Бугарија: Собранието ја отфрли предложената влада на Николај Габровски


  Како и што се очекуваше, бугарското собрание ја отфрли предложената влада на мандатарот, неврохирургот, Николај Габровски. Тој беше предложен за мандатар од најсилната политичка партија, ГЕРБ. Габровски ги собра зад себе пратениците на ГЕРБ, партијата на Турците, ДПС, и Бугарски подем на поранешниот службен премиер Стефан јанев. Но тоа беше недоволни. Трите формации собраа […]

Владата утре ќе именува нов директор на АНБ


Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност. -Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали. Досегашниот директоѕр на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

Финската Влада го повика парламентот да го усвои Основниот договор за НАТО


 Финската Влада денеска соопшти дека го повикала Парламентот формално да го усвои Основниот договор за НАТО, за да ја подготви земјата за членство во воената алијанса кога Унгарија и Турција ќе го одобрат барањето. – Нашиот напредок кон членството во НАТО е важен за нас Финците, но и за членките на НАТО, рече министерот за […]

Дојави за бомби во повеќе хрватски институции, во тек е евакуација


Врховниот и Вишиот кривичен суд во Хрватска добија дојави за поставена бомба, а во тек е евакуација на вработените. Дојава наводно стигнал до Владата на Хрватска. -Добивме информации за можни експлозивни направи во неколку судови во градот. Во соработка со одговорните лица на институциите се утврдуваат сите околности, наведува загрепската полиција за Индекс.хр. Неколку стотици […]

Владата го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот за безбедност со храна во Западен Балкан


 Владата на денешната седница го разгледа и усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан предложен од Министерството за надворешни работи. Со овој Договор, членките на иницијативата Отворен Балкан ја потврдуваат неопходноста од соработка за спречување и ублажување на потенцијалниот недостиг од основни земјоделско-прехранбени […]

Димовски треба да реферира на затворена седница на Влада за случајот „Онишченко“


  На затворена владина седница денеска се очекува директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски да даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Укранинец Олександер Онишченко. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да се утврди одговорност за случајот. Во АНБ, според медиумите,  суспендирани се двајца службеници за пропуст во проверката […]

Радев: Третиот мандат за нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година


 Третиот мандат за формирање нова бугарска Влада ќе биде врачен по Нова година, за да има избори во Бугарија во месец март, најави бугарскиот претседател Румен Радев на консултациите со „Демократска Бугарија “. Радев изрази надеж дека нема да дојде до ваква ситуација, коментирајќи дека има повици од различни кругови во Бугарија веднаш да се […]

Владата го усвои текстот на барањето до ММФ за кредитот од 530 милиони евра


Владата  на денешната 99 седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра. Средствата од Кредитната линија, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наменети за поддршка на […]

Мотивирачки стипендии и за студенти од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки


На предлог на Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната 97-ма седница донесе одлука за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2022 година. Со предложените измени, како што информираат од владината прес-служба, се воведуваат нови мотивирачки […]

Владата забрани, а општините продолжуваат да формираат претпријатија за улично осветлување


  Општина Аеродром формираше јавно претпријатие кое има обврска да го менаџира уличното осветлување, а Владата пред два дена донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување. Ваквата одлука, велат […]

ДКСК го запре постапувањето за набавка на 200.000 кинески антиковид-вакцини со посредничка фирма од Хонг Конг


Антикорупциската комисија денеска на седница одлучи да го запре постапувањето по пријавата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за договорот на Владата за набавката на 200.000 вакцини против Ковид-19 од кинеската компанија „Синофарм“ во 2021 преку посредничка „фантомска“ фирма „Стабри интернешенл“ од Хонг Конг. -Иако во јавноста провејуваше дека ова е нелегално, реално во Македонија тогаш немаше законска […]

Француската центристичка влада на Макрон преживеа две гласања за недоверба


  Центристичката влада на францускиот претседател Емануел Макрон преживеа две гласања за недоверба, кои пратениците од опозицијата ги иницираа затоа што протестираат против употребата на специјално уставно овластување за воведување предлог-закон за буџет во Собранието без гласање.   Левичарската коалиција Непокорни и екстремно десничарската партија Национален собир поднесоа два посебни предлога за гласање недоверба.   […]

Собраниската седница за избор на нова Влада на Србија најавена за 25 октомври


  Потпретседателот на Српската напредна партија Милош Вучевиќ изјави дека седницата на Собранието на Србија, на која пратениците ќе гласаат за изборот на новата влада, треба да биде свикана во вторник, 25 октомври. По седницата на Главниот одбор на СНС, Вучевиќ изјави дека членовите на тоа тело едногласно го усвоиле предлогот за кандидати за министри […]

Матарела два дена ќе има консултации за формирање на новата италијанска Влада


Кабинетот на италчијанскиот претседател, Серѓо Матарела денеска соопшти дека утре и задутре ќе се спроведат консултации за формирање на нова италијанска Влада. На парламентарните избори во Италија, што се одржаа минатиот месец, победи десничарскиот блок, предводен од Ѓорѓа Мелони, лидерката на „Браќата на Италија“, во која уште се и „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио […]

Владата го разреши раководството на фабриката „Колска“


  Владата на денешната 90-та седница ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката за шински возила „Велес“, ДООЕЛ – Велес, позната под називот Колска. Како што информираат од владината прес-служба, на седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што на овој субјект е […]

Владата усвои План со мерки и препораки: Ќе се намалуваат расходите за плати, субвенции, а ќе се проширува даночната основа…


  План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст со политики, препораки, мерки и индикатори, е усвоен денеска на седница на Владата. Се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски […]

Владата денеска ќе расправа за мерките за поддршка на граѓаните и компаниите


  Владата денеска ќе ја одржи редовната 88-ма седница на чиј дневен ред ќе бидат точки поврзани со мерките за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско-енергетска криза. За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана, соопшти владината прес- служба.

(Фото) Во Владата почна средбата Ковачевски – Мицкоски


Во Владата попладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која треба да се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа. Мицкоски на доаѓање во Владата пред средбата изјави дека како партијата се подготвени да понудат решенија за тешката состојба во енегретиката и кризата […]

Прес-конференција на портпаролите на Владата и соработникот за енергетика Андонов


Прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа и Виктор Андонов, соработник за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Проследете ја во живо:

Владата смирува, парно за скопјани ќе има


  Владата на Република Северна Македонија континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска […]