Трагедија во Велес, три деца изгореа во пожар


Попладнево околу 17 часот во периферијата на Велес се случило страшна трагедија. Како што потврдуваат од МВР за „Независен Весник“ пожарот се случил на  улица „Даре Џамбаз“ каде што настрадале три дечиња на една, две и петгодишна возраст. Kуќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес.  Најверојатно се работи за […]

Внука го ограбила дедото, му одзела акт-чанта со 65.000 евра


Внука ја ограбила куќата на својот дедо на улицата „Јордан Џурнов“ во Велес и одзела акт-ташна со 65.000 евра и разновидна документација. Настанот вчера во СВР Велес го пријавил С.М. (68) кој посочил дека во периодот од 18. до 30 мај годинава непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа. Како што информира МВР, сторителот преку […]

Повреден 63-годишен мотоциклист во Велес


Мотоциклист утрово во Велес се здоби со телесни повреди откако изгубил контрола во движењето и паднал на коловозот.Од СВР Велес информираа дека сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на ул.  „Коце Димов – Витамин“ во Велес. Шеесет и тригодишниот Ѓ.Ј. се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен […]

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово


Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) на делницата Велес-Катланово, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Прична за времениот сообраќаен режим се градежните активности што ќе се одвиваат на мост од автопатската делница.

Загина возач по пад со автомобил во провалија кај Велес


Шеесет и деветгодишниот скопјанец Н.Т. загина вчера во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, а неговиот соптаник е повреден, откако изгубил контрола над возилото со кое управувал „Цитроен Берлинго“, со скопски регистерски таблички, по што возилото излетало од патот и паднало во провалија. Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 13 часот на […]

Колони возила пред патарината Отовица, кај Велес


Километарска колона возила се создава пред патарината кај Велес, во правец кон Скопје,за МИА јавија патници кои подолго време чекаат да ја минат патарината кај Отовица, над Велешко езеро.. Поради празничниот викенд и последниот неработен ден од Велигденските празници, голем број граѓани кои заминаа на продолжен викенд, сега се соочуваат со проблеми на враќање дома. […]

Почина бебе од велешкото село Бузалково


Во Општата болница во Велес било донесено починато седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково. – Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот, соопшти МВР. Случајот вчера, во 13 часот, бил пријавен во СВР Велес од Општата болница […]

Приведен велешанец оти се заканувал кон персоналот на болницата


Дваесет и двегодишниот Д.А. од Велес бил приведен вчера откако во ходникот на Хируршкото одделение во Велешката општата болница почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив. МВР соопшти дека на местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и […]

„Кралските копилиња“ премиерно во Велешкиот театар


Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, по повод 27-ми март – Светскиот ден на театарот, вечер со почеток во 20 часот премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска продукција „Кралските копилиња“, авторски проект на Сашо Димоски. Како што информира за медиумите Димоски, „Кралските копилиња“ е театар на телото во епски слики, работен според пост-тројанскиот митски […]

Велешанец се бори за живот откако испил половина литро „доместос“


Дваесет и осум годишен велешанец бил донесен синоќа во 19:15 часот во ЈЗУ Општа Болница – Велес, откако се затрул со испивање на половина литар „Доместос“ и 50 грама „Арф“, информираат од СВР Велес. Како што информира портпаролот Верољуб Додевски по извршениот лекарски преглед било констатирано дека е во животна опасност и со возило на […]

Од продавница во Велес украдени 22 лаптоп-компјутери


Како што известуваат од МВР, во продавницата „Нептун“ во Велес, во вчера или завчера непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба алат ги отстранил катанците од влезната врата, го искршил стаклото, влегол внатре и одзел 22 лаптоп-компјутери, разни марки и модели, по што го напуштил местото на настанот. Од велешката полиција велат […]

Тригодишен помен за Тамара, обвинение нема


Од Јавното обвинителство десет месеци чекаат Институтот за судска медицина да им испрати дополнителни документи за да може да се донесе одлука за случајот на Тамара Димовска од Велес, девојчето кое почина додека чекаше операција на ‘рбетот во странство. Овде е заглавена истрагата на Обвинителството, која беше отворена во 2016 година, еден ден пред годишнината […]

Карпа урна ѕид од куќа во Велес


Одрон од карпа и земја турна ѕид од куќа во Велес. Како што соопшти МВР, вчера во 14 часот М.К.(34) во СВР-Велес пријавил дека на улицата „Коле Цветков“ дошло до одрон на карпа и земја од задниот дел од куќата, сопственост на неговиот татко Д.К.(60). Карпата турнала ѕид од куќата и дел од гаражата. За […]

Тодоров на суд со дедото на Тамара од Велес


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Пред Судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења што ќе го направи ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ и од кои треба да се […]

Земјотрес во околината на Каратманово и Велес


Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 19:07 минути на 45 километри југоисточно од Скопје од велешкото епицентрално подрачје. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван од населението во околината на Каратманово и Велес, со интензитет од четири степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Голомразица предизвика сообраќајки кај Велес, кај Неготино и во Скопје (Фото)


Сообраќајна несреќа се случи утрово на излез од Скопје кон Велес, јавуваат возачи кои се наоѓаат на тој пат. Тие предупредуваат дека автопатот е замрзнат. Превртено возило има и кај Кавадарци, на излез кон Неготино. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за „Независен“ изјави дека причина за сообраќајните несреќи е голомразица. Три возила биле извртени на […]

Велешанец со „фиат пунто“ удрил во тројца пешаци


Рано утринава околу четири часот, во близина на Градската библиотека во Велес се случила сообраќајна несреќа. Велешанец кој управувал со возило Фиат Пунто удрил во тројца пешаци, а потоа во потпорен ѕид. Од ударот трите лица кои ја преминувале улицата се здобиле со тешки телесни повреди. По насока на дежурен јавен обвинител од Основното јавно […]