Новото тело со различна функција од Советот за реформи во правосудството


Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата во правосудството со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев е сосема ново тело со различна функција од веќе формираниот Совет за реформи во правосудството, појасни денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. По денешниот редовен брифинг со новинарите, Бошњаковски изјави дека не се работи за недоверба во досегашниот Совет за […]

Нови 22 компании се подготвуваат за влез во Македонија


Вкупно 22 странски инвеститори планираат да инвестираат во Македонија. Ова во интервјуто за „Независен весник“ го најави премиерот Зоран Заев. По катастрофалната година кога имавме рекордно низок прилив на странски капитал, премиерот е оптимист дека ќе има позитивно поместување на состојбите. – Политиките на актуелната влада веќе привлекуваат и многу странски инвестиции, така што 22 […]

Бошњаковски: Рашковски е сменет од Македонски Телеком од технички апсект


Смената на Драги Рашковски од функцијата член на Акционерското собрание на Македонски Телеком е направена од технички аспект, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Имајќи го во предвид обемот на активности Владата смета дека советникот за правда на премиерот соодветно ќе одговори на оваа позиција. Се работи само за замена од технички аспект, рече […]

Премиерот Заев од денеска е на зимски одмор во Италија


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев од денеска е на одмор. Како што информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски, премиерот Заев е веќе во Италија каде ќе го користи зимскиот одмор до 17. овој месец.

Владата бара пилоти за Дирекцијата за заштита и спасување


Владата денеска разгледала и усвоила информација за потреба на прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија. Во таа насока, како што е соопштено, е донесен заклучок со кој се задолжуваат министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии и Дирекцијата за заштита и спасување за навремено изнаоѓање […]

Ќе се формира нов совет за следење на стратегијата во правосудството


На денешната владина седница, премиерот Зоран Заев најавил дека до крајот на јануари ќе се формира ново тело – совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 – 2022, со кое ќе претседава лично тој, а во насока на преминување во делот 9 од планот 3-6-9. Воедно, Заев, како што е […]

Владата ги усвои измените на Законот за „свиркачи“


Владата, на денешната седница, ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на укажувачите. Со ова законско решение, како што посочуваат од Владата, се обезбедува поголема заштита на укажувачите со што јасно се потврдуваат владините политики за борба против корупцијата. Законските измени се испратени до Собранието.

Рашковски разрешен од владин претставник во Телеком


Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски не е веќе владин претставник во Акционерското собрание на Телеком. Владата, на денешната седница, го смени Рашковски и за своја претставничка во Телеком ја назначи Тања Чачарова Илиевска, советник за правда во канцеларијата на премиерот. Пред неколку месеци, опозицијата реагираше за именувањето на генералниот секретар на Владата за владин […]

Заев и Касами разговарале за реформскиот пакет


Заврши средбата во Владата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА Билал Касами. Од Владата за МИА изјавиле дека на средбата се разговарало за поддршка на реформскиот пакет закони во Собранието на Македонија. Средбата, според информациите, била закажана пред празниците, односно пред да почне да се разгорува конфликтот меѓу двете струи во опозициската Беса.

Повторно активирани мерките против аерозагадувањето во град Скопје


Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје. Од владината прес-служба информираат дека мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и […]

Влада на РМ: Не се разговара за потенцијално име


Не се разговара за потенцијално име. Се гради довербата меѓу двете влади, нов момент на пријателство, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името. Одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Бошњаковски потенцира дека целта е прашањето да биде […]

Османи: Партиски и национален консензус најголем предизвик за реформите


Постигнување партиски и национален консензус е најголемиот предизвик, со кој во моментов се соочува Владата во однос на реформите содржани во Планот 3-6-9, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, по неформалната средба со бугарскиот амбасадор Иван Петков. На новинарско прашање како течат реформите содржани во Планот, Османи истакна оти постои зацртана динамика […]

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров


Владина делегација денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кој почина на денешен ден во 2012 година. Делегацијата, како што информираат од Влада, била предводена од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, придружуван од министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. Киро […]

Заев си ги седна коалициските партнери во Влада


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, сите коалициски партнери од коалицијата „За живот во Македонија“ ги седна во Влада на последниот работен ден од годинава. Ваквите средби вообичаено се прават за да се осигура лојалноста и посветеноста на коалиционите партнери и нивната подготвеност да ги поддржат владините политики. Според владиното соопштение кое е едно од најсиромашните […]

Ѝ се наредија коцките на Македонија: 2017 – година на пресврти, 2018 – година на шанси


Годината што заминува за Македонија помина во знак на крупни промени на политички план кои, пак, ги подгреваат очекувањата дека и годината што доаѓа ќе донесе воочливи и, главно, позитивни пресврти, пред сѐ во делот на интеграцискиот процес на земјата. Во 2017 година не само што се случи смена на власта на централно ниво, по […]

Функционерите на Села поднесуваат оставки


Директорот на затворот „Идризово“ Керим Мамути, како што јавуваат медиумите, поднел оставка од функцијата, по одлуката на „Алијансата за Албанците“ да ја напушти владината коалиција. Вчера, оставки депонираа и заменик-министрите за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во […]

Само две странски компании ќе „осиромашат“ со мерките на Владата


Со вкупна поддршка од 50 милиони евра за следната година ќе почне да се реализира планот за економски раст на Македонија. Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев ја промовираа финалната верзија на овој документ во кој се вградени сите забелешки и предлози од експертите и јавноста дадени на јавните дебати што се организираа во […]

Средба на Заев со Синдикатот на УПОЗ: Владата е ортворена за соработка за отворените прашања


Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за правда Билен Саљији и од државната секретарка во Министерството за финансии Елена Трпковска, денеска имаше средба со претставници на УПОЗ, претседателот Пеце Груевски, генералниот секретар Трпе Деаноски, потпретседателката за правосудство при УПОЗ Верица Тасева и членот на Претседателството и претседател на инспекцискиот одбор, […]

Државниот инспекторат за животна средина со зајакнати контроли на терен


Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска на терен вршат зајакнати контроли на правните субјекти што поседуваат А интегрирани еколошки дозволи (А ИСКЗ), соопшти попладнево ДИЖС. Овие активности се преземени како резултат на прагот на алармирање за надминување на вредноста од 200 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови на […]

Заев: Никој што работи чесно нема да биде избркан


Премиерот Зоран Заев вели дека Владата нема намера да отпушта работници и оти никој, кој чесно работи и си ја заработува платата нема да биде избркан, но, како што посочи сите треба редовно да доаѓаат на работа. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали и зошто од работа во Владата се отпуштаат Роми кои претходно биле […]