалната мрежа Х напиша дека потегот на Израел „ја негира спасувачката помош за северна Газа“. „Ова е нечуено. Ова е […]

Русија и Кина ставија вето на американската резолуција за итен прекин на огнот во Газа


  Русија и Кина во петокот ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од САД со која се повикува на „итен и одржлив прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа за да се заштитат цивилите и да се овозможи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиони гладни Палестинци. Според Асошиејтед […]

ИДФ: Околу 300 осомничени терористи се приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека околу 300 осомничени терористи биле приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа во градот Газа. Според ИДФ, меѓу приведените има „неколку десетици истакнати терористи“ од Хамас и палестинскиот Исламски џихад, јави „Тајмс оф Израел“. Уапсените оперативци наводно се вклучени во управување со терористички напади на Западниот […]

Ленарчич: Израел не презентираше докази за обвинувањата против УНРВА


Највисокиот функционер на Европската унија за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, синоќа изјави дека не видел докази од Израел како поткрепа за неговите обвинувања против персоналот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА (UNRWA), која треба да продолжи да игра „клучна“ хуманитарна улога во Појасот Газа.  УНРВА, која обезбедува помош и услуги за палестинските бегалци […]

Рамазан не донесе олеснување додека војната меѓу Израел и Хамас беснее во Газа


  Првиот ден од Рамазан  пристигна како и другите за Палестинците во опустошената од војна Газа: прогонети од глад и болести,  во шатори и загрозени од бомби повеќе од пет месеци од борбите меѓу Израел и милитантите на Хамас. Додека муслиманскиот свет го дочека светиот месец и неговиот вообичаен дневен пост, многу жители на Газа […]

Хамас: Во Газа се уништени 80 отсто од зградите


Во војната уништени се 80 проценти од зградите во градот Газа, а штетата се проценува на 30 милијарди американски долари, соопшти денеска Хамас. Сумата е за разурнатите станбени згради, стопански објекти и инфраструктурата, како улици, електричната мрежа и водоводот и канализацијата. Населението во Појасот Газа, од 7 октомври 2023 година, кога почна војната, секојдневно е […]

Попладнево од Кипар ќе замине хуманитарната помош за Газа


Во попладневните часови се очекува од пристаништето во кипарскиот град Ларнака да тргне бродот со хуманитарна помош за Газа, во рамките на иницијативата „Амалтиа“ за поморски коридор, во која се вклучени ЕК и Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, САД и Холандија, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на кипарската […]