Блескаат во неуспехот и срамот


Александар Николоски Вчера во Луксембург, почитувани читатели на овие редови, се потврди тоа што сите го знаевме, додуша некој порано, некој подоцна – дека Македонија со Заев, Димитров, Османи, Шекеринска и компанија и овој јуни нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Како тргнале и ако вака продолжат да работат, односно да […]

Ново рочиште за „Талир“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски. Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се […]

Делегацијата на ВМРО на средба со Хан: Честитки за реформските закони


Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, составена од потпретседaтелот Александар Николоски, пратеникот Влатко Ѓорчев и меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски, денес во Брисел остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан. „Во текот на средбата, еврокомесарот беше информиран за одличниот резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на одржаните претседателски избори. При разговорот со Хан, посебно беа нагласни сериозните злоупотреби […]

Мицкоски: Заев донесе црн рекорд во економијата, а ќе биде и полошо


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оцени како катастрофална економската политика на владата и оцени оти поразите и измамите на Зоран заев и неговиот тим се секојдневие. „По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во првите четири месеци, поразителни се и бројките за странски директни инвестиции. Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 […]

Кого ќе слушаат вмровските пратеници: Мицкоски или Груевски


Седницата, на која ќе се разгледува предлогот на Комисијата за мандатно- имунитетски прашања за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, ќе се случи  меѓу 10 и 15 јуни, брифираше вчера собранискиот спикер, Талат Џафери. Потребно е двотретинско мнозинство, односно најмалку 80 пратеници да дигнат рака за да му се одземе мандатот на пратеникот, кој […]

ВМРО-ДПМНЕ тешко се одлепува од Груевски


Голема е веројатноста поранешниот премиер и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сега азилант во Будимпешта, да остане пратеник. Без гласовите на опозицијата, која вчера се воздржа од гласање за предлогот за одземање на неговиот мандат, парламентарното мнозинство тешко ќе ги обезбеди потребните 80 гласови, и покрај шестмесечното отсуство на Груевски, кое е  евидентирано како […]

Кокаин во поларизирана Македонија


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ  Насловот на колумнава, почитувани читатели, ги определува двете теми за кои ќе пишувам и говори многу за реалноста денес во Македонија. Свесен сум дека оваа колумна ќе наиде на негирање од власта, на игнорирање или на објаснување дека претерувам и не е така, но за ова што пишувам ве повикувам да погледнете околу […]

Хан ја пофали ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна


Политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа беа успешно спроведените претседателски избори, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на отворањето на Виенскиот економски форум. Тој ги охрабри компаниите од Австрија да инвестираат во нашата земја бидејќи тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места. Адресирајќи […]

Градоначалникот на Ново Село може да седне во фотелјата


Новоизбраниот градоначалник на Ново Село, Никола Андонов може да стапи на функцијата откако Државната изборна комисија го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за неделниот втор круг од изборите. Забелешката на опозицијата се однесуваше на сторена повреда на постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачко место. Избирачкиот одбор не составил записник со внесување податоци. При […]

ВМРО поднесе 12 приговори, се жали на полнење кутии, агитирање и поткуп


Вкупно 12 приговори до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе ВМРО-ДПМНЕ по вториот круг од претседателските избори. Според најголемата опозициска партија, во неделата имало случаи на полнење кутии, гласања за повеќе лица, недозволено агитирање, злоупотреба на државните ресурси, како и поткуп. „Ова не се демократски избори, туку ефикасно спроведен изборен инженеринг“, обвинуваат во ВМРО-ДПМНЕ, иако во […]

Коневски: Не е време за превирања и оставки, Мицкоски да се доближи до странците и до Албанците


Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, не сака да избрзува со заклучоци по вториот изборен круг од претседателските избори, во кои ВМРО-ДПМНЕ, односно Гордана Силјановска-Давкова освои речиси 380.000 гласа или 60.000 помалку од  Стево Пендаровски. Вели дека партијата треба да направи детална анализа и да види кои работи биле добри, а кои не чинеле и […]

Почина поранешната пратеничка Благородна Дулиќ


Неколку дена откако наполни 78 години, почина Благодорна Дулиќ, поранешен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На собраниските клупи беше до 2014 година. Таа е родена во Кочани, во 1941 година, има завршено Правен факултет. Дулиќ ќе биде погребана утре на гробиштата во Бутел.

Мицкоски: Ја победивме „хотел коалицијата“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Гордана Силјановска – Давкова на првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека народот бил сам против власта, односно против „хотел коалицијата“, како што ги оквалификува СДСМ и ДУИ. Мицкоски ги наброја Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Илинден, Аеродром, Битола, Охрид, Штип… и уште десетина градови низ земјава каде […]

Силјановска: Се насетува крајот на Заев


Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска – Давкова смета дека крајот на владеењеето на Зоран Заев и на неговиот тим се насетува, но напомена оти е свесна оти битката допрва следува во вториот круг. Таа им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери што ја кандидираа, но и на сите оние што гласаа за неа, […]

Докторските дуели – рендген за партиите


Додека поголемиот дел од земјава в недела ќе ја гледа претседателската трка, во Охрид, Ново Село и во Дебар ќе има и локален натпревар. Вкупно девет кандидати ќе се борат за трите градоначалнички функции што останаа празни по прераната смрт на првите луѓе во Охрид и во Дебар, односно криминалниот бекграунд на довчерашниот општински татко […]

Силјановска ќе биде претседател во еден мандат: Од моите привилегии се откажувам, на Црвенковски и Иванов им ги оставам


Парламентот ќе го гласа целиот тим на премиерот, а не еден по еден министер. Собранието и Владата ќе доаѓаат и ќе си одат заедно, во вториот круг на претседателските избори ќе нема цензус, народните канцеларии остануваат отворени за (ин)директен контакт со граѓаните, новинарите ќе бидат повикувани на редовни брифинзи, а претседателот на државата ќе се […]

Гневните, разочараните и заборавените ќе ја изберат Гордана за претседател


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Имајќи предвид дека на страниците на „Независен весник“ пишувам секоја втора среда и дека до првиот круг на претседателските избори ќе немам друг текст, би сакал да го кажам моето мислење во однос на кампањата и кандидатите. Прво нешто што паѓа во очи е огромната разлика во квалитет. Од една страна е Гордана […]

ВМРО-ДПМНЕ: Лустерите не се дел од замрзнатиот имот, со донации не се експонираме


Во екот на кампањата за претседателските избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одлучил дел од луксузните лустери од Белата палата, чиј имот е замрзнат, да ги донира во цркви и манастири. Во еден член од статутот на партијата, стои дека во случај на престанок на партијата, нејзиниот имот преминува во сопственост на Македонската православна црква. […]

Вмровците ги засолнуваат скапоценостите на сигурно?


Во екот на кампањата за претседателските избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одлучил дел од луксузните лустери од Белата палата, чиј имот е замрзнат, да ги донира во цркви и манастири.Ако се земе предвид дека во еден член од статутот на партијата, стои дека во случај на престанок на партијата, нејзиниот имот преминува во сопственост […]

Силјановска со парафот на Северна ги потпишува „натпартиските“


Македонија влегува во втората третина од кампањата за претседателските избори, чиј прв круг е закажан за 21 април. Реториката се заострува, политичките партии ги потиснуваат кандидатите за претседател, кои се обидуваат да остават слика на академски граѓани и колеги, кои ги прифатиле партиските машинерии како нужно зло. Свесни дека ширењето негативни информации за политичкиот противник […]