Намалување на бројот на новозаразени и на хоспитализирани


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на новозаразени од КОВИД-19 е намален 8 отсто минатата седмица во споредба со претходната. Од 13 до 19 декември заболеле 1922  лица. Тестирани се 19 943, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4, а просечно 9,6. Најмногу […]

Ѝ платиле на медицинска сестра да ги вакцинира со лажни вакцини – сè снимено на камера


  Лица кои се противат на вакцинацијата против Ковид-19 на Сицилија, Италија ѝ платиле на медицинска сестра да има стави лажни вакцини за да добијат здравствен сертификат. Три лица, меѓу кои и медицинска сестра и локален лидер на движењето познато како „Но-вак“, уапсени се и се соочуваат со обвинение за корупција и фалсификат, пренесе „Блиц“. […]

Во Бразил се предлага четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата со ослабен имунитет


Бразил– Бразил ќе понуди четврта доза вакцина против Ковид-19 на возрасните лица со ослабен имунитет. Ќе може да се даде четири месеци по третата дополнителна доза, соопшти Министерството за здравство. Во циркуларното писмо се наведува дека планирано е да се намали интервалот помеѓу втората и третата доза на вакцината од пет на четири месеци. Во […]

Вакцината на „Фајзер“ во Франција одобрена за деца на возраст од 5 до 11 години


Францускиот медицински регулатор ХАС (Haute Autorite de Sante) денеска ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 5 до 11 години. – ХАС сугерира дека сите родители кои сакаат да го направат тоа да можат да ги вакцинираат своите деца на возраст од 5 до 11 години, рече докторка Лиз Алтер, […]

Скандал во Германија: На децата им дале погрешни вакцини против Ковид-19


Неколку деца во Германија случајно примиле вакцини против Ковид-19 на фирмата „Модерна“ која не е одобрена за употреба за нивна возраст. Според зборовите на надлежните, неколку деца во регионот Олпа во покраината Северна Рајна-Вестфалија примиле доза „Модерна“ иако за тие години е одобрена само вакцината на „Бајонтек“. „Родителите на децата веднаш се известени за инцидентот“. […]

Во Германија неколку деца се вакцинирани против Ковид-19 со неодобрена вакцина за нивна возраст


Германија– Неколку деца во Германија случајно биле вакцинирани против Ковид-19, со вакцина што не е се уште одобрена за нивната возрасна група, јави германската новинска агенција ДПА. Во Центарот за вакцинација во округот Олпе во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на неколку деца им била инјектирана вакцината на Модерна. Досега, само вакцината на Фајзер/Бионтех е одобрена за […]

Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19


Словенија – Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што вакцината ќе биде достапна и во скијачките центри, а сите граѓани добија писмо од премиерот Јанез Јанша во кое ги повикува да се вакцинираат. „Да бидеме слободни, но и одговорни, солидарни. Се вакцинираме затоа што е време да се поврземе и да бидеме заедно […]

Фајзер: Пандемијата ќе трае со години?


  Компанијата „Фајзер“ предвидува дека пандемијата од корона виурс нема да заврши се до 2024 година. Ковид-19, тогаш, би можел да стане ендемска болест, што значи место глобални вонредни ситуации ќе биде константно присуството кое редизвикува регионални зарази ширум светот, налик на грипот, соопштија од „Фајзер“. Компанијата, исто така, наведе дека се очекува следната година […]

Вакцината Спутник обезбедува силна заштита и против омикрон варијантата


Русија– Руската вакцина Спутник V обезбедува силна заштита од сериозни симптоми и хоспитализација од варијантата омикрон, објави денеска Рускиот инвестициски фонд (РДИФ), повикувајќи се на прелиминарна студија на производителот на вакцината. Употребата на руската Спутник Лајт вакцина како „засилувачка“ доза помага да се развие посилен одговор на антителата на варијантата омикрон, според студијата на Институтот […]

МЗ: 98% од хоспитализираните со коронавирус не се вакцинирани


Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 16 декември. Како што посочуваат од ресорното министерство, во анализата за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втора доза вакцина. Така во наведениот […]

ЦДЦ: Во САД забележани осум случаи на благ миокардитис кај вакцинирани деца на возраст од пет до 11 години


Американскиот ЦДЦ соопшти дека добил информации за осум случаи на миокардитис кај деца на возраст од пет до 11 години, кои примиле вакцина против коронавирусот на Фајзер/БиоНТек, пренесуваат британските медиуми. ЦДЦ претходно соопшти дека стапката на миокардитис кај момчињата на возраст од 16 до 17 години може да биде над 69 случаи на милион администрирани […]

МЗ: Дури 98 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 не биле вакцинирани


Во периодот од 6 август до 16 декември на територија на државата како позитивни на Ковид-19 се тестирани 64.963 граѓани, од кои 20.894 или 32 отсто биле целосно вакцинирани, покажува денеска објавената анализа на вакцинирани на Министерството за здравство. – Според статистика за изминативе недели, 44.069 граѓани, односно 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не […]

ЕМА: Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се прими како засилувачка два месеца по првата


Швајцарија– Европската агенција за лекови денеска соопшти дека вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ може да се користи како засилувачка доза два месеца по примената на првата доза. „Комитетот на ЕМА (CHMP) заклучи дека засилената доза на вакцината против Ковид-19 на ‘Џонсон и Џонсон’ може да се земе најмалку два месеца по првата доза […]

СЗО: Со ова темпо, целта од 70 отсто вакцинирани Африка ќе ја достигне во 2024 година


Кенија– Африка ќе успее да вакцинира 70 проценти од своето население дури до август 2024 година, покажуваат предвидувањата на Светската здравствена организација, која повторно побара да се забрза кампањата за вакцинација, која значи „спасување на многу животи“. Прагот од 70 проценти се смета за клучен за контрола на пандемијата, потсети Регионалната канцеларија на СЗО за […]

Во Европа почнува вакцинација на децата против Ковид-19


Во Европа наскоро почнува вакцинација на помалите деца против корона вирус. Притоа, европските земји најавуваат различни стратегии и нивната успешност ќе биде показател колку родителите се подготвени на вакцинирање на своите деца. Еден италијански регион во клиниките праќа кловнови и жонглери, Франција и Германија целат на вакцинирање само на најосетливите деца, додека во Данска, децата […]

Закажани над 28.000 термини за вакцинација на деца од пет до 11 години во Грција


Грција – Од петокот до денеска во Грција се закажани над 28.000 термини за вакцинација на деца од пет до 11 години, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, а паралелно, уште еднаш повтори дека не се разгледува можноста за воведување нови мерки во земјата, јави дописничката на МИА […]

Пендаровски прими трета доза вакцина против Ковид-19


Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во Кабинетот ја примија третата доза вакцина против коронавирусот. -Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил. Тој додава дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со КОВИД-19.

Холандија ќе почне вакцинирање против Ковид-19 на деца меѓу пет и 11 години


Холандија– Децата на возраст од пет до 11 години во Холандија ќе почнат да добиваат покана за примање вакцина против Ковид-19 од втората половина на јануари 2022 година, изјави денеска министерот за здравство Хуго де Јонге. Децата со претходно постоечка хронична болест или други зголемени ризици веќе можат да се вакцинираат со Фајзер, јави ДПА. […]

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ


Белгија – Новиот германски канцелар Олаф Шолц по Париз го посети седиштето на Европската Унија каде одржа прес конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Брисел. – Главен приоритет на новата германска Влада е здравството и борбата против климатските промени. Прво и пред сѐ го отворивме прашањето за пандемијата […]

Германија воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници


Работниците во германските болници, лекарските ординации и домовите за стари лица мора да докажат дека се вакцинирани или се опоравиле од ковид до средината на март, како дел од новата легислатива усвоена од парламентот во петокот. Покрај задолжителните вакцини за одредени професии од средината на март, новата легислатива, исто така, им дозволува на 16-те покраини […]