Трамп од најголемите светски фармацевтски компании побара да го забрзаат развојот на вакцината против коронавирусот


Американскиот претседател Доналд Трамп се состана со директорите на 10-те најголеми светски фармацевтски компании и од нив побара да го забрзаат развојот на вакцината и да пронајдат делотворни третмани против коронавирусот. Во меѓувреме, бројот на случаите на заразени и умрени во САД и натаму се зголемува, откако во американската сојузна држава Вашингтон починаа девет лица. […]

Со МРП досега вакцинирани 34.214 лица на возраст до 14 години


Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 34.214. Од нив, 16.333 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 17.881 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата. Од почетокот на […]

И од септември упис во градинки само со уреден вакцинален картон


Родителите на дечињата кои од септември ќе се запишуваат во градинките мора да достават и уреден вакцинален картон како што е пропишано со законот, дури и да заврши епидемијата на морбили. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека Владата е конзистентна во почитување на законите, кои и до денеска пропишуваат дека […]

Одложена средбата со производителот на вакцините


Состанокот на министерот за здравство Венко Филипче, закажан за денеска попладне со одговорните претставници на белгиската компанија производител на вакцината „Глаксо Смит Клајн“ од Белград, се одложува. Причината е снегот, бидејќи претставниците на белгиската компанија загравиле на аеродром и утринскиот лет им бил одложен. Средбата најверојатно ќе се одржи вечерва или утре сабајле, дознава „Независен […]

Откриени нови вакцини со декларации со истечен рок


Нови вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград. Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и […]

Интервју со Александра Грозданова: Квалитетот на вакцините најригорозно се контролира


Во екот на епидемијата со морбили претседателката на Комитетот за имунизација Александра Грозданова вели дека квалитетот и безбедноста на вакцините се едни од најригорозно контролираните процеси во фармацевтската индустрија и дека им се даваат на милиони деца на светско ниво со децении наназад. Процесот на производство на вакцините трае и по повеќе години, а земјите […]

До 11 часот во поликлиниките во Скопје вакцинирани 703 деца


Расте бројот на деца, кои деновиве ја примиле МРП вакцината. Во поликлиниките во Скопје, денеска до 11 часот вкупно се вакцинирани 703 деца. Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда. Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат […]

Србија: Први казни поради невакцинирање деца


Суд во Белград изрече 55 пресуди за родители кои не ги вакцинирале своите деца и тоа во 15 случаи изречена е парична казна, додека за 40 родители изречена е опомена наместо парична казна. Претседателот на Судот за прекршоци во Белград Милан Мариновиќ вели дека од почетокот на примена на Законот за заштита на населението од […]

Француска компанија развива вакцина за вирусот зика


Француската фармацевтска компанија „Санофи“ е на чекор од развивање на ефикасна вакцина за вирусот зика, кој предизвикува сериозни дефекти кај неродените бебиња. Според текст во медицинското списание „Лансет“, компанијата „Санофи“ имала успешни резултати во 90 проценти од пробните вакцинирања на луѓе во САД. Вирусот го пренесуваат комарци и во текот на 2016 година имаше епидемија […]

Еврокомесарот за здравство ги повика противниците на вакцини на одговорност


Европскиот комесар за здравство, Витенис Андриукајтис, денеска ја истакна “моралната одговорност“ на противниците на вакцини и ги покани да ги посетат децата кои страдаат од детска парализа. “ Здруженијата против вакцините не знаат што прават, не знаат што зборуваат“, изјави Андриукајтис на прес-конференција во Брисел. Тој истакна дека тие здруженија се враќаат со децении наназад, […]