Ѓукановиќ почнува консултации за мандатар на нова црногорска Влада


Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, денеска ќе ги почне консултациите со претставниците на парламентарните партии за мандатарот за состав на новата влада. Како што соопштија од Службата за информирање на претседателот, Ѓукановиќ денеска ќе разговара со претставници на Демократската партија на социјалистите, Демократскиот фронт и Демократска Црна Гора. На малцинската влада на Дритан Абазовиќ на 19 […]

Владата ја назначи Рената Младеновска за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат


Владата на денешната седница за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја назначи Рената Младеновска.   Младеновска на оваа позиција доаѓа од Центарот за јавно здравје – Скопје каде има повеќегодишно институционално искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија. -Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот […]

Владата ќе ја одржи 82. седница


  На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на дневен ред на денешната 82. владина седница е ставена Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за соработка помеѓу DAI Global,LLC. и Владата на Република Северна Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, за разгледување од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предложени и […]

Mаржата за вршење трговија на пазарот на струја ограничена на најмногу 10 отсто


На денешната 80-та седница, Владата донесе Одлука за посебни услови за трговија на одделна стока, според која се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на пазарот со електрична енергија. Највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо […]

Владата ќе одлучува за посебна постапка за поставување фотонапонски електроцентрали


Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење ќе биде разгледан денеска на редовна седница на Владата. Целта на предложените измени е предвидување посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти од страна на потрошувачи-производители како и на категоризација на градбите за производство на електрична енергија од обновливи извори, информира владината прес-служба. На […]

Брнабиќ очекува дека владата ќе биде формирана во септември


Мандатарката за состав на новата влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека верува оти владата ќе биде формирана во септември.   Брнабиќ за телевизијата Прва изјави дека Синиша Мали, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ сигурно ќе бидат во владата, но дека се уште не е време да се зборува за кадрите.   „Од моментот кога ќе […]

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор


  Владата на денешната седница донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија. „Првата одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на […]

В четврток ќе биде прогласена кризна состојба во енергетиката


Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија, потврдија за МИА владини извори. Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции […]

Владата ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи


Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи, согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025). Како што соопшти владината прес-служба, Стратегијата ги утврдува главните цели на даночните реформи, а кои се однесуваат на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и […]

Радев има проблеми да најде министри за службената влада


  Бугарскиот претседател Румен Радев е во потрага да најде министри за третиот службен кабинет во 15 месеци. Бугарските медиуми јавуваат дека многу луѓе што тој ги поскувал за службени министри му откажале, но некои и брзо прифатиле , особено оние што се во опозиција во Бугарската социјалистичка партија (БСП) и нејзината лидерка Корнелија Нинова. […]

Владата ја усвои информацијата на Министерството за здравство за активностите за случајот „Клиника Жан Митрев“


Владата ја разгледа и усвои „Информација на Министерството за здравство за преземените активности во врска со сторијата на Истражувачката лабораторија, емитувана на програмата на Националната телевизија на ден 17 јули 2022 година“, соопштија вчера од Владата. Според Информацијата, на 18 јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската комора по однос на доставеното барање […]

Владата ги достави до Собранието документите од францускиот предлог


Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба. Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите […]

Британските лабуристи ќе побараат гласање за недоверба на Владата на Џонсон


Најголемата британска опозициска Лабуристичка партија најави дека денеска ќе поднесе барање за гласање на недоверба на Владата на премиерот Борис Џонсон, што се очекува да се одржи утре, изјави партиски извор. Предлогот за недоверба значи дека сите пратеници во Парламентот можат да гласаат дали Владата на Џонсон ќе продолжи до работа. Ако на Владата и […]

Блокада пред Владата против францускиот предлог – МВР: Блокирање на автопати е спротивно на законот


Граѓани кои не се согласуваат со францускиот предлог, попладнево го блокираа булеварот пред Владата. Блокади се најавени и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Блокадите се одржуваат денес, а за в недела е најавен нов протест под мотото „Ултиматиум, не благодарам“. Протести во Скопје се одржаа и изминатите […]

Владата го испрати францускиот предлог во Собранието


Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно […]

Почнуваат консултациите за формирање нова бугарска влада


Најголемата партија во бугарскиот парламент „Продолжуваме со промените“ почнува коалициски преговори за поддршка за нова влада, јави дописникот на МИА од Софија. Целта на „Продолжуваме со промените“ е да собере 121 бугарски парламентарец за поддршка на програмата за управување во следните шест месеци и водење на Бугарија низ економската и политичката криза. Денеска во Народното […]

Радев набрзина ги заврши консултациите за нова влада, не разговараше со партијата на Петков


  Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ги заврши консултациите со партиите за избор на нова влада, без да разговара со партијата на премиерот во оставка, Продолжуваме со промената и БСП. Радев изјави дека не го прифаќа нивното барање за одложување на разговорите за викендот, по усвојувањето на ребалансот на буџетот и ќе оди на следниот […]

Дуќанџиите од ГТЦ утре на протест пред Влада


Утре на пладне пред зградата на македонската влада Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 ќе одржи протест на кој ќе побараат итно решавање на бројните проблеми во Градскиот трговски центар во Скопје и примена на законската регулатива. Сопствениците на дуќаните во ГТЦ веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, […]