Пожарите на планините Мукос и Бабуна го загадија воздухот во Велес


 Актуелните пожари во велешко, на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, како и ветрот што непрекинато дува во изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес, иако се на 20- тина и повеќе километри од градот. Мерните инструменти на Министерството за животна средина покажуваат високи вредности на ПМ 10 честичките во воздухот, дури и […]

Зголемен број на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите


Зголемен е бројот на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите, информира за МИА д-р Надица Мицева, дежурен лекар во службата. Таа вели дека во текот на денот има по 5 до 10 повици од граѓаните, а во текот на ноќта по десетина. Мицева појаснува дека најчести повици добиваат од хронично болните […]

Тешко повреден возач кој излетал од мостот кај Градскиот безан во Велес и паднал на шините на пругата


Во СВР Велес синоќа во 22.45 часот било пријавено дека на ул.„Вардарска“, односно на мостот кај Градскиот базен патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот, односно паднало на шините од пругата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница […]

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес


Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на кинеска калиграфија на Ѓоре Ѓелев од Велес, ученик на Институтот „Конфуциј“ во Скопје. Беа претставени 30 дела во кинеска калиграфија пишувани во различни стилови и пренесени мудрости од Конфуциј и од кинеската античка поезија. Изложбата ја отвори кинескиот амбасадор во Скопје, Џанг Ѕуо, а ја […]

Малолетник нападнат од повеќе малолетници во парк во Велес


Во Полициска станица Велес синоќа во 22 часот, 19-годишниот  А.Ѓ. од Велес пријавил дека додека бил со неговиот малолетен брат во Младинскиот парк во Велес, по кратка расправија биле физички нападнати од повеќе малолетници, информира денеска  портпаролот на СВР Велес,  Билјана Ѓаковска.  

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж


Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице. Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР. Увид […]

Се разубавувааат улиците на влезот во Велес


Завршија градежни активности за реконструкција со бехатон плочки на тротоарите на улиците „Димитар Влахов“ и дел од „Илинденска“ на еден од влезовите на Велес, од левата страна на градот, информира градоначалникот Марко Колев. Во овој дел е поставена и нова заштитна ограда со цветни аранжмани со што се разубави влезот од оваа страна на градот. […]

Велешани повторно мамат и заработуваат на Трамп


По големата приказна дека претходните претседателски избори во САД, Доналд трамп ги добил со помош на велешани, сега, пред новите избори во Америка, велешани повторно мамат и заработуваат на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, открива Радио слободна Европа. Најновата „жртва“ е бабичка од 86-години од САД, […]

Мртов млад маж најден утрово под Железен мост во Велес


Човечкиот труп на млад велешанец утрово  е најден под  Железен Мост, во населбата Дворови во Велес.На лице место била повикана екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес,информира за МИА, Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес. Јавниот обвинител Анастасија Миланова беше на местото на настанот и според […]

Меџити: Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.   „Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од […]

Нови 75 места во градинката „Димче Мирчев“ во Велес


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо го одбележаа официјалното отпочнување на функционирањето на доградбата во градинката „Димче Мирчев“ во Општина Велес со која се обезбедува нови 75 места за деца во предучилишната јавна установа. Воедно на посетата беше промовирана и сензорна соба, реализирана со […]

Премиера на „Добри луѓе“ во Велес


Независниот театар „Златен Елец“, денеска ќе ја изведе претставата „Добри луѓе“ на малата сцена во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а играат младите актери од Велес: Тијана Трајчевска и Филип Христовски. Музиката ја работеше Ива Дамјановски, рекламниот материјал е на Бојана Цилевска, извршен продуцент на […]

Комбе полно со мигранти, бегајќи од полицијата, пропадна во ископан канал во Велес


Комбе полно со мигранти вчеравечер околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8 Септември“, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот. Од велешката полиција за […]

Изгоре магацинот на ЈКП „Дервен“ во Велес


 Синоќа во 19:22 часот изби пожар во магацинот на JKP „Дервен“ лоциран наспрема Управната зграда кај Градскиот парк во Велес. Со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес со седум пожарникари и три противпожарни возила пожарот бил целосно изгаснат во 22 часот, информираат денеска за МИА од ЦУК Велес. Како што појаснуваат оттаму, во пожарот […]

БРАКО ги помогна инвестициите во Велес со милион денари за проектирање


Велешката компанија БРАКО помогна со финансиска помош од милион денари за побрзо спроведување на проектите на територија на општина Велес. Општината ја искористи донацијата за побрзо и поефикасно  да спроведе постапката за повеќе инвестиции во градот кои се во интерес на граѓаните. Со финансиската помош беа изготвени основни, идејни и урбанистички проекти за реконструкција на […]

Во синдикалната зграда во Велес ограбени три канцеларии на невладини здруженија


Три канцеларии на граѓански здруженија сместени во приземјето на синдикалната зграда во центарот на Велес, се ограбени од непознати сторители, информира портпаролката на СВР Велес Билјана Ѓаковска. Крадците одземале повеќе предмети од канцелариите. Инаку овие простории се во сопственост на Општина Велес. Ѓаковска посочи дека екипи на СВР Велес направиле увид на самото место и […]

Велес ќе добие атмосферска канализација


Преку проект на ЕУ централното подрачје на Велес по првпат ќе добие атмосферска канализација за отвод на атмосферските и дождовни води од високите реони на градот. Градоначалникот Марко Колев на денешната прес – конференција, одговарајќи на прашање на МИА нагласи дека со тоа ќе се реши повеќедеценискиот проблем со поплавување на централните градски улици по […]

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот


Авто-Мото Сојуз известува дека делницата Велес-Градско ќе биде затворена поради асфалтирање во текот на следната недела, односно од понеделник до петок во периодот од 8 до 18 часот. – Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 […]

Во Велес поплавени улици, деловни објекти и куќа во синоќешното невреме


Територијалната потивпожарна единица – Велес поради синоќешните обилни врнежи од дожд во Велес, синоќа интервенирала на поплавени два деловни објекта на улица „Благој Горев“ и на поплавена куќа на улица „Васил Атанасов“ бр 22 во населба Превалец, информираат од Центарот за управување со кризи Велес. Од таму појаснуваат дека тројца пожарникари на Територијална Противпожарна Единица […]

Убиен 42-годишен маж од Велес, убиецот е приведен


Во селото Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес. Како што информира МВР, тој вчера околу 16.10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „црвена застава“ испукал неколку куршуми кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата од Велес. -Од здобиените повреди во амбулантата […]