Изложба на македонски и бугарски уметници во Ловеч


Во организација на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија во соработка со уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“, синоќа во бугарскиот град Ловеч беше отворена изложба под наслов: „Слобода?!“, на која се претставени дела на 15 современи македонски и бугарски уметници, јави дописникот на МИА од Софија. Како што информира Втората програма на Бугарското национално […]

Радев почнува консултации со партиите од бугарскиот Парламент


Бугарија– Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во 47. Народно Собрание, пред да го врачи третиот мандат за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент, јави дописникот на МИА од Софија Радев пред два дена, по враќањето од посетата на Црна Гора, рече дека ќе има […]

Софија била задоволна со првиот француски предлог, но несреќна околу македонскиот јазик


  Бугарското Министерство за надворешни работи е незадоволно што во преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик, а Договорот за добрососедство и протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата, пишува Дојче веле за извештајот што го подготвила шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и кој требаше да го чита пред бугарските пратеници. Тој […]

Гасот во Бугарија поскапува 30 отсто


  Бугарската државна компанија „Булгаргас“ потврди дека гасот ќе поскапи во јули. Новата цена ќе биде 186,47 бугарски лева (95,25 евра) по мегават час(MWh), пренесе Biznis.rs. Во бугарскиот парламент одржана е седница од затворен тип. а во текот на заседавањето пратениците разговарале со премиерот Кирил Петков и со министерот за енергетика Александар Николаев за безбедноста […]

Не успеа првиот обид за смена на бугарскиот јавен обвинител Гешев


Пленумот на Врховниот судски совет на Бугарија вчера не изгласа смена на главниот обвинител Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија. По дебатата за останување на Гешев на функцијата гласаа 16 члена, а против се изјаснија двајца. Првпат во Бугарија имаше обид за отповикување на главен обвинител. Смена на Гешев беше побарана по 2,5 […]

Трите партии во идната бугарска владина коалиција договорија заедничка програма


На коалицискиот совет синоќа е постигнат договор за програмата за управување во следните шест месеци меѓу трите партии кои владееја во старата коалиција во Бугарија, „Продолжуваме со промената“, Бугарската социјалистичка партија и „Демократска Бугарија“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, персоналниот состав на идната бугарска влада, што ќе го предложи заменик претседателот на […]

Георги Прванов: Со ветото Бугарија ја загуби битката за историјата


  Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов (2002-2012) денеска повика на конструктивен пристап во односите меѓу Софија и Скопје. „Колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан, дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза. Така што, да се надеваме дека ќе се направи потег и оваа сага ќе […]

Како Бугарија стана заробена држава?


  Во текот на годините на т.н. транзиција во Бугарија, видовме различни иновативни модели на корупција. Но, случајот со „Капитан Андреево“ е посебен. Најмалку една деценија, државата им го отстапуваше клучниот контролен пункт на приватни компании зад кои стоеја луѓе попознати по нивните подземни прекари. И очекувано, воспоставувањето на овој модел предизвика  понуди за мито, […]

Протераните 70 руски дипломати и нивните семејства попладнево со два авиона ќе заминат од Софија


Два авиони на Руската Федерација денеска во попладневните часови се очекува да пристигнат на аеродромот во Софија за да ги однесат протераните 70 дипломати и вработени во руската амбасада и нивните роднини, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според непотврдени информации, вкупниот број руски државјани кои ќе ја напуштат Бугарија е […]

Почнуваат консултациите за формирање нова бугарска влада


Најголемата партија во бугарскиот парламент „Продолжуваме со промените“ почнува коалициски преговори за поддршка за нова влада, јави дописникот на МИА од Софија. Целта на „Продолжуваме со промените“ е да собере 121 бугарски парламентарец за поддршка на програмата за управување во следните шест месеци и водење на Бугарија низ економската и политичката криза. Денеска во Народното […]

Османи: Доколку Владата одлучи да го одобри пакетот, може веднаш да се потпише протоколот со Бугарија


Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој процес. Ова е […]

Маричиќ: Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка


Во оваа фаза ние се уште ги разгледуваме документите во пакет, така како што се предложени и откако сите документи ќе бидат разгледни, ќе се согласиме или нема да се согласиме, зависно од исходот, но доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури, одговори вицепремиерот за европски прашања […]

Во Софија заедничка вежба на македонските и бугарските специјални полициски единици (фото)


Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија во Софија, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, со придружна делегација, учествуваа на билатерална средба со  министерот за внатрешни работи  Бојко Рашков.         Министерот Спасовски упати благодарност до колегата домаќин, министерот за внатрешни […]

Бугарката Ружа Игнатова е најбаран бегалец на ФБИ


САД- Ружа Игнатова, таканаречената Криптокралица, сега е прогласена за најбаран бегалец од ФБИ. ФБИ ја додаде Игнатова на својата листа на 10 најбарани бегалци поради наводно измама на инвеститори од повеќе од 4 милијарди долари преку OneCoin, компанија за криптовалути на која таа помогна да се основа во 2014 година. Овој потег доаѓа откако Европол […]

Асен Василев ќе го замени Кирил Петков


Бугарија– Асен Василев ќе биде кандидатот за премиер кој „Продолжи со промените“ ќе предложи да ја предводи евентуалната нова влада на Бугарија со мандат од партијата во актуелниот парламент. Ова го соопшти бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков.   Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков најави дека има неоспорна доверба во Асен […]

Спасовски на средба со Рашков во Софија


Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков изутринава го пречека македонскиот колега Оливер Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија. Рашков му искажа добредојде на Спасовски на влезот во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Рашков рече дека посетата на Спасовски на Бугарија е […]

Радев денеска ќе го врачи мандатот за состав на новата бугарска влада


Бугарија –  Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе и го врачи првиот мандат за формирање нова влада на најголемата политичка групација во Народното собрание „Продолжуваме со промените“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, поддршката за новата влада, добиена со првиот мандат, станува се покомплицирана по повлекувањето на Бугарската социјалистичка партија од преговарачката маса, […]

Москва ѝ постави ултиматум на Софија: Или ќе ја повлечете одлуката за дипломатите или ја затвораме амбасадата


  Руската амбасадорка Елеонора Митрофанова ѝ постави ултиматум на Бугарија до 1 јули до 12 часот да ја поништи одлуката за протерување на 70 руски дипломати или во спротивно „руското раководство веднаш ќе го покрене прашањето за затворање на Амбасадата на Руската Федерација во Бугарија“. Ваква вербална нота Митрофанова му врачила на бугарското Министерство за […]

Социјалистите му свртеа грб на Петков, ги прекинаа преговорите за нова влада


  Протерувањето на 70 руски дипломати ја натера Бугарската социјалистичка партија (БСП) да ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените. Така, само Демократска Бугарија и неколку независни пратеници останаа да ја поддржат партијата на Кирил Петков и Асен Василев. „Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. […]

Уште колку руски дипломати останаа во Бугарија по протерувањето на последните 70


  Бугарија до крајот на неделава ќе протера одеднаш 70 руски дипломати, најави премиерот во оставка Кирил Петков. „Очекуваме целосен авион со 70 седишта да замине за Москва в недела“, рече тој во вторникот. Ова би бил рекорден број на протерани руски дипломати од Бугарија, што ќе ја намали руската мисија во земјата за 2/3 […]