ВМРО-ДПМНЕ го почна протестот „Премногу е!“ со отворено студио од пред владата


Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, попладнево го почна протестот под мотото „Премногу е!“, со отворено студио од пред зградата на владата. Гости во отвореното студио со кои ќе се разговара за причините за промени се претседателите на партиските комисии и тоа: Цветан Трипуновски претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство; Синиша Ивановски претседател на комисија за […]

ВМРО-ДПМНЕ стана бездомник, судот ја конфискуваше Белата палата


  Во пресудата што досега изгледаше незамислива Кривичниот суд денеска го конфискуваше партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ заради матните зделки со АД „Бетон“ при неговата изградба со кој биле повредени многу законски норми. Во пресудата во случајот познат како „Талир 2“ Никола Груевски како тогашен претседател на партијата доби шест години затвор, а тогашниот генерален секретар […]

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати бугарските барања во резолуцијата на ЕПП


  На Левица не ѝ е јасно како можело ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати бугарските барања во резолуцијата на конгресот на ЕПП па дури и да ја пофали. Тоа е несфатливо за Левица, наведува партијата во своето соопштение, затоа што резолуцијата за Македонија на Европската народна партија застана зад бугарските барања. Според Левица, тоа бил „квислиншки […]

Обвинителството бара да му се одземе Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ


Никола Груевски и Кирил Божиновски обвинети во случајот „Талир 2“, да бидат прогласени за виновни, додедека седиштето на политичката ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предложи обвинителот Љубомир Лапе во завршните зборови за овој предмет. Според обвинителот Лапе, обвинетите Груевски и Божиновски политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја третирале како било кој трговски субјект. -Така, обвинетите пристапиле кон преземање […]

ВМРО-ДПМНЕ вели „Премногу е“ и најави граѓански протест за 18 јуни


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека на 18 јуни, пет дена пред клучниот самит на лидерите на ЕУ за време на француското претседателство, ќе одржи голем граѓански протест на кој ќе се побраат предвремени парламентарни избори. А во исто време ќе ја продолжи  и активната блокада на Собранието. Тоа вечерва го изјави потпретседателот на партијата, […]

Подготвува ли ВМРО-ДПМНЕ нов 27 април?


  Кавги, блокирање на говорницата, расправии со собранискиот спикер – е   „амбиентот“ што повторно се враќа на голема врата во Собранието. Иако ВМРО-ДПМНЕ најави активна блокада и филибастеринг, инцидентот што се случи завчера почнува да наликува на најава дека опозицијата сака да се врати на стариот метод за кој веќе многумина издржуваат затворска казна, и […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред Џафери со транспаренти „Активна блокада за национален спас“


Собранието ја почна 71. седница, ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти за најавената блокада Скопје, 10 мај 2022 (МИА) – Во Собранието денеска со доцнење од речиси два часа почна 71. пленарна седница, со пратениците од опозицијата иако најавија блокада на работата на законодавниот дом. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ Мицевски […]

СДСМ бара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од платите кога веќе блокираат


  Ако веќе од денес спроведуваат активна блокада на Собранието тогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата треба да се откажат и од платите, бара владејачката СДСМ. „Задача на пратениците е да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале, да носат законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата. Пратениците кои го бојкотираат […]

Мицевски: Од утре активна блокада на Собранието


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска по состанокот со пратеничката група на неговата партија и коалицијата „За обнова на Македонија“, соопшти дека е потврдена одлуката за активна блокада на Собранието. Блокадата, напомена Мицевски, почнува од утре, а подразбира „попречување на штетните закони и политики“. Како што истакна Мицевски, „ова е процес што […]

ВМРО-ДПМНЕ со блокада бара предвремени избори, за власта ова во услови на криза е деструкција


Енергетската и економска криза и војната во Украина ги намалија прогнозите за економски раст, додека мерките за намалување на ценовните шокови отворија потреба од ребаланс на Буџетот. Решението за излез од кризата и власта и опозицијата го гледаат во Собранието – власта со функционален законодавен дом и обединување на сите чинители во општеството во интерес […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи антикризните мерки, но ќе поднесе амандмани


ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за предложените мерки од владата иако смета дека се задоцнети и недоволни, но од партијата најавуваат и дека ќе поднесат пет амандмани со четири суштински забелешки. -Ние ќе гласаме за предложените мерки, иако сметаме дека се задоценти. Многу од мерките веќе беа предложени од опозицијата претходно уште пред дваестина дена, а на […]

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата, станаа „за“ кога постигнавме договор


Премиерот Димитар Ковачевски  вели дека ВМРО-ДПМНЕ биле против Законот за минималната плата, а станале „за“ кога социјалните партнери постигнаа договор. На опозициската партија која најави амандманска интервенција на законот за усогласување на платите со минималната Ковачевски денеска и порача првин да одговори дали биле „за“ минимална плата и дали го блокирале цела година во Собранието […]

Опозицијата смета дека наставник и возач на автобус треба да земаат многу повисока плата


Опозициската ВМРО-ДМПНЕ смета дека зголемување на минималната плата на 18.000 денари ќе внесе неправичност со малку повисоките плати во некои дејности, кои пак се многу поодговорни. „Растот на минималната плата без соодветен раст на останатите плати нема да постигне ефект на праведност. Имено со растот на 18 илјади денари минималната плата безмалку ќе се изедначи […]

Што содржи Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев?


ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе Декларација да се зацврсти темелот за ликот и делото на Гоце Делчев. Во продолжение прочитајте што пишува во Декларацијата: „Тргнувајќи од одредбите на Уставот на Република Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на „жртвите и посветеноста на предците во заложбите и борбата за создавање самостојна и […]

Откако „сечеа вени“ за Александар Македонски, ВМРО-ДПМНЕ сега ќе го политизира Гоце Делчев


  Од свирежи за официјалната делегација пред „Свети Спас“, до најава за поднесување декларација во македонскиот парламент со која ќе се брани ликот, делото, а пред сѐ етничкото потекло на Гоце Делчев. Вака ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски мислат дека треба да се решава спорот со Бугарија, омаловажувајќи ги македонските делегации, правејќи срамен настан и […]

Сашо Клековски од аналитичкиот свет премина во врвот на ВМРО-ДПМНЕ


  Христијан Мицкоски ја прошири политичката база на неговите главни соработници во врвот на ВМРО-ДПМНЕ откако му предложи на Централниот комитет на партијата, а овој ги поддржа новите имиња во раководството. Централниот комитет вечерва избра уште двајца потпретседатели на партијата, Тимчо Муцунски (градоначалник на Аеродором) и  повеќегодишната блиска соработничка на Мицкоски, Гордана Димитриеска-Кочоска. Покрај нив, […]

Мицевски: Македонија не смее да губи ниту еден ден, не пак 100 дена со техничка влада


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска до Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада. Тие очекуваат предлогот да биде ставен на седницата што ќе се одржи во среда и бараат што побрзо одржување […]

Интервју со Павле Трајанов: Владата има голема шанса, ВМРО-ДПМНЕ е потонато во коруптивен шинел


  Близу сме до целта конечно Македонија да биде една изборна единица, вели лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во интервју за „Независен“. Тој вели дека СДСМ и помалите партии имаат доволно гласови да ги донесат изборните измени. Според него, објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека е за една изборна единица е политички блеф. „ВМРО-ДПМНЕ ја условува […]

Демократски сојуз ги нарече „дрски лаги“ нападите на ВМРО-ДПМНЕ


  Демократскиот сојуз ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека „Градски паркинг“ од Скопје работел незаконски и ги нарече „дрски лаги и конструкции“. Генералниот секретар на партијата, Зоран Димитровски, на прес-конференција рече дека нападите на ВМРО-ДПМНЕ врз ДС се обид за уцена да не бидат дел од парламентарното мнозинство. Според него, овие напади на ВМРО-ДПМНЕ врз […]

ВМРО-ДПМНЕ треба да научи што е инфлација, вели Ковачевски


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека Владата ги замрзна цените на основните продукти за да спречи ценовен шок од инфлацијата која сега се случува на светско ниво.  Донесовме одлука за замрзнување на цените, за да спречиме ценовен шок со порастот на цените на основните продукти за граѓаните. При […]