Радев побарал од Шолц ЕУ да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија


  Бугарскиот претседател не му ги споменал на Олаф Шиолц таксативно трите барања што претходно го наведе премиерот Кирил Петков на прес-конференцијата со германскиот канцелар. Како што соопштува прес-службата на Румен Радев, претседателот на средбата му рекол на германскиот канцелар „односите меѓу Бугарија и Северна Македонија не се само историски спор, важно е да се […]

Генчовска и Николов оставките ќе ги поднесат во понеделник 


Двајцата министри на партијата „Има таков народ“ (надворешни работи и енергетика), која пред неколку дена беше дел од бугарската владејачка коалиција, во понеделник ќе поднесат оставки од функциите, откако лидерот на партијата, Слави Трифонов, најави дека ги повлекува своите министри од владата. Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во Варна изјави дека во понеделник […]

Средба во „четири очи“ меѓу Радев и Шолц во Софија


Бугарија – Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор во „четири очи“ со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој се наоѓа во посета на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, по нивната заедничка фотографија, во зградата на претседателската администрација почнаа пленарните разговори меѓу двете делегации. На почетокот од разговорите, како што забележуваат бугарските медиуми, […]

Огњан Минчев: Сите „русофили“ во Бугарија жестоко го бранат ветото за Македонија


  „Не постои ниту еден тнр. ‘русофил’ кој жестоко не го брани бугарското вето за преговорите на ЕУ со Македонија. Згора на тоа, секој што ја доведува во прашање соодветноста на ветото, руските петтоколонаши го нарекуваат ‘национален предавник’. Од кога руските националисти во Бугарија станаа толку големи бугарски патриоти?“, пишува во анализата објавана на својот […]

Зошто германскиот канцелар доаѓа во Бугарија?


  Шолц доаѓа, ИТН заминува. Дезертерањето на Слави Трифонов од владината коалиција можеби се совпадна со посетите на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и германскиот канцелар Олаф Шолц, но оваа коинциденција во времето изгледа повеќе како причинско-последична врска поради различните позиции во преговорите на ЕУ со Северна Македонија, пишува Александар Андреев во својот коментар за […]

Пронајден авионот што без дозвола прелета неколку европски земји, бугарските власти го бараат пилотот


  Бугарските власти го бараат пилотот на авионот кој неовластено прелета неколку евроски земји во средата. Одбранбените сили во земјата ставени се во состојба на готовност во средата навечер кога во бугарскиот воздушен простор откриен е мал авион, јави Еуроњус. „Авион „Бичкрафт“ со две седишта очигледно полетал од Унгарија и прелетал над Полска и над […]

Добредојдовте во Бугарија, каде што НАТО е виновно за војната во Украина


  НАТО е виновно за провоцирањето на „специјалната воена операција“, како што Владимир Путин ја нарече инвазијата на Украина. Вашингтон му помогна на Киев да изгради тајни лаборатории за биолошко оружје. Украина ја бранат нацистите, а светот ги поддржува напорите на Москва да ја ослободи земјата од фашистичкиот режим. Овие лажни наративи и теории на […]

Каков е планот на Слави Трифонов и компанијата?


  Аналитичките жанрови се исцрпени во однос на партиите како Има таков народ и нејзиниот лидер Слави Трифонов. За вакви народни херои треба да се пишуваат оди, барем додека се во подем. Тогаш тие стануваат соодветна тема за жанрот пародија, пишува во својата анализа за Дојче веле бугарскиот политиколог Даниел Смилов. Ода за ИТН. Или […]

Решението за Македонија заглави меѓу „Мадуро“, премиерот „проект“ и мафијашките инсталации во Бугарија


  Бугарскиот премиер Кирил Петков  денес пред еврокомесарот Оливер Вархеи испорача три барања за Македонија  – вклучување на Бугарите во Уставот, исполнување на условите од Рамковната позиција и почитување на Договорот за соработка и добрососедство, практично застанувајќи зад максималистичката позиција. Мрачниот лик со кој се појави на прес-конференцијата и исто таквиот израз на еврокомесарот кажа […]

Конфузија во Бугарија како да се оди понатаму по кризата на владата


  Еден ден по спектакуларното повлекување од министрите во владата од страна на лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов, ситуацијата во Бугарија е прилично нејасна – речиси никој од политичките актери не знае како ќе се движат работите понатаму. Премиерот Кирил Петков вчера најави дека кабинетот ќе функционира како малцинска влада, иако не објасни […]

Петков ќе се спасува со малцинска влада


  Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија Има таков народ. Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“. На Петков со заминувањето на ИТН […]

Ѓоров: Прашањето за ветото за Македонија не треба да оди на референдум


Прашањето за повлекување на ветото за приклучување на Северна Македонија во ЕУ не треба да оди на референдум, смета Андреј Ѓоров, раководител на пратеничката група на најголема партија во бугарскиот парламент „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков. Како што пренесува дописикот на МИА од Софија, според Ѓоров, тргањето на ветото зависи од конкретни дејствија […]

ЕУ нека се разбира со Македонија, а не Софија, вели бугарскиот вицепремиер Асен Василев


  Најблискиот соработник на бугарскиот премиер ја префрли одговорноста за симнување на ветото на Софија за Македонија врз Европската унија. Асен василев, вицепремиер и министер за финансии, изјави дека Бугарија долго време чекала да ги каже своите забелешки, но дека веќе не чека. „Вистината е дека има проблем и тоа не може да се стави […]

Бугарија: Оние што се против кревање на ветото за Македонија се и против воведување на еврото


  Бугарската владејачка коалиција од четири партии не е обединета по прашањето за пристапување на земјата во еврозоната на почетокот на 2024 година и поделена по истата линија како и со неповрзаното прашање за ставање вето на почетокот на преговорите за пристап на соседна Северна Македонија во ЕУ. Постои кревок политички консензус за ова прашање […]

ЕК: Бугарија се уште не исполнува два од условите за влез во еврозоната


 Европската комисија денеска соопшти дека Бугарија се уште не исполнува два од условите за влез во еврозоната. Бугарија не ги исполнува индикаторите за стабилност на цените и законодавството целосно усогласено со правилата на ЕУ. Од Комисијата појаснуваат дека во најсиромашната членка на ЕУ инфлацијата на потрошувачките цени е нерамномерна. Според бугарски медиуми, последните податоци за […]

САД испратија авиони ловци „Ф-35“ за заштита на бугарскиот воздушен простор


Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО. Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше […]

Вонреден коалициски совет во Софија за Северна Македонија


Односите со Северна Македонија ќе бидат главна тема на вонредниот совет на коалициските партнери во бугарската Влада што треба да се одржи вечер во Софија на барање на премиерот премиерот Кирил Петков, јави БНР. Се очекува Петков да им објасни на своите партнери зошто побарал од претседателот на Бугарија, Румен Радев да го свика Консултативниот […]

Растат гласовите во Бугарија дека Софија е главен губитник од блокадата на Македонија


  Дали е знак на политичка отрезнување или конечно согледување на вистинските проблеми што ги предизвикува блокадата на Македонија, но како што се појавуваат тврдите ставови во две партии од владејачката коалиција и „патриотскиот“ дел од општеството, така растат и гласовите во Бугарија дека најголем губитник од оваа ситуација ќе биде Софија, а не Скопје. […]

Макрон во шатл дипломатија – разговараше со Радев, Петков и Ковачевски


  Навистина нема време за губење за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија. Всушност, за нелогичноста на бугарската блокада на европските перспективи на Македонија, која ризикува да го урне кредибилитетот на Европската унија во целиот регион. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска презеде телефонска шатл дипломатија со Софија и Скопје во обид да најде начин […]

Заедничка изложба на македонски и бугарски уметници во Софија


Бугарија– Во галеријата „Мисија“ на Државниот културен институт, (ДКИ) бугарското Министерство за надворешни работи ја отвори колекционерска изложба „Културна дипломатија – балкански дијалог“. На него учествуваат седум бугарски уметници, Светлин Русев, Станислав Памукчиев, Ивајло Мирчев, Љубен Генов, Димитар Чолаков, Милко Божков и Роман Кисов и седум уметници од Република Северна Македонија: Владимир Георгиевски, Павле Кузманоски, […]