Обединетото Кралство и Франција ќе ги прифаќаат нашите ковид-сертификати, без тестирање


Со новите Ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во ОК. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници. ОК го прифаќа нашиот сертификат за […]

Кремљ: Британската закана со санкции е напад врз руски компании


Русија– Кремљ денеска ја осуди заканата од Лондон за воведување санкции за руски компании и бизнисмени поврзани со рускиот претседател Владимир Путин и наведе дека таквите потези ќе им наштетат и на британските компании. Велика Британија ќе ги санкционира сите деловни интереси и луѓето кои се најтесно поврзани со Путин доколку Русија преземе каква било акција против Украина, изјави […]

Англија ги укинува повеќето мерки – нема маски во училиштата


  Британскиот премиер Борис Џонсон најави укинување на речиси сите мерки во Англија, почнувајќи од идниот четврток, пишува Би-би-си. Ковид-потврдите повеќе нема да бидат потребни за повеќето случувања, но на организаторите ќе им биде дозволено сами да одлучат дали ќе ги бараат или не. Исто така, маските повеќе нема да бидат задолжителни во училиштата, како […]

Тревога во Британија: 122.000 заболени во еден ден


  Водачите на здравствените власти во Велика Британија изразија тревога за голем пораст на бројот на хоспитализации поради Ковид-19, откако 1.171 лице со оваа болест беа примени во последните 24 часа што постави уште еден рекорд на дневни случаи. Најновите владини бројки покажаа дека се регистрирани 122.186 случаи на корона вирус до 9 часот наутро […]

Британија: Наскоро четврта доза вакцина против Ковид-19, четири месеци по третата


Велика Британија разгледува предлог да даде четврта доза од вакцина против Ковид-19, која би можела да се прими четири месеци по третата засилувачка доза, со цел да се запре ширењето на сојот омикрон. Германија и Израел веќе ја разгледуваат таа опција. Давањето на вториот сет засилувачки дози го разгледуваат британските експерти од Мешовитиот комитет за […]

Британски научници ги утврдија симптомите на омикрон варијантата на корона вирус


Најчести симптоми на новата варијанта на корона вирус, омикрон, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка туку и на можна зараза со омикрон сојот. Научниците посочуваат дека симптомите […]

Стинг: Брегзит е катастрофа за Британија


Поранешниот фронтмен на групата „Полис“, Стинг изјави денеска дека не треба да дојде до Брегзит и тоа ќе биде катастрофа за Велика Британија. – Се надевам дека нема да дојде до Брегзит, истакна Стинг, додавајќи оти не слушнал ниту една логична причина зошто излезот од Унијата е добра идеја, додека напротив има многу причини за […]

Британски министер: Ако не се одобри договорот на Меј, следува уставна криза


Британскиот министер за трговија Лајам Фокс изјави денеска дека Велика Британија можеби нема да ја напушти ЕУ доколку Парламентот не го одобри договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј. Тој оцени дека дека тоа би поттикнало демократска и уставна криза во земјата. – Или ќе излеземе од ЕУ со договор, или ќе ја напуштиме без […]

Британскиот Парламент во вторник ќе гласа за договорот за брегзит


Британската Влада денеска објави дека во вторник во Долниот дом на Парламентот ќе се одржи второто гласање за договорот за брегзит, што е договорено со Брисел, изјави министерката за парламентарни прашања Андреа Ледсом. Доколку договорот биде повторно отфрлен, премиерката Тереза Меј ќе дозволи да се гласа истата недела за тоа дали треба Британија да излезе […]

Прва затворска единица за трансполови лица во Велика Британија


Англија- Во Велика Британија оваа недела ќе биде отворена првата затворска единица за трансполови лица, соопшти британското Министерство за правда. Во тоа крило во рамки на женскиот затвор во јужниот дел на Лондон засега ќе бидат сместени три лица кои се родени како мажи, но во меѓувреме станале жени. Официјални претставници наведуваат дека трите затворенички кои […]

Почна гласањето за Брегзит во Парламентот на Британија


Англија– Почна гласањето во Долниот дом на британскиот Парламент за спогодбата за Брегзит на премиерката Тереза Мај. Резултатите од гласањето треба да бидат објавени околу 22 часот по МКД време. По објавувањето, главниот европски преговарач Мишел Барние ќе се сретне со пратеници во Европскиот парламент. Последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката и […]

Меј: Брегзитот значи и дека Велика Британија повторно ги контролира своите закони


Нацрт договорот за излез од ЕУ нѐдоведува значително поблиску до она за што гласаа Британците кога одлучија да ја напуштат Унијата, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј. Таа пред пратениците рече дека договорот значи дека Британија „повторно ќе преземе контрола“ над своите закони и граници „додека во исто време ги штити работните места, безбедноста и […]

Рускиот в.д. амбасадор повикан во британското МНР


Британското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот в.д. амбасадор Иван Володин, откако претходно премиерката Тереза Меј изнесе нови детали за двајцата осомничени руски агенти обвинети дека го извршиле труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март. Според Велика Британија, двајцата Руси – Александар Петров и Руслав Боширов – […]

Русија: Имаме докази дека Британија е вмешана во наводниот хемиски напад во Дума


Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека има докази дека Велика Британија е вмешана во организирање на наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума во минатиот викенд. – Имаме доказ кој покажува дека Британија директно е вмешана во организирање на таа провокација во источна Гута, изјави Игор Конашенков, портпарол на МО на Русија. Тој рече […]

Британците категорични: Истрага со Русите за Скрипал не доаѓа предвид


Британската делегација во Организацијата за забрана на хемиско оружје го отфрли рускиот предлог за заедничка британско-руска истрага за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал. – Тоа е диверзантска тактика, направена со цел со новите дезинформации да се избегнат прашања на кои руските власти мора да одговорат, пишува на Твитер британската делегација која предлогот го […]

Здравствената состојба на Јулија Скрипал „брзо се подобрува“


Здравствената состојба на Јулија Скрипал „брзо се подобрува“, соопшти денеска болницата каде е сместена ќерката на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал. – Состојбата на Јулија брзо се подобрува и таа веќе не е во критична состојба, соопшти болницата додавајќи дека нејзиниот татко е во „критична, но стабилна состојба“. Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа […]

Лондон протерува 23 руски дипломати


Велика Британија ќе протера 23 руски дипломати поради случајот со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, соопшти британската премиерка Тереза Меј во Парламентот во Лондон. Таа нагласи дека Русија е виновна за труењето на британско тло на поранешниот шпион Сергеј Скрипал. На руските дипломати им е даден рок од една недела да ја напуштат државата. […]

Британија дозволи третман за раѓање бебе од ДНК од три лица


Британски официјални лица за плодност денеска издадоа дозвола на лекарите на една клиника во североисточна Англија со која можат да применат третман за раѓање бебе од ДНК од три лица, две жени и еден маж. Тој третман би требало да им помогне на двете жени да спречат нивните деца да наследат смртоносни генетски болести. Третманот […]

Инцидент во американска воена база во Велика Британија


Британската полиција денеска упаси маж, кој со автомобил се обиде да влезе во американската воена воздухопловна база во Сафок, источна Англија. Американската база Милденхол е затворена поради безбедносниот инцидент. Британското Министерство за одбрана соопштија дека во инцидентот е уапсено едно лице.