Од денеска, повторно сообраќаат возови, но само од Скопје до Гевгелија и до Велес – до Битола нема


ЈП Железници инфраструктура соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во сообраќај патничките возови кои беа запрени поради изведување  градежни работи на пругата Скопје – Велес, како дел од активностите за проектот „Градски воз“  во делот од станица Скопје до станица Зелениково. Прекинот во сообраќањето на возовите траеше од 22. минатиот месец, од кога се […]

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС


Попладнево околу 16 часот воздухолов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување се вкучи во гасењето на големиот пожар кој денеска околу 10:40 часот избувна на раскрсницата на експресниот пат Велес – Штип, десно под Градската депонија и кој потоа се распламти и зафати голема територија со повеќе краци на ширење. Пожарот се уште гори […]

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово


Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово. […]

Во Велес се поставува опрема за реализација на „Безбеден град“, почеток е најавен за крајот на јули


Министерството за внатрешни работи односно Секторот за внатрешни работи Велес деновиве поставува камери на главните улици на Велес. Се врши монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и камерите. Според првичните информации од претставник на СВР Велес на една од последните седници на Општина Велес, стартот на „Безбеден град“ во Велес се најавува кон крајот на […]

Исчистен одронот на патот Катланово – Велес, сообраќајот нормализиран


Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти – соопшти денеска АМСМ.  Изутринава, од 8.40 часот, поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во […]

Не одете по кафулиња! „Царува“ грипот во Велес


Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информира денеска за […]

Поради сообраќајка во прекин патот Штип – Велес


 На експресниот пат Штип – Велес попладнево се случила сообраќајна несреќа. Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај за состојбата на патиштата информира дека сообраќајот е во прекин во двата правца. 

Преку ЕУ проект се иницира повторно искористување на отпадот од депонијата на фосфогипс од поранешната Хемиска индустрија Велес


Преку проектот FIC-Fighters, чија реализација започна во Велес, се предлага искористување на околу два тони фосфогипс од депонијата на фосфогипс, настаната со таложење на нус производи од Хемиската индустрија Велес, затворена во 2003 година. Истата е лоцирана на ридот во шумата и е видлива при патување по патот Градско – Велес, на само 12 километри […]

Двојно убиство и самоубиство во Велес: Убиени ќерка и татко


Двојно убиство и самоубиство попладнево се случи во Велес. Според информациите кои ги изнесе Министерството за внатрешни работи (МВР), убиени се 31-годишна жена и нејзиниот 68-годишен татко. Изнесувајќи детали за настанот, од МВР наведуваат дека Р. К. (31) со повреди од остар предмет била пронајдена на улица „Кочо Рацин“ во Велес и со возило на […]

На спортските терени и паркови во Велес се поставува видео надзор


 Со цел заштита на урбаната опрема   поставени  се камери за 24 часовен видео надзор на спортските терени кај ООУ „Васил Главинов” во Велес. Како што информираат од локалната самоуправа, во наредниот период ќе бидат поставени камери и на други локации во градот. – Чувај го градот убав, не ја уништувај урбаната опрема наменета за […]

Велешани претстојното лето ќе имаат доволни количества на вода за пиење од ХС „Лисиче“


Жителите на Велес и околните населени места кои со вода за пиење се снабдуваат преку Хидросистемот„Лисиче“ ќе имаат доволно количества на вода во претстојното лето,но и до крајот на годинава. Моментално максималната кота на езерото „Лисиче“ е 421,01 метри надморска височина, кои пресметано во акумулација се 21 милион 209 илјади и 600 метри кубни метри, […]

Пронајден починат планинарот кој синоќа исчезна кај Велес


По интензивна потрага што започна синоќа, денеска заврши трагично потрагата по велешкиот планинар Стојче Пецевски, кој исчезна на ридот ГРООТ, во близина на Велес. Надлежните институции потврдија дека Пецевски е пронајден починат. Информацијата ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој изјави дека моментално нема детали за причините за смртта. -За […]

Велес доби пари од унгарскиот кредит за еден проект, сега аплицира за 16


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Велес, каде што се сретна со градоначалникот Марко Колев и членовите на општинскиот Совет. На средбата разговараа за тековните и идните проекти во општината, со акцент на инфраструктурниот развој, за текот на проектот од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти, […]

Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот


 Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк. За опасноста од излевање на Вардар, како што изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, веќе има дојава до кон Општина Велес и е побарано веднаш да излезат на терен и да извршат правилно и видливо […]

Велес шест дена со високи концентрации на опасните ПМ10 честички во воздухот


 Во изминатите шест дена концентрациите на ПМ 10 честички во воздухот во Велес покажуваат дека се над максимално дозволените. Ова се податоци од Државниот автоматски мониторинг за квалитет на воздух на Министерството за живитна средина и просторно планирање, кои се регистрираат на единствената мерна станица во Велес поставена  во новиот дел од градот во населбата […]

Исчезната 71-годишна велешанка


Во СВР Велес, вчера, 77-годишниот велешанец Д.Т. пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга 71-годишната В.Т, лице со здравствени проблеми. Како што информирa денеска портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес


Поради влошената сотојба и конструкциите со висок ризик за што предупредија од Градежниот факултет од Скопје денеска инспектори од МВР го забранија за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите Велес, се додека се најде привремено решение. За сообраќај се очекува да се приспособи едната лента на мостот до изградбата на […]

Во Велес двојно зголемен бројот на жени заболени од карцином на дојка, болеста регистрирана и кај еден маж


Велес го презема приматот на водечки град во земјава по број на заболени жени од карцином на дојка. На годишно ниво бројот на заболени пациентки се зголемил на илјада новозаболени, а кој пред пандемијата на корона  бил 500 годишно. Се симнува и старосната граница на заболените. Таа сега паднала на 40-годишна возраст, иако најмладата велешанка […]

Општина Велес за утре прогласи ден на жалост поради трјоцата загинати сограѓани


Советот на Општина Велес денеска донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес. Како што информират од Општина Велес, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати […]

Во тек огласот за распределба на 29 станови во новата социјална зграда во Велес


Во Велес во тек е огласот за распределба на 29 станови во новата социјална зграда. Деца без родители или родителска грижа коишто имаат наполнето 18 години и претходно биле згрижени во домови или во родителски семејства како и деца без родители, како и корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни односно […]