Бугарија протерува 70 руски дипломати од Софија и го затвора рускиот Генерален конзулат во Русе 


Бугарија – Бугарската заменичка министерка за надворешни работи, Ирена Димитрова, денеска ја повика во Министерството амбасадорката на Руската Федерација, Елеонора Митрофанова, соопшти прес-центарот на Министерството. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова била информирана за одлуката на бугарските власти да го намалат бројот на вработени во руските дипломатски претставништва во Република Бугарија во границите […]

Радев набрзина ги заврши консултациите за нова влада, не разговараше со партијата на Петков


  Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ги заврши консултациите со партиите за избор на нова влада, без да разговара со партијата на премиерот во оставка, Продолжуваме со промената и БСП. Радев изјави дека не го прифаќа нивното барање за одложување на разговорите за викендот, по усвојувањето на ребалансот на буџетот и ќе оди на следниот […]

Минималната пензија во Бугарија 235 евра, а максималната 1000 евра


Народното собрание на Бугарија одобри од 1 јули минималната пензија во земјата да достигне 467 лева (235 евра), а максималната пензија ќе се искачи на 2.000 лева (1.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Од 1 октомври ќе има уште едно покачување кое ќе стигне до 3.400 лева (1.700 евра), колку што изнесува максималниот приход од […]

Софија ја „префрла топката“ во Скопје: Сега имате избор за својата иднина


Откако во петокот Народното собрание на Бугарија го одобри документот познат во јавноста како „француски предлог“ за деблокада на европскиот пат на Северна Македонија, а вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојана Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи ги поставија „црвените линии“ на земјава за прифаќање на овој нацрт-документ, бугарскиот премиер во оставка Кирил […]

Први случаи на заразени со мајмунски сипаници во Бугарија


Министерството за здравство на Бугарија денеска потврди за први случаи на лица заразени со мајмунски сипаници во таа држава. Станува збор за двајца мажи кои во изминатите две недели биле во Шпанија и Велика Британија. Засега не е познато дека имале контакт со заразени лица. Минатиот месец, водечки советник на Светската здравствена организација рече дека […]

Словенија бара од Париз да најде „магична формула“ да го тргне бугарското вето


  Работата е премногу сериозна за да може и натаму да се одолговлекува ветото на Софија поврзано со нивните тврдења дека Скопје не ги признава и не обезбедува соодветни права за Бугарите во земјата и разни други историски и културни спорови. Словенија и нејзината нова министерка за надворешни работи, Тања Фајон, бара ЕУ конечно да […]

Конфузија во Бугарија – новото мнозинство го бојкотира собранието


  На денот кога треба да се гласа за доведрба на владата на премиерот Кирил Петков бугарската политика влезе во уште еден јазол. Собранието од изутрина не може да заседава затоа што не може да се обезбеди кворум. Седницата на три пати ја бојкотираа четирите партии кои сега го имаат мнозинството во собранието – ГЕРБ, […]

Камион управуван од македонски државјанин се превртел на автопат во Бугарија


Камион управуван од државјанин на Северна Македонија вечерва се превртел на автопатот „Тракија“ во правец кон Софија. Сигналот бил примен околу 20.30 часот во регионалната дирекција на МВР во Пазарџик, јави БНТ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на настанот се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на […]

Уште два дена на владата на Кирил Петков?


  СОФИЈА – Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков најверојатно ќе падне со гласање за недоверба в среда, отстранувајќи ја администрацијата која вети дека ќе ја исчисти ендемската корупција во земјата и зазеде невообичаено силна позиција против Русија. Петков дојде на власт пред само шест месеци, завршувајќи ја бурната година од три општи избори со […]

Нема време до крајот на француското претседателство да се крене блокадата, соопшти бугарското МНР


  Целата бурна расправа околу тоа дали францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија е адекватен или лош, веројатно паѓа во вода, затоа што денеска бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека веќе нема време да се расправа за тој документ. Особено затоа што Комисијата за надворешни […]

Ива Митева од „Има таков народ“ одби да биде предложена за нов претседател на бугарскиот парламент


 Ива Митева од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов одби да биде предложена за претседател за нов претседател на 47. Народно собрание на Бугарија, соопшти таа за БНР по вонредниот состанок на пратеничката група на „Има таков народ“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Митева, немало ништо страшно доколку не се […]

(Видео) Бугарските пратеници ќе се степаа во парламентот


Бугарските пратеници речиси ќе се степаа во законодавниот дом, а за малку не дојде до физичка пресметка помеѓу пратениците од „Продолжуваме со промената“ и ДПС. По остриот говор на Костадин Костадинов од „Преродба“, кој од собраниската говорница обвини дека синоќа бил направен обид за организирање на „Мајдан“ во Софија, јави БГНес. – Вчера бевме сведоци […]

Нова коалиција во Бугарија – сменет претседателот на парламентот, следен е Кирил Петков


  Во Бугарија една коалиција се урива друга се гради. Главен архитект е Слави Трифонов. По бурната расправа од изутринава со 125 гласа за и 114 против парламентот го смени од неговата функција претседателот Никола Минчев. Одлуката за смена ја донесе новата коалиција што се формира – ГЕРБ, Има таков народ, ДПС и националистичката Преродба […]

Бугарија: Поднесено барање за смена на претседателот на собранието


  По жестоката расправа во Собранието на Бугарија околу излагањето на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и нејзините обвинувања на сметка на премиерот Кирил Петков, денеска попладне опозицијата поднесе барање за смена на претседателот на парламентот, Никола Минчев. На тоа барање се потпишани 120 пратеници од Има таков народ, ГЕРБ, ДПС и Преродба. Нивното […]

Бугарска драма: „Предавство“ на Петков или „лудило“ на политиката околу Македонија


  Бугарската политика денеска влезе во своевидна катарза, која не е конечна, но изгледа како почеток по кој можеби ќе се расчистуваат сите магли околу Македонија, местото на Бугарија во ЕУ, блокадата на Македонија и блокадата од страна на Софија на европската перспектива на целиот Западен Балкан. Каков ќе биде резултатот тешко можат да предвидат […]

Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Северна Македонија


 Со гласови од ГЕРБ – СДС, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“, бугарскиот Парламент одлучи како прва точка на дневниот ред, денеска, да ја сослуша министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Предлогот беше одобрен со 117 гласа „за“, 108 против и пет воздржани. Од „Продолжуваме со промената“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и четворица независни […]

„Бруталниот путинизам“ го плаши Петков да го крене ветото


  На Бугарија ѝ се заканува силен антизападен бран среде руската пропаганда, а војната во Украина и укинувањето на ветото за Македонија може да доведе до „брутален путинизам“ дома, додека Скопје смета дека тоа е токму игра во рацете на Русија. „Еурактив“ праша бугарски политички аналитичари за политичката цена на укинувањето на ветото на земјата […]

Бугарија контрапродуктивно ги брани своите интереси, вели белгискиот професор Детрез


  Едноумието за македонското прашање во Бугарија е задушувачко. Секој што има поинакво мислење е „национален предавник“ или „колаборационист“, вели познатиот историчар од Белгија, професорот Рајмонд Детрез во разговор за бугарската редакција на Дојче веле. Детрез кој е основач на Центарот за југоисточно-европски студии на Универзитет во Гент, Белгија, и автор на повеќе книги посветени […]

Наоми Кемпбел малтретирана на софискиот аеродром, објавија британските медиуми


Бугарија- Софискиот аеродром почна истрага по објавените текстови во британските медиуми за манекенката Наоми Кемпбел, која се пожали дека ја избрале за претрес на аеродромот во Софија само зашто е црномуреста.   „Искрено жалиме за негативните искуства на госпоѓата Кемпбел во Софија. Денеска почнавме целосна истрага за тоа што се случило. Во контакт сме со […]

Олаф Шолц не успеа во Софија, пишува „Политико“


  Германскиот канцелар Олаф Шолц ја притисна Бугарија да ја укине блокадата на кандидатурата за членство на Северна Македонија во ЕУ за време на посетата на Софија во саботата, но не успеа да постигне пробив во долгогодишниот спор, пишува бриселски „Политико“. Понатаму, во статијата се наведува: „Шолц, кој застана во Софија патувајќи низ клучните главни […]