Без вода неколку улици во Скопје поради дефект


Поради дефект на улицата „Боривое Милошевски“ број 61, без вода се корисниците од неколку улици, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Станува збор за улиците „Боривое Милошевски“, „Вера Радосавлевич“, „Димче Милошевски“ и дел од „Перо Наков“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.

Без вода утре ќе останат дел од корисниците на Општина Центар


Поради дефект на улична водоводна мрежа на крстосницата на улицата „Франклин Рузвелт“ и булевар „Партизански одреди“, утре, без вода ќе останат корисниците од дел од булевар „Партизански одреди“, дел од улица „Борка Талевски, како и дел од улица „Франклин Рузвелт“. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот ќе трае од 8:30 […]

Без вода делови од Маџари, Бутел и Радишани


Поради дефекти на водоводни цевки во населбата Маџари и во Бутел денеска без вода ќе бидат неколку улици од овие населби.  Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 07:45 часот без вода се улиците „Карл Хрон“, „Карл Либнехт“, „Темко Попов“ и „Анри Барбис“ во Маџари, а од 8 часот улицата „Втора Македонска Бригада“ и […]

Користете ја водата рационално: ЈП Водовод и канализација – Скопје со апел до граѓаните


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје покажуваат зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340.000 метри кубни вода, што е за 30 проценти зголемување во однос на […]

За првпат отворена лабораторија за испитување на квалитетот на водата во општина Илинден


Од денеска е пуштена во употреба нова лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење со која ќе раководи ЈКП „Водовод“-Илинден, а се отвора за првпат од основањето на претпријатието. На отворањето на лабораторијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Водовод“-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот истакна дека лабораторијата е […]

Без вода утре дел од корисниците во општина Бутел


Корисниците од улиците „Никола Грчето“, „Благоја Паровиќ“ и „Аугуст Цесарец“ во општина Бутел утре од 8 часот ќе немаат вода поради дефект на затворач од ф 150мм на улица „Никола Грчето“ бр.10 во населба Бутел. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот. 

Поскапе водата за пиење во Прилеп – ја има доволно, но рационално да се користи


Сметките за вода на прилепчани за јули ќе бидат повисоко во просек за 120 денари. Се зголемува цената на водата за 17,9 проценти по барање на Регулаторната комисија. На јавните водоводни претпријатија во земјава им беа дадени пет месеци да размислат која цена од понудените ќе ја прифатат, а сега стигна конечната одлука на Комисијата […]

Поради дефект, Лисиче е без вода


Без вода денеска од 8:00 часот се корисниците од улиците „Горно Лисиче“, „Горноврановска“, „Лисец“, „Божин Николов – Силни“ и „Хаџи Трајко“ во населбата Лисиче. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради дефект од Ф-2цол на ул.„Горно Лисиче“ 28 во населбата Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Неколку скопски улици утре без вода


 Неколку улици во текот на утрешниот ден ќе останат без вода за пиење поради активности на улицата „Жил Верн“ 4 во населба Кисела Вода, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. – Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Тодор Паница“, „Јордан Филиповски“, „Балканска“ и комплексот наречен „Пегла“ на „Борис […]

Без вода утре корисниците од улица „Мирче Ацев“


Корисниците од улицата „Мирче Ацев“, утре од 7.30 часот ќе останат без вода за пиење, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува во соопштението, вода за пиење ќе нема поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мирче Ацев“ без број. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Забранета водата за пиење во струшко Радожда, поради немање хлор


Поради дефект водата во село Радожда не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга. Центарот за јавно здравје Охрид, според директорот Сашо Точков, констатирал дека водата во водоводот во Радожда, со кој стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ Струга нема дезинфекционо средство, што претставува потенцијална опасност за корисниците. – Првичните резултати од […]

Без вода утре улиците „Франклин Рузвелт“ и „Ристо Равановски“


 Без вода утре од 08:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“ и „Ристо Равановски“.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„Франклин Рузвелт“ раскрсница со бул.„Партизански Одреди“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Поскапува водата во Куманово


Кумановци ќе плаќаат поскапа вода, одлучи денеска мнозинството во Советот на општината. Како што објасни директорот на Јавното претпријатие „Водовод“, Оливер Стојмановски, обврската за зголемување на водата е донесена согласно предложените тарифи на регулаторна комисија за енергетика и е законска обврска на претпријатието. Зголемувањето за тековната е 24 проценти или 12, 5 денари. Зголемувањето на […]

Поради уличен дефект, без вода селата Батинци и Љубош


Поради уличен дефект на улицата „7“ без број, кај Поштата, во село Батинци, без вода утрово се неговите мештани и корисниците од селото Љубош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето е прекинато од 7.45 часот и ќе биде до санирање на дефектот. 

Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров


Поради уличен дефект на улицата „1670“ во Ново Село, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од неколку делови на општина Ѓорче Петров, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што е најавено, без вода утре од девет часот до санирање на дефектот, ќе бидат улицата „Лука Геров“, Ново Село, Стопански Двор, […]

Прекинато водоснабдување за дел од корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ и дел од село Драчево


 Поради дефект на приклучна цевка од Ф – цол на ул. „Солунска глава“ 8 во Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ и дел од село Драчево. ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Без вода утре дел од општина Центар


Без вода утре од 7 часот ќе бидат корисниците од улицата „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар.  Прекинот, како што информира јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е поради санирање на дефект на улицата „Рајко Жнзифов бр.32“.

Утре без вода две улици во Кисела Вода


Поради изведување водоводен приклучок на ул. „Борис Трајковски“ 39, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и од улицата „Иван Козаров“ во општина Кисела Вода. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.

Македонија со највисоки загуби на вода во регионот, Бислимоски ветува подобра инфраструктура


Загубите на вода низ Македонија се доста високи со децении, некаде над 60 отсто, но никакво подобрување на системите и цевководите, не ја сменило сликата.  – Во Македонија загубите на вода се некаде на ниво на цела држава 62-63 проценти. Тоа пред сѐ се должи на голем број импровизации во овој сектор и на неинвестирање […]

Лекари ќе патролираат низ Скопје, Црвен крст со активности поради најавените горештини


Поради најавените горештини, Црвениот крст на град Скопје информира дека подготвил акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлинските бранови. – Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани […]