За Николоски малите партии се понижувале самите себеси


  Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во расправата за изборот на новата влада ги нападна помалите партии кои ја поддржуваат владата обвинувајќи дека се понижувале самите себеси. Тој посебно ги наведе ДОМ, ЛДП, ВМРО-Народна, ДС, ДПТ и рече дека тие биле во владата само поради две работи: или биле уценети или биле криминализирани па немале […]

До ВМРО-ДПМНЕ: Не е „пиун“, туку „пион“


Најмакедонската партијата, која со децении сака да се удира в гради за наводен најизворен македонизам и за заштита на македонскиот јазик и историјата, во нејзините соопштенија постојано протнува србизми од разговорниот јазик. Пред една година во масовна употреба од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, па преку потпретседателите до портпаролите беше синтагмата „брза трака“ за да се каже […]

И Меркел да беше лидер на СДСМ ќе беше обвинета за „заевизам“


Македонската политика секој ден слегува скалило по скалило подолу и не се знае кога може да го допре дното. Ако воопшто има дно. Актерите во неа ја претвораат самата политика во перверзија, поради што граѓаните веќе не веруваат во ништо што е поврзано со политичарите. Последниот пример со реакциите на главната опозициска партија на изборот […]

Со доктрина, а не со програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе се враќа на власт (галерија)


Со новата понуда ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Александар Николоски, претставува и левичарски и десничарски и центристички постулати   Во очигледно многу оптимистичка атмосфера (па дури и во некој сегмент еуфорична) ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржува конгресот на кој треба да биде реизбран досегашниот лидер Христијан Мицкоски, да му даде поддршка на сегашното раководство и да ги […]

Мицкоски ќе обединува со македонизам


В четврток во Вевчани и в сабота во Куманово, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, ќе ги предводи собирите на ВМРО-ДПМНЕ во кампањата „Обнова за Македонија“. Слушајќи ги маките на жителите и трагајќи по решенија за нивните проблеми, кои по Нова година ќе бидат преточени во изборната програма на партијата, Мицкоски, веројатно уште еднаш ќе го […]

Мицкоски: Заев сее магла, ќе одговараат од прв до последен


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Драчево во рамките на кампањата за „Обнова на Македонија“. Од таму, тој порача дека за неколку месеци партијата ја чека силен предизвик, затоа што откако ќе дојде на власт, ќе мора државата да ја крене од пепел. Лидерот на опозицијата тврди дека досега слушнале за петнаесетина илјади […]

Јанушев: На располагање сме, партијата ќе одлучи кој ќе биде министер


ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи своите активности од кампањата „Обнова за Македонија“. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, од Штип порача дека во овој град не е исполнето ниту едно ветување на социјалдемократите, најавувајќи оти нивниот крај доаѓа на изборите во април. Тој го коментираше и неодамнешното плаење на автомобилите на локални социјалдемократи. „Да бидам искрен, очекував […]

Даниела Рангелова: Ќе ме нема на пратеничката листа


Со стари и проверени кадри, но и со многу нови имиња на пратеничките листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја добие довербата на граѓаните и да победи на предвремените парламентарни избори на 12 април в година. Во најголемата опозициска партија велат дека допрва ќе следуваат анкети на која ќе се мери рејтингот на потенцијалните пратеници, […]

Мицкоски ќе оди кај Пендаровски: Неуспехот во Брисел е поради Заев


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски констатираше дека неуспехот во Брисел да добиеме датум за преговори со Европската унија е исклучиво поради погрешните политики на премиерот Зоран Заев, односно на корупцијата, нефункционирањето на правната држава и криминалот. Тој рече дека македонскиот народ не смее да се разочарува, затоа што ќе дојде нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ […]

Интервју со Никола Попоски: Не бркам фотелја и не формирам партија, но сакам промени


Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски ретко се појавува во медиумите, но и при партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју за „Независен весник“, тој зборува за шпекулациите дека ќе формира нова партија, каков е неговиот однос со Христијан Мицкоски, кој ќе победи на парламентарните избори в година, за неговите лични амбиции, како и дали […]

Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО


Експремиерот Никола Груевски, сепак, останува почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Најавите на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дека во новиот статут ќе нема место за титулата „почесен претседател“, всушност, нема да го чепнат денешниот азилант во Унгарија, бидејќи ниту во сегашниот нема точка која предвидува дали некој ќе стане почесен претседател. Тоа е право исклучиво на […]

Активен и во науката: Професорот Мицкоски vs политичарот Мицкоски


Професорот Христијан Мицкоски до крајот на годината ќе биде избран за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. По активното влегување во политиката и изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017 година, тој остана активен и во науката и во професурата. Во периодот кога партијата започна со кампањата „Обнова за Македонија“, се објавија два […]

Силјановска, Кедев, Дурловски и Борко Ристовски во тимот на Мицкоски


Професорката Гордана Силјановска-Давкова, докторот Сашко Кедев, оперскиот пејач Игор Дурловски и ракометниот голман Борко Ристовски ќе бидат дел од новофофмираниот тим на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чија задача ќе биде да помогнат во „обновата на Македонија“. „Македонија живее тешко секојдневие, народот живее сиромашно, со проблеми и систем кој не функционира. Животот во Македонија е […]

Дали независните пратеници ќе прават партија: Ќе бидеме поактивни


Независната пратеничка група планира да ги засили своите активности во наредниот период. Тие најавуваат дека ќе бидат многу погласни во клучниот период за земјава, пред влегувањето во НАТО и евентуалното започнување на преговорите со Брисел за членство во Европската Унија, но и преку зачестени акции на терен ќе ги доближуваат своите ставови до граѓаните. Осумтемина […]

ВМРО-ДПМНЕ до декември ќе слуша, а на пролет ќе решава проблеми


ВМРО-ДПМНЕ ги започнува подготовките за парламентарните избори в година. Опозициската партија најави дека е отворена да ги слушне проблемите на граѓаните во земјава, ветувајќи дека во изборната програма што ќе ја понудат ќе има одговори за нив. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски вели дека Македонија трета година живее во кошмар, секој ден тапкаме во место, […]

Милошоски: Талат е во скутот на СДСМ, а СЈО потрошило 15 милиони евра


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска обвини дека владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ се плаши од тоа да им дозволат на пратениците да направат увид во СЈО. Тој го нарече банален дописот со неосновани технички образложенија од страна на парламентарниот спикер Талат Џафери, кој предлог одлуката за анкетната комисија ја враќа на подносителите. „Наводно, […]

Села би коалицирал со Мицкоски ако се извини или огради за 27 април


Не е првпат партиите на Христијан Мицкоски и на Зијадин Села да коалицираат на локално ниво, но последната нивна соработка, која резултираше со превласт во Гостивар во однос на СДСМ и ДУИ, ги поттикна гласиштата за можно заедничко формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијансата за Албанците доколку добијат победнички број гласови на идните […]

„Слабото ВМРО од Пржино“ било за Тодоров


Експремиерот Никола Груевски вчера се јави од Будимпешта по подолго време. Ги коментираше настаните од аферата „Рекет“ и заклучи дека за опозицијата е подобро да има редовни избори бидејќи така и победата ќе била повисока, но оти за земјава би било најдобро да гласаме уште утре. Во подолгото традиционално излагање на Фејсбук, поранешниот шеф на […]

По понудата на Заев за средба: Мицкоски ќе дојде само ако се договорат предвремени избори


ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека лидерот Христијан Мицкоски ќе седне на заедничка маса со премиерот Зоран Заев само доколку се разговара за предвремени парламентарни избори. Претседателот на владата денеска ги повика Мицкоски, Ахмети и Села во петок во 14 часот во Клубот на пратеници за да се договорат за пописот, СЈО и Изборниот законик. „Ние […]

Мицкоски: Потребни се итни избори, контактирам со Ахмети


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш повтори дека опозицијата е под политички терор од страна на власта. Во интервју за „Алсат“, тој спомена неколку случаи во кои високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле „жртва на политичкиот прогон“, но партијата е спремна овој притисок да го издржи. Мицкоски напомена и неколку корупциски и криминални скандали во […]