Ал Кидрех: Евакуирани се околу 100 пациенти од индонезиската болница во Газа


Околу стотина пациенти се евакуирани синоќа од индонезиската болница во Газа, која вчераутро беше цел на израелско гранатирање, соопшти портпаролот на Министерството за здравство Ашраф ал Кидрех. Според ал Кидрех, операцијата била спроведена во координација со Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). -Има уште 500 пациенти во болницата и работиме со МКЦК на нивната евакуација […]

Хамас: Бројот на загинати во војната во Газа надмина 13.300


Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека бројот на загинатите Палестинци се искачи на 13.300, додека бројот на ранетите достигна околу 32.850, од ​​почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа на 7 октомври. -Од неделата вечерта, бројот на загинатите беше повеќе од 13.300, вклучувајќи околу 5.600 деца, 3.550 жени додека бројот на повредени достигна повеќе […]

Израелските војници стигнаа до домовите на лидерите на Хамас


Израелската армија денеска соопшти дека се судрила со оперативците на Хамас во населбата Римал во Појасот Газа и открила 35 влезови кои водат до подземната мрежа на тунели и командни центри на Хамас и дека е пронајдено големо количество оружје. Како што е наведено, во населбата Римал има „резиденции на високи функционери на Хамас кои […]

Турција и 2.000 адвокати ќе поднесат тужба против Израел за геноцид во Газа


Турција ќе се обрати до надлежните институции за „геноцидот во Појасот Газа“ и нема да го остави ова прашање недовршено, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на генералното собрание на Националниот студентски сојуз на Турција, цитиран од Анадолија. -Заедно со над 2.000 адвокати ќе поднесеме тужба до надлежните органи за геноцид. Ќе го следиме […]

СЗО влезе во Ал Шифа, најде масовна гробница и 32 деца во критична состојба


Хуманитарен тим  за проценка на СЗО ја посетил болницата Ал Шифа во северна Газа и видел знаци на гранатирање и пукање во она што е опишано како зона на смртта, објави денес Светската здравствена организација (СЗО). Тимот ја опишал ситуацијата како „очајна“, имајќи предвид дека болницата не функционира како медицинска установа поради недостигот од чиста […]

(Видео) Неколку дена по фотографирањето, израелските сили го разнесоа парламентот во Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја разнесоа зградата на парламентот во градот Газа, само неколку дена по преземањето на локацијата. Акцијата ја извеле 7-та оклопна бригада и пешадиската бригада Голан. Уривањето се случило откако израелските војници се фотографирале внатре во Парламентот. Израелските медиуми велат дека воената акција е стратешки потег по окупацијата, со цел да се […]

Блумберг: Расте фрустрацијата на САД од однесувањето на Израел


Белата куќа е се пофрустрирана од однесувањето на Израел во војната против Хамас, бидејќи бројот на загинати цивили расте, а повиците на администрацијата не се слушаат, што го продлабочува јазот меѓу блиските сојузници, објави Блумберг. Претставниците на администрацијата водат, како што опишуваат, исклучително тешки разговори со нивните израелски колеги, додека САД се обидуваат да го […]

Најмалку 179 пациенти на болницата Ал Шифа се погребани во „заедничка гробница“


Најмалку 179 тела се погребани денеска во „заедничка гробница“ во рамките на болничкиот комплекс Ал Шифа во Газа, изјави д-Мохамед Абу Салмија. Тој додаде дека меѓу погребаните во тој гроб има седум предвремено родени бебиња, кои починале поради недостиг на електрична енергија.Саламија посочи и дека денеска на интензивна нега починале уште две лица, со што […]

Објавена фотографија: Се тврди дека израелските војници го зазеле парламентот на Газа


Објавена е фотографија за која некои израелски медиуми јавија дека прикажува како припадници на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегуваат во парламентот во Газа. Фотографијата првично беше објавена на социјалните мрежи, а потоа ја објавија израелските портали Haaretz, Jerusalem Post и The Times of Israel. „Тајмс оф Израел“ објави дека фотографијата е направена откако војниците го […]

Израелската војска пред портите на главната болница во Газа


  Израелските сили стигнаа до портите на најголемата болница во Газа, бидејќи стотици пациенти, вклучително и десетици бебиња, останаа заробени внатре. Илјадници луѓе ја напуштија болницата Ал-Шифа во градот Газа, но здравствените власти соопштија дека преостанатите пациенти умираат поради недостиг на енергија во услови на интензивни борби меѓу израелските војници и милитантите на Хамас. Опремата […]

Предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа ги обвиткуваат во фолија за да ги одржат во живот


 Предвремено родените бебиња во болницата Ал-Шифа, најголемата во градот Газа, ги завиткуваме во пластична фолија и ги ставаме до топла вода во очајнички обид да ги одржиме во живот, соопшти директорот на болницата Мухамед Абу Салмија. Абу Салмија за телевизијата Ал Арабија изјави дека бебиња биле извадени од инкубаторите бидејќи не работеле бидејќи веќе нема […]

ЕУ повикува на „значајни“ паузи во борбите во Газа


Шефот за хуманитарна помош на ЕУ Јанез Ленарчич денеска повика на „значајни“ паузи во борбите во Газа и итна испорака на гориво за болниците да продолжат да работат во енклавата. „Итно е да се дефинираат и почитуваат хуманитарните паузи“, рече Ленарчич, европски комесар за управување со кризи, на состанокот на министрите за надворешни работи на […]

ИДФ објави фотографии: „Откривме засолниште на исламистите во близина на бегалскиот камп во Газа“


Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае на социјалните мрежи објави фотографии и опис на засолништето на исламистите од Хамас и Исламски џихад, кои израелските сили го пронајдоа за време на копнена операција на периферијата на бегалскиот камп „Ал Шати“ на северот на Појасот Газа, северозападно од болницата „Ал Шифа“. „Силите на 401-та оклопна бригада продолжуваат […]

Почна Самитот на Арапската лига посветен на војната меѓу Израел и Хамас


 Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад почна Самитот на Арапската лига посветен на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Потоа, како што наведуваат дел од западните агенции, форумот ќе прерасне во самит на лидерите на земјите од Организацијата за исламска соработка. На почетокот на средбата саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изјави дека Израел „сноси одговорност […]

ИДФ ги зазеде клучните пунктови на Хамас во градот Газа


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека зазеле клучните пунктови на Хамас во градот Газа, при што убиле околу 150 терористички оперативци. Од Армијата наведуваат дека во изминатите денови нејзината 401-та бригада го предводела нападот на таканаречениот пункт Бадер, главниот пункт на баталјонот Хамас во бегалскиот камп Ал Шати, кој се наоѓа во близина на цивилни […]

ЕУ обезбедува дополнителни хуманитарни летови за помош на луѓето во Газа


Европската комисија соопшти дека денеска и утре ќе се реализираат два од вкупно шест дополнителни летови со хуманитарна помош наменети за жителите на Газа. „До крајот на неделата со авиони од италијанскиот град Бриндизи ќе бидат испратени 55 тони помош. Следната недела од Букурешт ќе бидат реализирани три лета, а Романија ќе обезбеди шатори. До […]

Белгија бара санкциии за Израел, ОН ја нарече „цинична“ четиричасовната пауза за бомбардирањето


Вицепремиерката на Белгија, Петра де Сутер, посочи дека белгиската влада треба да воведе санкции за воените злосторства во Газа и да одвои дополнителни средства за Меѓународниот кривичен суд да ги истражи воените злосторства на Израел и Хамас.Сутер додаде и дека Израел, додека врши воени злосторства, го игнорира меѓународното барање за прекин на огнот. „Време е […]

Tри болници погодени од израелски напади, тврдат властите во Газа


 Претставници на властите во Газа денеска соопштија дека Израел извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници, нагласувајќи ја критичната состојба на здравствениот систем во палестинската енклава додека се обидува да се справи со илјадници повредени или раселени луѓе во Газа. – Израелските окупациски сили изведоа симултани напади врз неколку болници во […]

Стејт департмент: Не најдовме докази за израелски воени злосторства во Газа


 Американскиот Стејт департмент синоќа соопшти дека досега не нашол докази за израелски воени злосторства во Газа. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, изјави дека во моментов нема докази за тврдењата на претставниците на Обединетите нации дека Израел извршил воени злосторства во војната против Хамас во Појасот Газа, јави „Тајмс оф Израел“. -Тоа се […]

Израел ги обвини новинарите на Ројтерс, Си-ен-ен, АП и Њујорк Тајмс за соработка со Хамас на 7 октомври


На својот официјален X профил, Министерството за надворешни работи на Израел го пренесе текстот на HonestReporting, во кој присуството на фоторепортери од АП, Си-ен-ен, Ројтерс и Њујорк Тајмс на самиот ден на нападот на Хамас е доведено во прашање од морална гледна точка. поглед. На почетокот на текстот се посочува дека милитантите на Хамас не […]