Остварлив економскиот раст од 3,2 отсто, смета Владата


Политиката да ги тргне рацете од бизнисот и да остави економските механизми да ги воспостават правилата, да владее правото за секој инвеститор да се чувствува сигурен, а државата да биде стабилна зашто капиталот е плашлив и сака да е заштитен, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“. Анѓушев потенцира […]

Српска листа ја напушта косовската Влада и најави формирање на ЗСО


Српската листа излегува од косовската Влада, а 10-те општини со мнозинско српско население во Косово на 20 април ќе ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска претседателот на партијата Горан Ракиќ. Тој информираше дека одлуката била донесена по консултациите со српскиот претседател Александар Вучиќ, кого постојано го информирале за вчерашните случувања во Косовска Митровица […]

„Илинденска“ бр. 2 пред широка реконструкција


СДСМ, можеби и ДУИ ќе треба да отстапат по едно министерско место во владиниот кабинет, а и натаму е отворена можноста за воведување вицепремиерско место за спроведување на реформите. Вакви се првичните очекувања од реконструкцијата на извршната власт што премиерот Зоран Заев ја најавува веќе подолго време, а сега повторно ѝ даде гласност – на […]

Зијадин Села: Во политиката не постои „не“


Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека нема да се вратат во Владата бидејќи станува збор за достоинство. – Не верувам дека таква шанса да се вратиме во Влада ќе има, бидејќи се работи за достоинство. Но, во политиката никогаш не постои „не“, но од друга страна […]

Заев: Ќе има реконструкција на Владата, ќе се зголеми парламентарното мнозинство


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе има реконструкција на Владата и оти почнуваат разговори за зголемување на парламентраното мнозинство. – Веројатно ќе разговараме со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ, истакна Заев по денешниот Форум за владеење на правото во ЈИЕ. Реконструкцијата на Владата и евентуалните промени во ресорите, како што посочи, ќе […]

Со кредит ќе се крпат долговите на општините, скопски Карпош урива рекорди


Скопската општина Карпош е една од десетиците локални самоуправи во државава која ќе се спаси од финансиски колапс благодарение на Владата. Премиерот Зоран Заев вчера најави дека Владата одлучила да земе кредит во висина од околу 120 милиони евра во име на локалните самоуправи за да ги намират наследените долгови. Владата веќе почнала преговори со […]

Утврден предлог – законот за високото образование


Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди Предлог-законот за високото образование, кој ќе биде пуштен во собраниска процедура по усогласување на одредени членови. „Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на […]

Владата го раскинува договорот за концесија за рудникот „Казандол“


Владата на Република Македонија на синоќешната 58. седница реши да биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран. Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување […]

Владата со конкретен чекор за поддршка на инвестициите од дијаспората


Владата попладнево, на својата 58 седница го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората, како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија. Овој закон ја воспоставува правната рамка за реализација на мерките на Владата на Република Македонија од програмата за […]

Огласот сега, помошта во текот на летото


Парите од програмата за економски раст на Владата ќе стигнат до бизнисмените дури на почетокот на летото. Според првичните проценки, државна помош ќе можат да добијат околу осум илјади домашни и странски компании, најави вчера вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев. Првиот оглас за третиот столб за мали и средни претпријатија се очекува да биде […]

Владата ќе расправа за Законот за финансиска поддршка на инвестициите


Законот за финансиска поддршка на инвестициите денеска треба да помине на седница на Влада, а потоа ќе биде ставен во собраниска процедура. Малите и средните претпријатија парите ќе ги добиваат врз основа на правилник преку Фондот за иновации и технолошки развој, но Фондот нема сам да одлучува кому да исплати, туку заедно со претставници од […]

Се навестува широка коалиција за реформи и за името


Владата е заталкана и води погубни економски политики. Со секој изминат ден се потврдуваат сомненијата дека функционерите на СДСМ или свесно ги лажеле граѓаните или се целосно неспособни да реализираат што било од ветеното во текот на кампањата. Катастрофата е иста и на локално и на централно ниво. Во притвор се уставобранителите, а на слобода […]

Новинарите утре на протест: Против заканите на Бекир Асани и поддршка за Насер Селмани


Македонските новинари утре во 11 часот ќе се соберат пред Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) од кадешто ќе се упатат на протест пред Владата. Ваквиот потег произлегува по упатените заканите од страна на функционерот на ДУИ, Бекир Асани кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. „Од Владата ќе побараме на дело да покаже дека се […]

Каталонија: Одложен изборот за претседател на владата


Претседателот на каталонскиот Парламент Роџер Торент ја одложи на неодредено седницата закажана за утре на која Жорди Санчез требаше да биде избран за претседател на регионалната влада. Торент ја донел одлуката откако во петокот шпанскиот истражен судија одби да го пушти од притвор 53-годишниот Санчез, обвинет за бунт против Шпанија, непослушност и учество во организирањето […]

ДУИ со порака до СДСМ: Ако нема закон за јазици, ќе нема ни Влада


Недоразбирањата меѓу владините партнери ДУИ и СДСМ со секој поминат ден само се продлабочуваат. Владини извори брифираат дека партијата на Али Ахмети и натаму не попушта и законот за употреба на јазиците го смета за завршена работа. Од друга страна, социјалдемократите бараат време преку дијалог да се обидат да се договорат со ВМРО-ДПМНЕ која, пак, […]

Владата ќе ги мотивира иселениците да инвестираат во Македонија


Владата ќе бара начин да ги привлече иселениците да инвестираат во Македонија. Освен што ќе можат да ги користат средствата предвидени со Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, се планира дополнителна мотивација која, како модалитет, би се вметнала или во тој текст на законот или во Планот за економски раст, рече денеска министерот за економија […]

Владината коалиција на стрес – тест


Несогласувањата меѓу коалициските партнери во Владата, ДУИ и СДСМ, освен за референдумот околу решението за името, се проширија и во законодавниот дом. Демократската унија за интеграција и СДСМ не можат да се согласат како да помине законот за употреба на јазиците и со тоа на пратениците од опозицијата да им ја отворат вратата да се […]

Села со порака до Ахмети: Ако си маж, излези од Владата!


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, реагираше на неуспешниот обид на партнерите од власта, ДУИ и СДСМ, да го изгласаат Законот за јазиците, упатувајќи му апел на Али Ахмети дека ако овој закон не помине во законодавниот дом, треба да ја напушти владата на Зоран Заев. „Овие политички игри на СДСМ ми личат на […]

Владата наместо општините да управува со отпадот


Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпадот го поддржува предлогот Владата времено да го преземе од општините управувањето со отпадот и смета дека тоа ќе придонесе за побрзо решавање на проблемот со отпадот. Според Асоцијацијата, сегашниот модел на управување со отпадот е добар, но она што недостасува е институционална поддршка во имплементацијата на законите […]

Лазар Еленовски назначен за специјален претставник во НАТО и покрај отпорот во јавноста


И покрај реакциите во јавноста, Лазар Еленовски е назначен за специјален претставник на Владата на Република Македонија за прашања од областа на НАТО интеграциите во Брисел. Решението е објавено на 6 март во Службеник весник и по објавувањето стапува на сила. „Државата му најде работа на Еленовски за да остане во Брисел“ Груевски врати се, […]