СЗО: Над 160 здравствени работници починаа на должност во Газа
„Над 160 од здравствените работници починаа на должност додека се грижеа за повредените и заболените. Тоа се луѓето кои го одржуваат здравствениот систем со посветеност и тие некако најдоа начин да одржат одредено ниво на услуга“, рече Кристијан Линдмајер на брифинг со новинарите, без да го наведе изворот на информацијата.