Бугарија се враќа во руската орбита, пишува „Зидојче цајтунг“


  Каде оди Бугарија? Дали се враќа во руската орбита? Овие прашања ги поставува германскиот весник „Зидојче цајтунг“, изразувајќи загриженост дека земјата можеби „оди назад“ кон Русија. Според весникот, сè уште не е јасно дали ќе бидат постигнати преговори со Москва, но симптоматично е што руската амбасадорка Елеонора Митрофанова веднаш изразила радосна увереност дека Русија […]

Рама му порача на бугарското МНР дека нивната реакција е „сериозно неприфатлива“


Албанскиот премиер Еди Рама  одговори на реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи, на неговата изјава на безбедносниот форум во словенечкиот град Блед, велејќи дека го кажал истото и во јуни и оти реакцијата „најсериозно е неприфатлива“. „Ако Министерството за надворешни работи на Бугарија немаше ништо поважно денес од јавна изјава за нешто што го […]

Помпео: Бугарија може да биде енергетски центар во југоисточна Европа 


  Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео на своето предавање пред Конфедерацијата на работодавачи и индустријалци во Бугарија, изјави дека е сигурен дека земјата треба да игра клучна улога во енергетската безбедност на Југоисточна Европа, јави дописникот на МИА од Софија. Според Помпео, Бугарија има улога да биде многу важен партнер во обновата на Украина. […]

Прв случај на приведување македонски државјанин во Бугарија за шверц на мигранти


Ова ни е прв случај македонски државјани да биде приведен поради илегален транспорт на мигранти, изјави за МИА портпаролката на Регионалната управа на бугарското Министерство за внатрешни работи во Бургас, Цветелина Рандева, коментирајќи го денешното приведување на 60-годишен возач од земјава под сомнеж за шверц на мигранти од Авганистан. – Досега имало државјани од многу […]

Бугарија: Службената влада сака долго да остане на власт


  На работ на своите уставни овластувања, службената влада во Бугарија се однесува како да се подготвува да остане на власт долго време: се однесува како активен учесник во изборната кампања и ги предодредува принципиелните позиции на државата, обновувајќи ги преговорите со „Гаспром“. Вака Борјана Димитрова од социолошката агенција „Алфа рисрч“ ја коментира предизборната ситуација […]

Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра


СОФИЈА – Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, изјави за МИА дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра. Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност […]

Како Борисов и Радев станаа партнери


  Неодамна, бугарскиот претеседател Румен Радев и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов станаа партнери. Нив ги обедини заеднички интерес и политички калкулации. И двајцата мислат дека би спечалиле политички доколку ја задушат партијата Продолжуваме со промената на поранешниот премиер Кирил Петков. Пресвртот во позициите е зачудувачки, како што се се зачудувачки и димензиите на политичката […]

Бугарија ќе преговара со „Гаспром“


  Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски „Гаспром“, јави дописникот на МИА од Софија. По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори. Според него, Министерството за енергетика на Бугарија […]

Преодната влада на Бугарија ќе земе само една од седумте танкери со гас договорени од Петков


Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, на брифинг најави дека само еден танкер за течен гас на американската компанија „Шиниер“ ќе купи „Булгаргаз“ и тоа ќе биде за октомври. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Христов, одбиени се преостанатите шест од седумте танкери договорени за време […]

Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Северна Македонија


 Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “. Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по […]

Бугарија: Службената влада расчистува со кадрите на Петков – за три дена сменети 60 лица


  Службената влада на Бугарија ја презеде функцијата во средата (3 август) и за три дена досега отпушти 60 високи функционери во администрацијата. Повеќето од новите функционерите беа поставени на високи позиции во претходните преодни влади на претседателот Румен Радев. Еден од отпуштените – сега веќе поранешниот прв човек на Националната агенција за приходи (НАА) […]

Во автобуска несреќа во Бугарија загинаа четворица


Околу 2 часот, автобус со романски регистарски таблички управуван од турски државјанин удрил во автомобил со холандски регистарски таблички, кој бил застанат во третата лента на автопатот Велико Трново – Русе, по што удрил во дрво. Во несреќата животот го загубиле 4 лица, а повредени се 9, од кои еден е пренесен во болница со […]

Михаил Иванов: Унилатералната изјава за јазикот е алиби за Бугарија


  Со унилатералната изјава во однос на македонскиот јазик, Бугарија всушност измисли „вештачка формула“ со која се прави обид „да не се каже дека го признава македонскиот јазик“ и со тоа се создаде неверојатна бариера во односите меѓу двете земји, смета професорот на софискиот Нов бугарски универзитет, Михаил Иванов во интервју за БНР. Според  Иванов, […]

Новата службена влада на Бугарија е со лојалисти на претседателот Радев


  Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска го соопшти составот на новата службена влада (трета за 15 месеци) во која на повеќето министерски места се наоѓаат луѓе со кои тој, на овој или на оној начин има блиски политички односи. Премиер на службената влада е Галаб Донев, кој е дел од администрацијата на претседателот.  Донев […]

Бугарија оди на уште едни избори, четврти за 15 месеци


  Политичката криза во Бугарија како да нема крај. Како и што се очекуваше, Бугарската социјалистичка партија (БСП) објави дека в четврток ќе го врати и нејзиниот мандат за формирање влада што значи дека распуштањето на парламентот е неминовно и Бугарија ќе оди на уште едни избори. Тие ќе бидат четврти по ред за 15 […]

Бугарите ќе можат да патуваат во Турција само со лична карта


Бугарските државјани ќе можат да влегуваат во Турција само со лична карта, објавено е во денешниот турски Службен весник. Одлуката е донесена по указот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Според одлуката, Бугарите ќе можат да влезат во Турција со лична карта во случај на транзитна или туристичка посета до 90 дена во рок од […]

Европските лидери натрупаа проблеми за иднината преку бугарските услови, оценува „Фајненшел тајмс“


  Необичните услови поврзани со патот на Северна Македонија кон членство во Европската унија се причина за загриженост, оценува „Фајненшел тајмс“ по повод почетокот на процесот за пристапување во ЕУ со Скопје и Тирана. Анализата на ФТ ја пренесува Радио Слободна Европа. Весникот пишува дека во 1971 година, офицерите на ЦИА напишале документ на 12 […]

САД ја ставаат Бугарија под надзор, не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе


САД ја ставаат Бугарија под надзор затоа што не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, објавен   од таа институција. Владата на Бугарија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, иако прави значителни напори во оваа насока, се […]

Радев одлучи да го додели третиот мандат за нова влада на Бугарија на БСП


Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во 47. Народно собрание и имаше можност да избере […]

ГЕРБ предложи 24 мај да биде национален празник на Бугарија, наместо 3 март


Предлогот на најголемата опозициска партија во 47. Народно собрание на Бугарија 24 мај да биде национален празник и да се замени 3 март со потпишување на Санстефанскиот мировен договор меѓу Русија и Отоманската империја, што доведе до обнова на Бугарија, предизвика скандал. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на пленарната седница, пратениците на […]