ОАЕ им забранија влез на невакцинираните


Обединетите Арапски Емирати нема да дозволат влез на невакцинирани граѓани во земјата, почнувајќи од 10 јануари, објави денеска новинската агенција WAM, повикувајќи се на информации од тамошните Министерство за надворешни работи и Националната агенција за управување со кризи. Во извештајот се наведува дека на целосно имунизираните граѓани ќе им треба доказ за примена бустер доза […]

Јапонците прават вакцина против Ковид-19 која ќе трае цел живот


Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија. Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист. Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му […]

Почнува вакцинацијата со Турковак


Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против Ковид-19 Турковак, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти. Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата […]

Мексико одобри употреба на кубанската вакцина против Ковид-19


Мексико – Мексиканскиот регулатор за лекови ја одобри кубанската вакцина против КОВИД-19 „Абдала“ за итна употреба. Абдала е десетта вакцина против Ковид одобрена од Федералната комисија за заштита од здравствен ризик за употреба во Мексико. Кубанските вакцини се базираат на рекомбиниран протеин, технологија што ја користат и американската фармацевтска компанија Новавакс и француската Санофи. Според кубанските научници нивната ефикасност е над 90 […]

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19


Медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив денеска го почна првото тестирање во светот на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19. – Најголемиот медицински центар во Израел и на Блискиот Исток ангажираше 150 вработени за истражувањето, а секој од нив прими трета, засилувачка доза, во август и сега нивното ниво на антитела […]

АТП: Вакцинирани 95 отсто од најдобрите светски тенисери


Англија – Вакцинирани против коронавирус се вкупно 95 од 100. најдобро рангирани светски тенисери, изјави денеска првиот човек на АТП Тур, Сајмон Хигсон. Извршниот директор на АТП Тур наведе на Твитер дека само пет играчи од Топ 100 најдобри не примиле вакцина против Ковид-19, без да го наведе нивниот идентитет. – Нашите најнови бројки за првите […]

Белата куќа ја нарече пораката на Трамп за вакцините „добра работа“


САД– Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки во четвртокот му аплаудираше на поранешниот претседател Доналд Трамп за неговите неодамнешни коментари за промовирање на вакцината против Ковид-19. „Ние сме благодарни што поранешниот претседател го доби бустерот“, им рече Псаки на новинарите на брифингот во Белата куќа. „Ние сме, исто така, благодарни што тој јасно стави […]

Половина од Германците не се задоволни од кампањата за вакцинација против Ковид-19


Германија – Секој втор човек во Германија е незадоволен од организацијата на кампањата за вакцинација против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на „ЈуГов“ (YouGov) за германската новинска агенција ДПА. Деветнаесет отсто од испитаниците изјавиле дека се многу незадоволни, а уште 31 процент дека се незадоволни од тоа како се спроведувала имунизацијата во изминатите 12 месеци. Само […]

Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19


Израел– Израелското Министерство за здравство синоќа соопшти дека се пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата над 60 години. Генералниот директор на Министерството за здравство, Нехман Аш треба да ја одобри кампањата за вакцинација со четврта доза, а сега се проучуваат податоците од Велика Британија, кои навестуваат дека сојот омикрон предизвикува помалку […]

Турција почна со масовно производство на домашно развиената вакцина против Ковид-19


Турција– Турција почна со масовно производство на домашно развиената вакцина против Ковид-19 – Турковак – откако доби дозвола за итна употреба од здравствените власти. Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа,   изјави дека домашно развиената турска вакцина против коронавирусот, „Турковак“, е одобрена за итна употреба, јави Анадолија. Министерот присуствуваше на пуштањето во сериско производство на инактивната […]

Од утре нови мерки во Грција: Силна препорака посетителите да се тестираат два пати по пристигнувањето


Грција– Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре […]

Британија: Наскоро четврта доза вакцина против Ковид-19, четири месеци по третата


Велика Британија разгледува предлог да даде четврта доза од вакцина против Ковид-19, која би можела да се прими четири месеци по третата засилувачка доза, со цел да се запре ширењето на сојот омикрон. Германија и Израел веќе ја разгледуваат таа опција. Давањето на вториот сет засилувачки дози го разгледуваат британските експерти од Мешовитиот комитет за […]

Дали вакцината против Ковид-19 е безбедна за децата?


  Дали вакцината против Ковид-19 е безбедна за децата? Да, американските регулатори ја одобрија вакцината на „Фајзер“ за помали деца откако милиони момчиња на возраст од 12 до 17 години веќе безбедно ја примиле вакцината, единствената достапна за деца во САД. Повеќе од 5 милиони деца на возраст од 5 до 11 години ја примиле […]

Шолц сака 80 отсто од луѓето во Германија да бидат вакцинирани до 7 јануари


Германија- Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц сака 80 отсто од луѓето во Германија да бидат вакцинирани до 7 јануари, јави ДПА. Според портпаролот на кабинетот, Штефен Хебешрајт, целта од 80 отсто се однесува на оние со прва доза. Во моментов, 61,2 милиони луѓе во Германија се вакцинирани со најмалку една доза, што е 73,6 отсто […]

Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, се затвораат дел од ковид-центрите


Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите се затвораат и целата интерна клиника се враќа во нормала, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. Според него, сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа, што, како што рече, такви собири на јавни места има насекаде и пред Нова година. Практично, […]

АстраЗенека развива вакцина која ќе нуди заштита од новата омикрон варијанта


Англија— Британско-шведскиот производител на лекови АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд соопштија дека развиваат нова верзија на нејзината вакцина со две дози која ќе обезбеди заштита конкретно од новата омикрон варијанта на коронавирусот. Вакцината е базирана на аденовирус, која, според клиниката Мајо, е изменета така што не може да се интегрира во ДНК-то на една личност и […]

Одобрена употребата на турската вакцина против Ковид-19


Турската вакцина против Ковид-19, Турковак, е одобрена од турските власти за итна употреба и ќе почне да се користи од следниот викенд, изјави денеска министерот за здравство Фахретин Коџа. Турција почна да ја развива вакцината Турковак оваа година, но нејзиното пуштање во употреба беше одложeно неколку пати. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ќе […]

Војската на САД пред револуционерно откритие: развиле вакцина против сите варијанти на короната


Во следните неколку недели, научниците од Институтот за истражување „Волтер Рид“ очекуваат да објават дека развиле вакцина која е ефикасна против коронавирусот и сите негови варијанти, вклучително и омикрон, но и против претходните вируси САРС кои убиле милиони ширум светот. Достигнувањето на научниците е резултат на речиси двегодишна работа. Воената лабораторија ја доби првата ДНК […]

Ако Ѓоковиќ се појави на турнирот, тогаш или се вакцинирал или добил посебна медицинска дозвола, вели директорот на Австралија опен


Австралија – Директорот на Австралија опен Крег Тили соопшти дека тенисерите кои имаат посебни медицински дозволи дека не смеат да се вакцинираат ќе можат да учествуваат на Грен слемот. Тој коментираше евентуалното учеството на првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ на еден од четирите најголеми турнири во светот. – Сите што доаѓаат кај нас се вакцинирани. […]

Во јануари Франција воведува „вакцина пропусница“


Франција– Франција во првата половина на јануари ќе усвои закон, со кој се бара луѓето да мора да бидат вакцинирани за да вршат  одредени професии или да одат во кина и барови. Со предлог законот сегашната здравствена пропусница, ќе стане „вакцина пропусница“, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал. Според сегашните правила, неодамнешен негативен резултат од […]