Се преговара за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Газа за ослободување на десетина заложници


Во тек се преговори за постигнување договор за тридневен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за ослободување на десетина заложници кои ги држеше Хамас, пренесе Бета. Ова го изјавија двајца функционери од Египет, еден од ОН и еден западен дипломат под услов да останат анонимни. Договорот ќе овозможи повеќе помош, вклучително и […]

Сè повеќе Палестинци бегаат од северниот дел на Газа додека израелската Армија ги засилува нападите


 Сè повеќе палестински цивили бегаат од зоната на конфликтот во северниот дел на Појасот Газа додека израелските воздушни и копнени напади се интензивираат, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, пренесе Бета. Околу 15 илјади луѓе избегаа вчера, во понеделникот околу пет илјади, а во неделата две илјади. Израелската војска ги повикува […]

СЗО: Над 160 здравствени работници починаа на должност во Газа


Портпаролот на Светската здравствена организација денеска рече дека над 160 здравствени работници починале на должност во Газа и повика на укинување на ограничувањата за медицинска помош, велејќи дека некои лекари вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.   „Над 160 од здравствените работници починаа на должност додека се грижеа за повредените и заболените. Тоа се […]

Советот за безбедност на ОН повторно без договор за Појасот Газа


 Советот за безбедност на Обединетите нации повторно не успеа да се договори за резолуција поврзана со решавањето на хуманитарната криза во Појасот Газа, предизвикана од актуелниот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас, пренесуваат американските медиуми. По повеќе од два часа разговори зад затворени врати, вчера, останаа разликите меѓу членките на Советот за безбедност. САД повикаа […]

ИДФ презеле контрола врз база на Хамас во Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) утринава објавија дека копнените сили „презеле контрола над база на Хамас во Газа”.  Израелската војска наведе дека базата била опремена со набљудувачки позиции, објекти за обука на терористичките  оперативци, како и терористички тунели“, пренесува Би-Би-Си. Како што ИДФ додава, во операцијата „се елиминирани голем број терористи“. ИДФ соопшти дека во текот […]

Си-Ен-Ен: САД го предупредуваат Израел поради масакрот во Газа


  Претседателот Џо Бајден и неговите врвни советници се посилно го предупредуваат Израел дека ќе му станува се потешко да ги оствари своите воени цели во Газа, бидејќи глобално има големо негодување кое се интензивира за обемот на хуманитарното страдање.  Бајден, секретарот за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен – кои во четвртокот […]

Прекината евакуцијата на странците од Газа


Од саботата е прекината евакуацијата на странски државјани и повредени жители на Газа преку преминот Рафа кон Египет, јавија британските медиуми. Евакуацијата е прекината од саботата по смртоносниот напад врз амбулантно возило, соопштија египетски, американски и катарски официјални лица, пренесоа британските медиуми. Палестинската телекомуникациска компанија Палтел соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги повторно се […]

Блинкен се сретнa со Абас во Рамалах


 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Рамалах  се сретнa со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ova e  прва посета на Блинкен на Западен Брег по почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Појасот Газа. На средбата Блинкен „ја потврди посветеноста на САД за испорака на хуманитарна помош за спасување […]

ОН во кавга поради војната меѓу Израел и Хамас


Конфликтот на Израел со Палестинците е стар речиси колку и Обединетите нации. Но, тој едвај некогаш предизвика толкав хаос во типично мирната институција како што се случи  во последниот месец. Израелските власти го повикаа генералниот секретар да поднесе оставка, висок функционер за човекови права се повлече со гнрвно писмо во кое обвини за „геноцид“, а дипломатите […]

Нападот на израелската војска врз амбулантно возило во Газа предизвика глобална згрозеност


  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, е „згрозен“ од нападот на Израел врз конвојот амбулантни возила во Газа, се вели во соопштението на ОН. Во нападот во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа, најголемата медицинска установа во енклавата, во петокот загинаа најмалку 15 луѓе, а 50 други беа ранети, според здравствените власти управувани […]

Тројца македонски државјани, татко и две деца, излегоа од Газа и заминаа кон Каиро


 Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи. – Со нив, […]

Петмина македонски државјани на листата за евакуација од Газа


Минитерството за надворешни работи потврди дека на листата за евакуација на странски државјани од Појасот Газа преку граничниот премин Рафа се наоѓаат пет државјани на Република Северна Македонија. -Во Газа имаме вкупно пет наши државјани. Сите тие се на листата за напуштање на Газа. Исто така, покрај овие пет, на листата е една палестинска државјанка, […]

Што е преминот Рафа, последната надеж на Газанците за бегство од војната, и како работи?


  Мал број Палестинци и странски државјани конечно успеаја да ја напуштат Газа, откако неколку недели интензивни преговори резултираа со делумно отворање на преминот Рафа со Египет. Границата на југот на опколената енклава се смета за последна надеж за Газанците да избегаат додека израелските бомби паѓаат во појасот. Во средата, некои ја напуштија Газа преку […]

Египет, Израел и Хамас се договорија: Започна евакуацијата (Фото/видео)


  Египет, Израел и Хамас со посредство на Катар и во координација со САД постигнаа договор за евакуација. Постигнат е договор да им се дозволи на странските државјани и на некои сериозно повредени цивили во Појасот Газа да ја напуштат областа, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор. Агенцијата додава дека нема временска рамка до […]

Израел го погоди со ракети бегалскиот камп Џабалија, стотици жртви


  Според очевидци и медицински лица во енклавата, израелски напад насочен кон командант на Хамас во густо населениот бегалски камп Џабалија во северниот дел на Газа остави катастрофални штети и уби голем број луѓе. „Чекав ред за да купам леб кога одеднаш и без претходно предупредување паднаа седум до осум проектили“, изјави очевидец, Мохамад Ибрахим, […]

Блинкен: Околу илјада Американци се заглавени во Газа


Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен денеска на сослушувањето на Сенатската комисија изјави дека вкупно 1.000 Американци се заглавени во Газа и сакаат да заминат. Највисокиот американски дипломат рече дека тој и Стејт департментот биле „интензивно фокусирани на ова“. – Бевме во блиска комуникација, колку што можевме, со Американците кои беа заглавени во Газа. Имавме […]

Би-би-си: Тенкови и оклопни возила се движат кон градот Газа


Израелски тенкови и оклопни возила континуирано се движат кон градот Газа и веќе се пробија во северните предградија, јавува денеска Би-би-си. Британскиот јавен сервис пренесува дека израелската армија (ИДФ) не соопштува многу на оваа тема, освен дека ги проширува копнените операции.  Меѓутоа, британските медиуми јавуваат дека ИДФ тврди дека Хамас има бројна мрежа на тунели […]

ОН велат дека децата во Газа пијат солена вода


Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска предупреди дека децата во Газа се соочуваат со катастрофална ситуација, бидејќи нивните родители немаат друг избор освен да им дадат да пијат солена вода. Портпаролот на УНИЦЕФ Тоби Фрикер изјави за Би-би-би дека недостигот од вода постоел и пред конфликтот и дека сега се е подигнато на „друго […]

Израелската војска до Палестинците: Евакуирајте се кон југ


Израелската војска денеска соопшти дека нејзините повици до Палестинците во Појасот Газа да се евакуираат кон југ, далеку од главниот фокус на војната против Хамас, сега се итни. -Во изминатите две недели ги повикувавме жителите на северниот дел на Појасот Газа и градот Газа привремено да се преселат на југ. Поместувањето на југ е за […]

Сунак и Макрон: На ​​Газа ѝ е потребна итна хуманитарна помош


 Британскиот премиер Риши Сунак и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја истакнаа потребата од „итна хуманитарна помош за Газа“ по проширувањето на воените операции на Израел како одговор на нападите на Хамас, соопшти Даунинг стрит.  Во телефонски разговор двајцата лидери ја изразија својата загриженост за „ризикот од ескалација во регионот“. Сунак и Макрон се согласија […]