Државата ќе си ги брои долговите кон бизнисот


  Владата и јавноста конечно ќе дознаат колку пари му должат државните органи, јавните установи, фондовите и општините на бизнисот. Предлог-законот за пријавување и евиденција на обврски, кој го најави министерот за финансии Драган Тевдовски, влезе во собраниска процедура. Набавен е софтвер во кој сите институции ќе треба да ги внесуваат податоците за тоа колку […]

По автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се вози од следниот месец


Се комплетира целосната документација за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, со што ќе се заокружат потребните активности за негово пуштање во употреба, според најавата од Владата, до средината на следниот месец. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека се извршени потребните техничките контроли на автопатската делница, каде е завршена електрификацијата и потребната […]

Ќе се повтори ли израелското економско чудо во Македонија?


Ако имате мала компанија, добар бизнис-план за раст, идеја за иновација и технолошки развој, можете да добиете до 500.000 евра од државата и да станете косопственик на Владата, со максимум 25 отсто учество во вашиот капитал. Таа во наредните три до пет години ќе го дели со вас успехот и ризикот од пропаст на инвестицијата. […]

Владата нема план за Александар Македонски


Владата се уште не си го зела споменикот на Александар Македонски кој неодамна го отстрани од скопскиот аеродром. Бронзената статуа веќе неколку дена е во еден од магацините на „Металски завод“ заедно со неодамна отстранетиот споменик на Ќосето, што се гледа и од фотографиите до кои дојде „Независен весник“. Каде и кога македонскиот војсководец ќе […]

Влада: АВМУ е одговорна за непречениот политички и финансиски диктат врз медиумите


Причина за штетата на медиумската сфера е и долгогодишниот молк на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности (АВМУ), која не може да избегне одговорност за медиумскиот хаос кој се случуваше во Република Македонија во изминативе години. Тоа се оценува во реакцијата на Владата на оценките на АВМУ по изнесените наводи од министерот без ресор за […]

ИДСЦС за Планот 3-6-9: Целта за ЕУ постигната, Владата е помалку транспарентна


Планот 3-6-9 ја оствари една од своите клучни цели, повеќе од сигурно е дека Европската комисија ќе препорача почеток на преговорите, забележан е напредок во делот на исполнување на активностите, подобрена е мерливоста и предвидливоста, но забележана е помала транспаретност на Владата, се дел од заклучоците во вториот извештај на Институтот за демократија Социетас цивилис […]

Ташковиќ бил избран на оглас, исполнувал критериуми


На 28 ноември минатата година Владата именуваше нови меѓународни членови на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој и тоа: Кларис Бехар Молад – претседател, Дон Левис, Никос Георгоулас, Глигор Ташковиќ и Авинаш Сахи. Изборот на петте меѓународни експерти, членови на Комитетот е направен врз основа на оглас од страна на Владата на Република Макеоднија на сајтот на „The Economist“ […]

И Глигор Ташковиќ во „новите лица“ на Владата


Глигор Ташковиќ, кој во август 2008 година од потпретседателското место во корпорацијата АМБО дојде во вицепремиерската фотелја во Владата на Никола Груевски за да привлекува странски инвестиции, од пред два месеца е дел од Комитетот за одобрување инвестиции. Станува збор за совет што го избира и именува Владата на Република Македонија од редот на експерти […]

Една владина седница – 27 функционерски столчиња за ДУИ


Дури 27 од директорите и замениците директори што ги именуваше Владата на последната седница се од редовите на ДУИ. Покрај Лазар Еленовски, кој се смета сега за кадар на ДУИ и кој е именуван за специјален пратеник на Македонија за НАТО во Брисел, директорска позиција доби уште едно познато име од политиката – Рафис Алити. […]

Џафери не сака да зависи од Заев


Спикерот Талат Цафери се пожали на денешниот брифинг дека парламентот е целосно зависен од Владата, која го определува собранискиот буџет, а министерот за финансии може да скрати дел од средствата. Според Џафери, законодавниот дом треба да има сопствен буџет, а не да зависи од извршната власт. Проблем, како што рече спикерот, е и начинот на […]

Заврши 56 владина седница: Милијарда денари за субвенционирање на нови вработувања


Владата издвои над милијарда денари за субвенционирање на нови вработувања, средства за започнување на сопствен бизнис, обука и други мерки за зголемувања на вработеноста, со акцент на младите во оваа држава. Измени на законот за стечајни работници со што се решава овој долг историски проблем. Од кадровските решенија, именување нов директор во управата за водење […]

Смени или само промени во власта?


Третпат во рок од четири дена, премиерот Зоран Заев најави вчера смени на функционери во извршната власт, но за разлика од неговите претходни изјави, овој пат пролетната реконструкција ја оправда со проширување на мнозинството во Собранието. „Да нема дилеми. Евентуалната реконструкција ќе се случи поради окрупнување на парламентарното мнозинство. Оттука доаѓаат работите. Ако се случи […]

Заев најави реконструкција на Владата, но и зголемување на парламентарното мнозинство


Солидарноста што е изразена меѓу шесте земји од Западен Балкан секогаш да бидеме заедно е причината за изјавата на потпретседателот на Владатa, Бујар Османи дека нема да учествува на конференцијата во Бања Лука, појасни денеска премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања по средбата со тутунопроизводителите во Конче и додаде регионот секаде е заедно без разлика […]

Владата почнува процедура за трет мобилен оператор


Владата започнува со создавање услови за влез на трет мобилен оператор во земјава. Како што информира на денешната средба со новинарите министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ова ќе биде и една од клучните теми на која тој ќе разговара на ГСМ Саемот што од недела започнува во Барселона, Шпанија. – На саемот […]

Допрва треба да се одлучи дали ќе се гради вториот дел од жичарницата на Водно


Градските власти заедно со Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина ќе треба да одлучат дали има потреба да се гради втората фаза од жичарницата на Водно, која треба да тргнува од Козле до Средно Водно. Ваква одлука е донесена на последната владина седница. „Владата го разгледа новиот текст на информацијата за […]

(ВИДЕО) Владата даде виза за законот за аудио-визуелни услуги, се чека реформа на МРТ


Усвоена е стратетијата и акцискиот план за културата, следат темелни реформи, преструктуирање и обнова на културниот систем. Очекуваме учество и придонес на јавноста во овој процес, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, соопштувајќи дел од одлуките од денешната седница нa кабинетот на Зоран Заев. Денес е усвоен и законот за  аудио и аудио – визуелни услуги. […]

Владата ќе бара нов инвеститор доколку Веибо се откаже од работење во Македонија


Владата не може да дава плати во приватни фирми, но сепак ќе се заземе за решавање на проблемот што го имаат вработените во Веибо Груп од Крива Паланка кои повеќе денови штрајкуваат и си ги бараат трите неисплатени плати и ќе се обиде да најде инвеститор кој ќе ги вработи, доколку Веибо одлучи да престане […]

Манчевски: Владата ги трга рацете од изборот на раководните кадри во МРТВ


Владата ги трга рацете од изборот на раководните кадри во МРТВ, тоа треба да биде трајна пракса и токму тоа ќе се обидеме да го воспоставиме со измените во Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, истакна вечерва министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за емисијата Топ-тема. Манчевски ова го посочи […]

Владата отфрла поврзаност со реизборот на директорот на МРТ


Владата нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија, изјави вчера владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по реизборот на Марјан Цветковски на чело на јавниот сервис. „Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Македонија добро знаат кој членува во тој состав, […]

Владата даде согласност за две нови странски инвестиции


Владата донесе одлуки за поддршка на две нови странски инвестиции. Станува збор за компанијата за производство на лекови САГЕН и  за компанијата ВИК. На денешната седница прифатени се одлуките за давање согласност за долготраен закуп на градежно земјиште за компанијата САГЕН, како и за договорот за доделување државна помош на ВИК во Технолошко индустриската развојна зона Прилеп.