Владата ги зголеми субвенциите за тутун


Почнувајќи од реколтата за 2017 година тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции за килограм предаден тутун, најави денеска министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тоа, како што рече, на денешната прес-конференција е овозможено со прифаќањето на уредбата за директни плаќања за 2018 година донесена на денешната седница на Владата со која е дефинирано субвенцијата […]

Мицотакис: Владата со „Новартис“ сака да го одвлече вниманието за скопското прашање


Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис ја обвини Владата на Грција дека со скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“ сака да го одвлече вниманието на јавноста од актуелните проблеми, а меѓу нив и прашањето за името. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Мицотакис изјави дека грчкиот премиер Алексис Ципрас е опасен […]

Заев: Знаеме до каде можеме да одиме со преговорите


Премиерот Зоран Заев на дешената пресконференција на новинарско прашање што значи неговата изјава дека е прифатливо име со географска одредница, тој одговори дека знае до каде може да се оди со преговорите. – Верувајте знаеме до каде можеме да одиме со преговорите – рече тој. Тој најави дека следната недела ќе има нова средба со […]

Влада: Јавноста е целосно информирана, решение за името е можно


Јавноста е целосно информирана, решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес, реагират од Владата откако шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас побара од Македонија , конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните. -На билатералната средба […]

Влада: Достоинствено да се решат отворените прашања со Грција


Владата на Република Македонија е посветена на градење доверба со Владата на Република Грција,  со јасна цел достоинствено да се решат отворените прашања на двете соседни европски земји, велат од македонската Влада во врска со вчерашниот протест во Атина. – Веруваме дека и во Грција и во Македонија мнозинството граѓани сакаат добрососедство кое води кон […]

За инсулин годинава се предвидени исто пари колку и лани


Државата за набавка на лекови и помагала за дијабетичари за оваа година обезбеди 620 милиони денари. Тоа се гледа од Програмата за обезбедување инсулин, глаукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за дијабетесот, кој пред некој ден е објавена во „Службен весник“. Тоа е истата сума од минатата година, со таа разлика што […]

Албанската опозиција сака да биде дел од Владата


Касами најавува реконструкција, Владата без коментар Владата остана без коментар откако лидерот на движењето Беса, Билал Касами, изјави дека напролет се спрема реконструкција на владиниот кабинет и вклучување на Беса во „белата куќа“. Свое враќање во Владата не исклучуваат ниту од Алијансата, но прашање е колку нивното евентуално приклучување кон парламентарното мнозинство ќе ѝ се […]

Заев: Законски е тендерот на Тодоров за Клинички центар


Законски е тендерот за избор на италијанската градежна фирма која ќе го гради новиот Клинички центар, а кој го спроведе претходниот министер за здравство, Никола Тодоров.Ова го рече премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на денешната седница за пратенички прашања. Постапката е надгледувана од Банката на Советот на Европа, која е кредитор на оваа инвестиција. […]

Владата ќе бара одговорност од Дац ако се утврди дека сторил тежок прекршок


Од Владата велат дека Министерството за внатрешни работи и сите органи детално ќе ја истражат и ќе ги објават наодите за сообраќајната несреќа во која, како што беше објавено, директорот на МНТ Драган Спасов – Дац удрил во девојка која поминувала улица. Порачуваат дека секој мора да понесе одговорност согласно законите и оти лице кое […]

Беса се премислува да влезе во Владата


Беса, која е моментно најголема опозициска партија во албанскиот блок во парламентот, не исклучува можност да стане дел од Владата на СДСМ и на ДУИ. Тоа го најави нејзиниот прв лидер Биљал Касами во разговор за „Призма“, посочувајќи на неговата неодамнешна средба со премиерот Зоран Заев. Набрзо по расколот во партијата, Касами се сретна со […]

Владата предложи да се укинат музичките субвенции


Домашните музичари повеќе да не добиваат субвенции од државата за создавање на песни и спотови, предлага Владата. На вчерашната седница донесоа заклучок да се достави до Собранието Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција. „За донесувањето на овој предлог-закон владата преовлада фактот што имплементацијата на законот во практика не […]

Владата даде согласност за договорот за државната помош на „Чагатај кабло“


Владата на вчерашната седница донесе одлука за давање согласност на договорот за доделување на државна помош во облик на даночни олеснувања на турската компанија „Чагатај Кабло”, која во 2017 година започна со изградба на нивниот објект во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик). По донесената одлука ќе се пристапи кон склучување на договорот во наредниот период. Оваа […]

Наскоро одлука за отпочнување на изградбата на Клинички


Делегација на Банката на Советот на Европа на денешната седница на Владата на Република Македонија ги презентираше опциите за активирање на изградбата на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ), со вклучени експертски мислења за предвидените опции и алтернативи во однос на локацијата на УКЦ. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, била искажана јасната определба на Владата […]

Владата се задолжи се 23,9 милиони евра на домашен пазар


Владата се задолжи со 23,9 милиони евра на домашниот пазар преку аукција на државни хартии од вредност. Како што објави Министерството за финансии издадени се државни хартии од вредност во износ од 1.475,18 милиони денари или 23,98 милиони евра. Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 474,99 милиони денари со […]

Новиот Клинички центар ќе се гради со кредит од Банката за развој


Новиот Клинички центар ќе биде приоритет за Владата и за него е обезбеден кредит од Банката за развој на Советот на Европа (ECB), соопштија од Владата. Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретнаа со делегација на ECB, предводена од Витомир Мајлс Рагуз, регионален менаџер на банката. „На средбата беа презентирани фазите […]

Имињата на функционерите на Алијанса за Албанците и натаму на вратите на канцелариите


На вратите на канцелариите на замениците министри и на директорите од Алијанса за Албанците се уште стојат имињата на функционерите на партијата на Зијадин Села, иако тие не се појавуваат на работните места откако поднесоа оставки. За да ја напуштаат функцијата која им била доверена, тие чекаат одлука од Владата и од премиерот Зоран Заев. […]

Влада: Исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни


Посветени сме на решавање на спорот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија. Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите, соопштија од Владата. „Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба. По внимателна анализа […]

Влада: Законот за јазиците не го доведува во прашање унитарниот карактер на државата


Владата изразува жалење за одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да не го потпише указот за Законот за употреба на јазиците. „Во оваа прилика сакаме уште еднаш да нагласиме дека сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со амандманот 5 од Уставот. Со Законот ја унапредуваме употребата на јазиците на […]

Македонската Влада изрази жалење за убиството на Оливер Ивановиќ


Владата на Република Македонија изрази длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ. – Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се […]

Чешката Влада поднесе оставка


Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска поднесе оставка, откако вчера не ја доби довербата на Парламентот на Чешка. Како што се посочува во владиното соопштение во кое е објавена оставката, Кабинетот ќе продолжи да ги извршува своите обврски се до изборот на нова Влада. При вчерашното гласање во Пратеничкиот дом на Парламентот, „за“ доверба […]