Денеска две гласања за недоверба на владата на Макрон поради пензиската реформа


  Француската влада ќе се соочи со две гласања за недоверба во понеделник, поради нејзината контроверзна пензиска реформа. Премиерката Елизабет Борн го искористи уставниот член 49:3 за да го протурка законот без гласање минатата недела. Оттогаш, илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на протест. Барањата за недоверба беа поднесени од центристичките пратеници […]

Владата ги утврди предлог-законите за ратификација на договорите за слободно движење со лични карти и признавање дипломи


Владата денеска на седница го утврди текстот на предлог – законите за ратификација на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст […]

Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Влада


Вчера се случила сообраќајна несреќа кај Влада во Скопје, при што со повреди се здобиле три лица. – На 12.03.2023 во 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Л.(22) […]

Поради новинарскиот марш ќе има посебен режим на сообраќај во петок во Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, со почеток во 10.30 часот, поради најавен новинарски протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје. Рутата на движење на новинарскиот марш ќе биде од пред зградата на Владата во правец […]

Лекот „трикафта“, за болните од цистична фиброза, ќе се набави за помалку од два месеца


Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека се завршени административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок. Испораката на лекот „трикафта“ за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, […]

Излегувањето на Павле Трајанов нема да го урне владиното мнозинство, вели Ковачевски


Одлуката која што ја донесе Демократскиот сојуз на Павле Трајанов не претставува уривање на владиното мнозинство, рече премиерот Димитар Ковачевски, додека закројуваше лозје во Ресава, Кавадарци. Според Ковачевски, новото парламентарно мнозинство е силно и стабилно и процени дека новиот владин тим во Собранието ќе биде изгласан со најмалку 64 гласови.  Ковачевски се надева дека ДС […]

Алтернатива отиде во опозиција, Гаши го обвини СДСМ за непромислен потег (Видео)


  Алтернатива излегува од владината каолиција и ќе делува како опозиција, најави претседателот на партијата Африм Гаши по завршувањето на состанокот на Централно собрание во партиското седиште во Тетово. „Иако нашите довчерашни партнери ја преминаа и последната етичка линија и немаа трпение да ја чекаат ниту нашата одлука на Централното собрание, што доволно говори за […]

Закажана седница на Собранието за реконструкција на Владата


Во Собранието за во понеделник во 15 часот е закажана 104. седница на која ќе се одлучува за Предлогот за реконструкција на Владата што го испрати премиерот Димитар Ковачевски. Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во […]

Собранието го прими предлогот за реконструкција на Владата и треба да закаже седница


 Од Собранието потврдија дека во нивната архива е примен Предлогот за реконструкција на Владата испратен од премиерот Димитар Ковачевски. -Премиерот го достави предлогот за реконструкција на Владата и е примена од нашата архива. Кој ден ќе биде на седница, односно кога претседателот на Собранието ќе ја свика, ќе информираме дополнително, велат од собраниската прес-служба.  Предлогот […]

Ковачевски ги достави предлозите за реконструкција на Владата до Собранието


Премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија: За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога. За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити. За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен […]

Алтернатива не излегува од владата, но нема да гласа за новата?


Алтернатива не планира да ја напушти владината коалиција, но нема да гласа за реконструкција на Владата, дознава од свои извори  „360 степени“. Од партијата, пак, официјално порачаа дека се уште ја разгледуваат одлуката и ќе ја донесат во недела. „Најтесното партиско раководство на Алтернaтивa е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои […]

Македонија праќа лекари, спасувачи, лекови, опрема и 100.000 евра помош за Турција


Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани, како и големи материјални штети. Министерството за надворешни работи информираше дека има државјани од Северна Македонија во погодените подрачја во Турција, кои се наоѓаат на […]

ССМ: На првото рочиште по тужбата против Владата, не се појавија премиерот или министрите


 Во Основниот граѓански суд во Скопје денеска се одржа првото рочиште по тужбата на Сојузот на синдикати на Македонија против Владата. Од ССМ изразија жалење што на првото рочиште не се појавил ниту еден претставник од Владата.  – Сојузот на синдикатите на Македонија на денешната расправа ги претставуваше и застапуваше работниците на највисоко ниво преку […]

Старото училиште во Љубојно ќе се ревитализира во Центар за промоција на македонскиот јазик


Владата на денешната редовна седница ја разгледа Информацијата за изработка на Проект за реконструкција и ревитализација на Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно и за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште „Димитар Влахов” во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците […]

Владата го разреши Спасовски од Управата за извршување на санкции


Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 119-та седница, на која меѓу другото беа донесени и кадровски одлуки. Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите. Исто така Владата ја именуваше Вангелија Велева за директорка на Педагошката служба, по претходно отворен јавен оглас на којшто Велева е единствен уредно […]

Протест на здруженијата за заштита на животните пред Влада


Во петок на 13.01.2023 година, под мотото „Не сте безбедни во својата држава„ Ајде да пробаме по наше!“ , десетици здруженија за заштита на животните и поединци – активисти, ќе одржат протест пред седиштето на Владата, a по повод последниот стравотен настан што се случи во Струга, кога човек шетајќи со пушка низ градот уби […]

Шоле пристигна во Владата на средба со Ковачевски


Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје, каде што беше пречекан пред платото на Владата од премиерот Димитар Ковачевски. Шоле и Ковачевски ќе разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи […]

Во Црна Гора пропаднаа преговорите за формирање влада


Преговорите меѓу црногорскиот мандатар Миодраг Лекиќ и лидерите на парламентарното мнозинство за формирање влада денеска пропаднаа, бидејќи не беше постигнат договор за поделба на ресорите. По неуспешниот состанок, на кој присуствуваа лидерот на просрпскиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и актуелниот премиер Дритан Абазовиќ – кој траеше само два часа – Лекиќ рече дека нема да […]

Владата го прифати текстот на спогодба со ЕУ за учество на земјава во програмата Дигитална Европа


Владата денеска на седница ја усвои информацијата за потпишување Меѓународна спогодба меѓу Европската Унија и Северна Македонија за учеството на земјава во програмата на Унијата – Дигитална Европа за периодот 2021-2027 година.   Владата го разгледа и прифати усогласениот текст на оваа спогодба, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација. Програмата Дигитална Европа, […]

Зарко Милошевски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност


  Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник-директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во […]