Агенција за животна средина на ЕУ: Здравјето на европските води не е добро


Имајќи предвид дека само 37 отсто од површинските води се во добра или многу добра еколошка состојба, Европа мора подобро да управува со своите водни ресурси за да им гарантира на граѓаните снабдување со квалитетна вода, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген посочи дека постои итна потреба […]

Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за над 52.000 евра


 Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52.650 евра. Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, на наддавање во ресторан во Мексико Сити го постави Гинисовиот рекорд за најскапа вода во светот. Ова посебно шише вода е наполнето од […]

Водата во гостиварскиот водовод повторно се анализира заради два различни резултати


 Резултатите од водата за пиење во гостиварскиот водовод направени во две лаборатории се различни и според едните водата не е за употреба, а според другите е безбедна. Се очекува нова анализа која ја прави државниот Центар за јавно здравје – Скопје. Ова го кажаа вд градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани и најави поведување на […]

Водата во Гостивар забранета за пиење – има манган


Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар. На јавното комунално претпријатие “ Комуналец” кое стопанисуваа […]

Водата во Струмица и натаму не е за пиење, Костадинов вели проблем е техничката вода од АД „Водостопанство“


Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, е незадоволен од реакцијата на Министерств0то за земјоделство во врска со проблемот со кој што се соочуваат струмичани, забраната за пиење на водата од градскиот водовод. Костадинов му порача на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски да не бара виновници во општината туку да ги извршува неговите надлежности. Спооред Костадинов, […]

Водата од гостиварскиот водовод повторно не е за пиење


Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, попалднево преку известување соопштија дека водата не е безбедна за пиење. Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување. Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи. – Поради контаминација предизвикана од […]

Костадинов: Струмица е пред еколошка катастрофа


Струмица е пред еколошка катастрофа ако во најскоро време не се реши проблемот со водата за пиење, истакна градоначалникот Костадин Костадинов на денешната седница на Советот на Општината, на која се дискутираше за проблемот со снадбување со питка вода на граѓаните која веќе шест денови е забранета за пиење заради присуство на поголемо количество на […]

Дел од Општина Аеродром без вода


Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Јане Сандански“ од бр.12 до бр.32, на улица „Коста Новаковиќ“ од бр. 2 до бр.48 и на улица „Владимир Комаров“ од бр.1 до бр.33.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна шахта на булевар […]

Тетово со намалено количество вода, штетата може е намерно предизвикана


Во Тетово ќе има намалени колични на вода, информира Општинското јавно претпријатие „Шар“, и потенцираат дека тоа е поради дефект.  Случајот е пријавен во полиција поради сомневање дека е намерно оштетен дел од водоснабдителниот систем. – Поради голем дефект на пругата Лешница ќе имаме недостиг на вода од 15-20 литри во секунда. Полицијата од Тетово […]

Утре без вода дел од улица „Македонија“


Без вода утре од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Македонија“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради менување на вентил  ¾ на ул. „Македонија“16. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Поради дефект без вода дел од Визбегово


Поради дефект на приклучна цевка од 3/4 на ул „1“ Визбегово бр. 10 без вода ќе останат корисниците на дел од ул. „Визбегово“ и дел од ул. „Индира Ганди“ крак 31. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 до завршување на интервенцијата.

Козле вечерва без вода – скината е цевка


Поради скината цевка Ф-5/4мм од странка/ фирма на ул. „Козле 2“ во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Козле“ крак 2, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до санирање на дефектот. 

Без вода делови од Центар


Поради изведување водоводен приклучок – 80 мм  на улица „Коле Неделковски“ 15а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Наум Наумовски Борче“ и од „Ленинова“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. 

Без вода корисниците на дел од улиците „Ловченска“ и „Леринска“ во Општина Карпош


Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека денеска поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Леринска“ бр.51, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците „Ловченска“ и дел од „Леринска“. Прекинот на водоснабдувањето во овие улици во Општина Карпош, ќе биде од 09:00 часот до завршување. 

Утре без вода центарот на Скопје


Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80мм на ул. „Македонија“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза ) во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Димитрија Чуповски“ до „Даме Груев“ и дел од „Луј Пастер“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот до санирање […]

Дел од општина Центар утре без вода


 Без вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците  „Петар поп Арсов“, „Теодосие Гологанов“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Христо Смилевски“, „9 Мај“ и „Васил Стефановски“ во општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 80мм на улица „Петар Поп Арсов“ број […]

Дел од Тафталиџе утре без вода


Дел од скопската населба Тафталиџе утре ќе биде без вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“. -Ве известуваме дека на ден 12.09.2024г. поради дефект во шахта Ф-2цола на ул.Васил Чакаларов 4 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, стои во соопштението.

Поради дефекти, без вода делови од Скопје


Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Леринска“ 55а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираа дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:10 часот до санирање на дефектот. Без вода поради уличен дефект на ул. „Лазар Димитров“ бр.6, ќе бидат и корисниците на дел од оваа […]

Поголем дел од Битола без вода за пиење


Голем дефект на потисниот цевковод на пумпна станица во Битола го  остави градот без вода за пиење. Од јавното  комунално претпријатие „Водовод“ информираа дека во текот на денот без вода за пиење ќе биде поголем дел од градот, односно до санирање на дефектот за чие решавање се ангажирани повеќе екипи на претпријатието. 

Водата во демиркапиското село Дрен не е за пиење, согласно анализите од ЦЈЗ


Водата во демиркапиското село Дрен не е за пиење, покажаа анализите од ЦЈЗ, информираа попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија. – Известуваме дека водата од водоводот во Демир Капија е исправна за пиење по добиените две последователни анализи добиени од Центарот за јавно здравје – Скопје, додека водата во село Дрен и […]