Шест деца загинаа во воздушен напад врз зграда во Газа


Шест деца загинаа денеска во израелски воздушен напад врз станбена зграда во градот Газа, објавија денеска палестинските медиуми, јави ДПА. Неколку други лица се повредени, се вели во извештајот. Израелската армија соопшти дека ќе го истражи извештајот. Израелската војска од понеделникот вечерта изведува тешки воздушни напади против Хамас и палестинската група Исламски џихад (ПИЈ). Со […]

Убиени најмалку 85 Палестинци во синоќешните напади врз Газа


Најмалку 85 Палестинци беа убиени ширум Газа во текот на ноќта, со што бројот на загинати откако Израел го прекрши примирјето со Хамас се зголеми на речиси 600, соопштија локалните здравствени власти. Во текот на ноќта, во напад на семејна куќа во близина на градот Кан Јунис загинале најмалку 16 лица, главно жени и деца. […]

Петмина вработени во Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци загинаа во Газа


Петмина вработени во Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестински бегалци (УНРВА) се убиени во изминатите неколку дена, изјави денеска шефот на агенцијата, Филипe Лазарини. „Уште петмина вработени во Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци се убиени во последните неколку дена, со што вкупниот број на загинати се искачи на 284. Тие […]

Во израелските напади врз Појасот Газа загинале најмалку 436 луѓе


Службата за цивилна заштита во Појасот Газа соопшти дека најмалку 436 луѓе се убиени во обновените израелските напади, што почнаа во понеделникот вечерта. Цивилната заштита транспортираше тела на најмалку 436 убиени лица откако окупаторот ја обнови агресијата и војната, изјави портпаролот на Службата, Махмуд Басал. Израел продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа во понеделникот вечерта, […]

Бела куќа: Хамас ја избра војната со одбивањето да ги ослободи заложниците


Белата куќа соопшти дека групата Хамас избрала војна со тоа што одбила да ги ослободи заложниците во Појасот Газа, пренесоа француските медиуми. Израел во текот на ноќта ги изврши најинтензивните напади врз енклавата од 19 јануари, кога стапи на сила договорот за прекин на огнот во Газа. -Хамас можеше да ги ослободи заложниците за да […]

Бројот на загинати во израелските напади во Газа достигна 220


Според Цивилната заштита во Газа, најмалку 220 лица загинале во израелските воздушни напади во текот на ноќта. Меѓу загинатите се жени, деца и повозрасни лица, изјави портпаролот на организацијата Махмуд Басал. Во болниците во Кан Јунис биле донесени 103 тела, во градот Газа 70, а останатите жртви биле регистрирани низ различни области во палестинската енклава. […]

Берлин, Париз, Лондон и Рим го поздравија арапскиот план за обнова на Газа


Германија, Франција, Велика Британија и Италија денеска го поздравија арапскиот план за Газа, кој, како што соопштија во заедничката изјава, претставува реален план за обнова на Газа. – Ако се спроведе, овој план ветува брзо и трајно подобрување на катастрофалните услови за живот на Палестинците кои живеат во Газа, се вели во соопштението на министрите […]

Бела куќа: Арапскиот план за Газа не е во согласност со реалноста


 Белата куќа соопшти дека планот за обнова на Појасот Газа, усвоен вчера од арапските држави на самитот во Каиро, не одговара на актуелната состојба, според која „Газа во моментов не е погодна за живеење“. Сличен став изрази и Израел, чиј министер за надворешни работи синоќа оцени дека резолуцијата на Арапската лига „не успева да одговори“ […]

Египет да преземе привремена контрола врз Газа?


Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, предложи план според кој Египет би ја презел административната контрола над Појасот Газа за период до 15 години. Според предлогот, Египет би управувал со Газа во текот на осум години, со можност за продолжување до 15 години, додека меѓународната заедница би го отпишала египетскиот надворешен долг кој изнесува повеќе […]

Светска банка наскоро ќе објави проценка на материјалната штета во Појасот Газа


 Светска банка ќе објави проценка за штетите на инфраструктурата во Газа, заедно со ажурирана проценка на штетите во Украина на 25 февруари, изјави денеска извршната директорка Ана Бјерде. Таа нагласи дека извештајот за Газа, подготвен заедно со Обединетите нации и Европската Унија, ќе даде поцелосен преглед на штетите што ги претрпе палестинската енклава во војната […]

Оксфам: Палестинците во Газа едвај имаат пристап до вода, ширењето на болеста се зголемува


 Британската невладина организација Оксфам денеска соопшти дека само седум отсто од водата од пред конфликтот сега им е достапна на Палестинците во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, што го зголемува ширењето на болестите и ја влошува здравствената катастрофа во енклавата. Во северниот дел на Газа, кој ги вклучува Џабалија, Беит Ханун и Беит […]

Скај њуз Арабија: Хамас подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на Палестинската управа


Палестинската милитантна група Хамас изразила подготвеност да ѝ ја предаде контролата врз Појасот Газа на Палестинската национална управа, објави денеска „Скај њуз Арабија“, повикувајќи се на сопствени извори. Според медиумот, Хамас во писмо до Палестинската ослободителна организација (ПЛО) ја изразил својата подготвеност да ја пренесе контролата врз Појасот Газа на Палестинската управа и на владиниот […]

Меѓу ослободените од Газа е и еден американски државјанин


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека еден американски државјанин е меѓу заложниците кои претходно денеска ги ослободи Хамас. Според него, заложниците се во добра состојба. „Израел сега ќе треба да одлучи што да прави во врска со крајниот рок во 12 часот попладне денеска (по американско време/Вашингтон) за ослободување на сите заложници“, наведе Трамп во […]

Хамас изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред предавањето на Црвениот крст


 Хамас денеска изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред нивното најавено предавање на Црвениот крст како имплементација на договорот за прекин на огнот според кој Израел треба да ослободи стотици затворени Палестинци во замена за заложниците. Тројцата заложници кои денеска ќе бидат ослободени се Иар Хорн (46), двоен државјанин на Израел […]

Маск призна дека не испратиле 50 милиони долари за кондоми во Газа: Некои работи што ги кажувам ќе бидат неточни


Милијардерот Илон Маск во вторникот се повлече од своето тврдење дека САД претходно планирале да испратат кондоми во вредност од 50 милиони долари во Појасот Газа. „Прво, некои од работите што ги кажувам ќе бидат неточни и треба да се поправат“, им рече Маск на новинарите во Овалната соба на прашањето за извештаите дека милиони […]

Арапските Американци кои гласаа за Трамп сега се шокирани, но ги обвинуваат демократите


  Доналд Трамп го освои Дирборн, Мичиген, традиционално демократска арапска американска енклава, најмногу благодарение на бесот поради Камала Харис и ставот на администрацијата на Бајден кон Израел. Некои почнуваат да се каат. Откако Трамп го обелодени планот за „преземање“ на Газа и преселување на речиси 2 милиони Палестинци во соседните земји, двајца градоначалници во регионот […]

Жителите на Газа ќе биле „привремено преместени“, вели Рубио


 Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа изјави дека појасот Газа во моментов е „ненаселен“ поради опасности како што се неексплодирани мини и дека неговите жители ќе мора да живеат на друго место додека енклавата не се обнови. Рубио, коментирајќи го ова прашање за време на неговата посета на Доминиканската Република, ги повика другите земји да […]

Трамп: Израел ќе ја предаде контролата врз Газа на САД по војната, нема потреба од американски војници на теренот


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел ќе ја предаде Газа на САД по завршувањето на борбите и населението на енклавата ќе биде преместено на друго место, што според него значи дека нема да бидат потребни американски војници на теренот. Еден ден откако светот ја осуди изјавата на Трамп дека има за цел да ја […]

Рубио: Коментарите на Трамп за Газа не беа непријателски, тој сака да ја обнови


Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Доналд Трамп само предложил САД да ја преземат одговорноста за обновата на Газа, а не трајно да ја преземат контролата врз областа, пишува „Гардијан“. Трамп вчера, во изјава заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повика на преселување на два милиони Палестинци од Газа во соседните земји. Рубио на […]

Трамп се претвори во нескротлив експанзионист: Гренланд, Панамски Канал, Канада, Газа


  Вчудоневидувачката изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека би сакал САД да ја преземат контролата и да го обноват Појасот Газа можеби звучеше како да доаѓа од никаде, но беше во согласност со експанзионистичките амбиции на неговата нова администрација. По враќањето на Трамп во Белата куќа пред нешто повеќе од две недели, неговиот пристап […]