ВМРО-ДПМНЕ обвини за погубни политики, СДСМ вели дека опозицијата е очајна


Владата нема капацитет за водење на институциите што се под извршната власт, води погубна економска политика и ги крши Уставот и законите, обвини на денешната собраниска седница опозициската ВМРО-ДПМНЕ која поднесе барање за гласање на доверба на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. За пратениците од СДСМ, денешното барање за гласање доверба на Владата е […]

Почна интерпелацијата на Владата


Почна собраниската седница за интерпелација на Владата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во образложението на барањето за гласање доверба на Владата потпишано од 41 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт. Од ВМРО-ДПМНЕ […]

Кого напаѓа Мицкоски – Заев или Груевски?


Со политички „обвинителен акт“, напишан на пет и пол страници, ќе се соочи денеска Владата на СДСМ и на ДУИ во парламентот. По десетина години владеење и само десетина месеци во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ реши да го прекине петмесечниот бојкот на парламентот со покренување гласање за доверба за кабинетот на Зоран Заев, кој е обвинет за […]

Расправата за доверба во Владата ќе почне утре претпладне


За утре, со почеток во 11 часот, спикерот Талат Џафери ја закажа 42. собраниска седница, на која единствена точка на дневниот ред е прашањето за доверба на Владата што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата на оваа тема треба да трае до полноќ, кога би се реализирало гласањето. За евентуално изгласување недоверба на кабинетот […]

И ВМРО-ДПМНЕ знае дека не паѓа Владата


В среда пред полноќ, кога во Собранието би требало да се гласа за доверба на Владата, речиси никој не верува дека опозицијата ќе успее да собере 61 рака што ќе гласа против работата на премиерот Зоран Заев и на неговиот тим. Поднесената интерпелација од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше со цел да се најде причина за […]

Села пак му кажа „не“ на Заев


Двете крила на Беса и ДПА и натаму се во игра за влез во владејачката коалиција откако Алијансата за Албанците зазеде став дека не се враќа во Владата без нови избори. Наспроти тоа, премиерот Зоран Заев за време на празничниот викенд потврди дека не планира вонредни избори и дека е фокусиран моментно на проширување на […]

Алијансата за Албанците не се враќа во Владата


Алијансата за Албанците не се враќа во Владата, најавија од партијата на Зијадин Села, по седницата на Централното собрание што се одржа во Кичево. Од партијата велат дека на ниту еден начин нема да бидат дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да и претходи парламентарен изборен процес. – Оваа едногласна одлука на […]

ВМРО-ДПМНЕ достави интерпелација до Собрание за Владата на Заев


ВМРО-ДПМНЕ достави до Собрание интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев. Ова за ТВ21 го потврди координаторот на партијата, Драган Данев. Интерпелацијата ја достави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ без да даде изјава за медиуми поради празникот Велигден. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски очекува во среда да се свика седница за да се дискутира околу гласањето на […]

Заев: Реконструкција на Владата до крајот на април


До крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата, најави денеска од Штип премиерот Зоран Заев. Прашан дали министерското место за правда ќе остане за кадар на ДУИ, Заев со одговор дека преговорите за тоа прашање се во тек. – Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и […]

Падна(л) договор и за интерпелацијата


ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно, в сабота ќе ја поднесе во парламентот интерпелацијата за работата на Владата на Зоран Заев во изминатите десет месеци, за таа да се разгледува уште на првиот работен ден по велигденските празници. Со тоа, вторник – 10 април ќе биде и прв работен ден за опозициските пратеници по повеќе од четири месеци бојкот […]

Костадинов разрешен од функцијата претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство


На денешната 62. седница Владата го разреши Мите Костадинов од функцијата претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство на Република Македонија. Владата на денешната 62. седница го назначи Муамет Хоџа за втор портпарол. Хоџа беше еден од портпаролите во поранешната Влада, а претходно работеше и во неколку медиуми на албански јазик. Тој во Владата доаѓа […]

Мухамед Хоџа се враќа на портпаролската позиција во Влада


Од денеска Мухамед Хоџа повторно е владин портпарол. „Покрај мене, тука ќе биде и мојот колега Мухамед Хоџа. Добредојде“, објави на Твитер владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Хоџа е дипломиран правник, кадар на ДУИ, од 2002 до 2008 година има работено како новинар во повеќе медиуми на албански јазик. Од 2008 година работеше како раководител на […]

Владата ќе гради нова зграда за Државниот архив


Владата на денешната седница одлучи да гради нова зграда за потребите Државниот архив. „Ќе се гради нов објект, по сите стандарди како што треба да изгледа еден објект за чување на архивски материјали“, информираше накусо владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Посочи дека во меѓувреме почнала санацијата на постоечката зграда на Архивот, дел од „Скопје 2014“ која […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата со ново задолжување, а ниту еден нов капитален проект не е отпочнат


Катастрофалната економска политика на СДСМ се базира на задолжување, задолжување и само задолжување. Нема да помине недела, а јавноста да не види ново задолжување. Денес Министерството за финансии закажа нова аукција на државни хартии од вредност со која ќе се задолжат со нови речиси 29 милиони евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. “Со ова […]

Со праг од 1.000 евра, повисок персоналец за 74.000 граѓани


Првите пресметки на Владата покажуваат дека доколку се воведе оданочување од 18 отсто на делот од приходите над 1.000 евра, повисок персоналец ќе треба да плаќаат 74.000 граѓани. „Верувам дека процентот е многу мал а ќе се соберат сериозни средства“, ги откри бројките премиерот Зоран Заев, на Првата годишна конференција на Министерството за финансии по […]

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа утре, ќе ја чека седницата за доверба на Владата


Првата пленарна седница на која ќе се појави ВМРО-ДПМНЕ во праламентот, по одлуката за прекин на бојкотот, ќе биде таа на која ќе се расправа за довербата во владиниот кабинет, најавува координаторот на пратеничката група Драган Данев Иако за утре е закажана нова седница, на чиј дневен ред се законите за судови и за Судски […]

На 10 или 11 април собраниска седница за недоверба на Владата


Седницата на Собранието на која ќе се најдат реформските закони треба да се одржи на 10 или 11 април. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствуваше претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Враќањето на опозицијата во работата на Парламентот беше најавено […]

Заев: Велигден да ни ја даде силата за изградба на едно општество за сите


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев по повод христијанскиот празник Велигден, што го прославуваат верниците на Католичката црква, упати писмо со честитки до Г. Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Римокатоличката Црква во Република Македонија. Премиерот Заев во честитката пишува дека во негово лично име и во име на Владата на […]

Вработени во српската Влада заболени од морбили, ќе се тестираат и министрите


Две лица вработени во Владата на Србија се заболени од морбили, поради што е организирано тестирање на сите министри и владини службеници, објави денеска белградскиот весник „Блиц“. Според весникот со морбили се заразени една хигиеничарка и еден припадник на обезбедувањето. Ако при тестирањето се докаже дека некој од вработените нема доволен број антитела веднаш ќе […]

Приштина: ЗСО што ќе ја формираат Српска листа нема да има легитимитет


Во првата реакција на најавата на Српска листа дека ќе ја формираат Заедницата на српски општини, од косовската Влада соопштија дека тој орган нема да има легитимитет. – Заедницата е обврска која Косово ја презеде во процесот на Бриселскиот дијалог и која ќе биде реализирана во блиска иднина. Ниту една иницијатива која не е занована […]