На југот на Англија 58.000 домови се без вода втор ден. За денеска најавија повисоки сметки


Водоснабдувањето вчераутро беше прекинато во 58.000 домови на југот на Англија поради технички проблем во Тествуд водоснабдување. Според Би-би-си, голем број училишта во областите Тест долина и Њу Форест ќе останат затворени втор ден по ред. Снабдувачот на вода за јужниот дел на Англија, Саутерн Вотер, рече дека користел 23 танкери за „да се обезбеди […]

Без вода утре населба Крњево


Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.„164“ бр.117 утре од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Крњево во општина Центар, најави ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Без вода дел од Гази Баба


Поради дефект на улична цевка, без вода од 11:00 часот се корисниците од улицата „Иван Наумов Алабакот“ и дел од улица „Жан Жорес“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Без вода неколку улици во Кисела Вода, „Тодор Чангов“ во Лисиче и дел од Студеничани


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:50 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците од улиците „Милан Мијалковиќ“, „Благоја Гојан“, „Кавалска“, „Мегленска“ и „Мариовска“ во Општина Кисела Вода, како и улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче, Општина Аеродром. Од 10 часот без вода ќе биде и дел од Студеничани. Водоснабдувањето во […]

Во туристичката населба Беровско Езеро се гради крак 4 од секундарата водоводна мрежа


– Во тек е изградба на четвртиот крак од секундарната водоводна мрежа во туристичка  населба Беровско Езеро. Градежните работи, како што соопшти денеска беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, се во должина од околу 500 метри. Со зголемување на населбата и се поголемиот број на корисници, како што додаде тој зголемена е и потребата од вода, со […]

Дел од Општина Бутел без вода


 Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“, „Боца Иванова“ и „Бутелска“ во Општина Бутел.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на „Душко Поповиќ“ 27. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Дел од Карпош без вода


Поради ефект на приклучна цевка, без вода од 09:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Стокхломска“, „Његошева“, „Петар Драганов“, „Софиска“ и „Бриселска“ во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Без вода утре делови од општина Карпош


Корисниците на дел од ул. „Варшавска“ во населба Тафталиџе утре (20 ноември) од 10 часот ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка на таа улица бр. 62б. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинато водоснабдувањето ќе имаат корисниците на ул. „Варшавска“ односно потегот од ул. „Виенска“ до ул. „Лондонска“. Водоснабдувањето ќе […]

Без вода дел од Капиштец


Поради уличен дефект на водоводена цевка, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“ и дел од „Питу Гули“, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Центарот на Куманово без вода


Дефект на водоводен вод Ф350, за ниска водоводна зона на улица 11 Октомври остави дел од Куманово без вода. Од јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека  поради дефект на водоводен вод Ф350 на улицата „11 Октомври“ (од крстосница  со улицата која се вклучува од автопат Е-75), повисоките делови на ниска водоводна зона останаа без водоснабдување. Граѓаните […]

Без вода дел од жителите на Општина Аеродром


 Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на булеварот „Дванаесетта македонска бригада“ и улицата „Мите Богоевски“ во Општина Аеродром. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 мм на булеварот „Дванаесетта македонска бригада“ 12а.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

Во Берово почна доставувањето вода со цистерни до населението


 Во Берово од денеска почна организираната доставата на вода преку цистерните од страна на ЈПКР „Услуга“. Доставата се врши откако претходно беше утврдено зголемено присуство на манган во водата од Градскиот водовод.  -Доставата на вода од цистерни се врши на повеќе локации. Почнавме од 8:00 часот со достава на вода на локација кај Здравен дом […]

Беровци ќе пијат вода од цистерна, во таа од водоводот има манган


По објавената информација за забрана на пиење на водата во Берово поради зголемено количество на манган, од утре до сите граѓани во Берово ќе биде доставена вода со цистерни која ќе се полни од соседно Делчево, информираа од комуналното претпријатие во Берово.  Во разговор со надлежните, како што информираат, ќе бидат испратени примероци од вода […]

Берово без вода за пиење и таа е полна со манган


Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба, соопштија од Јавното претпријатие за комунални работи Услуга – Берово. Во соопштението до граѓаните тие го пренесоа известувањето од Агенција за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово кои донесоа Решение заведено под број  бр.26-772 од 12.11.2024 […]

Без вода населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар


Без вода вечерва од 08.45 часот се корисниците од населба Хиподром, Трубарево, дел од Маџари и тренинг центар Ф.К.Вардар. Причина за прекинот е дефект на ул.„Ордан Поп Јорданов“ 5 во населба Маџари и во тек е негово санирање, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Костадинов: Водата за пиење во Струмица е исправна


Анализите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) покажаа дека водата од водоводната мрежа во Струмица е питка, соопшти градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, преку својот Фејсбук профил. – Анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, три акредитирани приватни лаборатории и Центар за јавно здравје Струмица ги побија резултатите на Институтот за јавно здравје, […]

Поради дефект без вода бул „Борис Трајковски“


Поради уличен дефект на Булевар „Борис Трајковски“ без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од булеварот.  Како што информираат од ЈП „Комунално претпријатие Скопје“, прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 14 часот до завршување на дефектот.

Струмичката вода не е за пиење! Се исчисти од манган, ама има бактерии


Изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) откако ги доби резулатите од анализираните мостри земени на 18.10.2024 година во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица. Како што информира АХВ, кај сите […]

Дел од општините Аеродром и Центар без вода


 Без вода денеска се дел од жителите лоцирани на улицата „Тодор Чангов“ 36 и 38 во Општина Аеродром.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Тодор Чангов“ 36 број 5.   Поради дефект на улица „Петричка“ во Маџир Маало, денеска од 10:00 часот без вода ќе останат дел […]

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење


Струмица со денови нема чиста вода за пиење, а градоначалникот очекува проблемот да се надмине до петок. Јас сум оптимист дека после две или три последователни анализи на питката вода конечно ќе добиеме решение и од инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со кој имаме добра соработка како институција, и во петок веќе […]