Бездомник во Атина пронашол тело на туристка во куфер: Мобилниот телефон се користел како да е жива


Бездомник пронашол куфер со тело на 38-годишна Британка во напуштена зграда во Атина. Еден детаљ од нејзиниот мобилен телефон особено го привлекол вниманието на полицијата. Случајот се истражува како убиство откако телото на жената било пронајдено од бездомник на 18 јули во атинската населба Кипсели. Тој ја известил полицијата околу 13 часот откако забележал куфер […]

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови


Екстремната горештина која во изминатите неколку недели двапати ја погоди Велика Британија донесе температури повисоки од 40 степени Целзиусови во училниците на некои училишта, пренесуваат денеска британските медиуми. Учениците и вработените страдаат од топлотен удар, мачнини и главоболки, а наставниците сведочат дека очајнички се обидуваат да ги заштитат децата, пренесува „Гардијан“. Некои наставници ги покривале […]

Велика Британија ќе ослободи 6.000 затвореници предвреме. Меѓу нив, убијци, силувачи…


До 6.000 сторители, вклучувајќи убијци, силувачи и сексуални престапници, би можеле да бидат предвремено ослободени од затвор според новата владина шема за намалување на пренатрупаноста во затворскиот систем. Мерката е овозможена со дел од Законот за изрекување казни од 2026 година, кој стапува на сила во септември, а првите 700 сторители наводно ќе бидат ослободени […]

Кир Стармер ќе поднесе оставка в понеделник како британски премиер


  Се очекува Кир Стармер во понеделник да објави дека ќе се повлече од функцијата британски премиер, по огромниот притисок од пратениците на Лабуристичката партија да му се направи место на Енди Бернам да стане лидер на Лабуристичката партија. Премиерот и неговите сојузници со недели инсистираа дека ќе се борат против лидерскиот предизвик од Бернам […]

Мнозинството Британци не сакаат укинување на правилата за Брегзит


 Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од […]

Британија ќе бара поблиски односи со ЕУ место со Америка на Трамп


  Британскиот премиер Кир Стармер во средата изјави дека глобалната нестабилност предизвикана од војната со Иран значи дека Велика Британија треба поблиску да соработува со Европската унија за безбедносни и економски прашања, откако беше критикувана од американскиот претседател Доналд Трамп. На прес-конференција свикана за ублажување на загриженоста на јавноста за зголемувањето на цените на енергијата, […]

Енергетски мерки во Британија: Угостителите ги исклучуваат печките и фрижидерите за да заштедат


 Британското Министерство за енергетска безбедност и нето нулта емисија на јаглерод им советуваше на пабовите, рестораните и хотелите во Велика Британија да ги исклучуваат фрижидерите за пиво и електричните печки преку ноќ за да ги намалат трошоците за енергија. Новата онлајн алатка, која ја претстави британското министерство, дава препораки до фирмите како да избегнат непотребна […]

Британија размислува за зголемување на воените трошоци на три отсто од БДП


Британскиот премиер Кир Стармер размислува за значително зголемување на воените трошоци на земјата, дознава Би-Би-Си, велејќи дека помошниците на премиерот сега разгледуваат предлози за исполнување на целта за издвојување на три отсто од БДП за одбрана до крајот на тековниот парламентарен мандат, кој би можел да трае до 2029 година. Даунинг стрит ја разгледува идејата […]

Британската влада одобри Кина да започне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот


 Британската влада денеска ѝ одобри на Кина да започне со изградба на својата нова амбасада во Лондон, која е дизајнирана да биде најголемата кинеска Амбасада во Европа, објавија британските медиуми. Амбасадата ќе биде изградена во близина на Лондонската кула по три години одложувања поради противењето на локалните жители, некои британски пратеници и активисти од Хонг […]

Британија ја намалува за 40 отсто помошта за медиумите и за борба против руското влијание во Западен Балкан


  Британската влада одлучи да ја намали помошта за борба против руската агресија и дезинформациите во Западен Балкан за 40 отсто. Овој регион беше опишан од премиерот Кир Старемер како витален за националната безбедност на Велика Британија. Британското финансирање наменето за зајакнување на Западен Балкан, каде што Русија е обвинета за сеење поделби и создавање […]

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија


Мрежа за перење пари вредна милијарди долари, која оперирала на територијата на Обединетото Кралство, наводно купила контролен удел во една киргистанска банка со цел да се олесни избегнувањето на санкциите и да се поддржи руската војна во Украина, објави денеска Националната агенција за борба против криминалот (НАБК) на Велика Британија. Во ажурирање на меѓународната истрага […]

Велика Британија ќе биде домаќин на конференција за обнова на Газа


Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународна конференција посветена на иднината на Појасот Газа, ќе објави премиерот Кир Стармер за време на посетата на Египет, каде што присуствува на потпишувањето на мировниот план, соопшти британската Влада. Стармер ќе ја претстави водечката улога на Британија во следната фаза на мировниот план под покровителство на САД. Конференцијата, […]

Британската влада ја укина забраната за барателите на азил. Фараж: Имаат повеќе права од Британците


Британската влада денес ја поништи судската одлука со која се бараше привремено иселување на барателите на азил од хотел каде што барател на азил беше обвинет за сексуален напад, пишува Ројтерс. Имиграцијата сега е доминантно политичко прашање во Велика Британија, надминувајќи ги загриженостите за нестабилната економија, бидејќи земјата бележи рекорден број барања за азил и пристигнувања […]

Путин одговори на притисокот за мир со масивен напад на Киев. Погодени мисијата на ЕУ и Британскиот совет


  Притисокот што Доналд Трамп и европските лидери го вршат врз Владимир Путин за прекин на војната во Украина не покажува знаци дека има ефект. Голем руски воздушен напад врз Киев рано во четвртокот, вклучувајќи редок напад во центарот на градот што ги оштети дипломатските канцеларии на Европската унија и Британскиот совет, уби најмалку 17 […]

Тешка суша ја погоди Англија, забранува употреба на вода за базени и наводнување


По најсушната и најжешката пролет во повеќе од 100 години, британската компанија за вода објави привремени ограничувања за користење на вода во понеделник за да се намали потрошувачката на вода во делови од јужна Англија. „Темс Вотер“ (TW), најголемата компанија за вода во земјата, соопшти дека забраната ќе стапи на сила на 22 јули и […]

Еди Рама и Најџел Фараж во војна на интернет: Лекции за Албанците, криминалот и статистиката


  Албанскиот премиер Еди Рама и британскиот политичар и жесток поборник за „Брегзит“, Најџел Фараж, влегоа во жестока дебата на социјалната мрежа Икс во врска со стапката на криминал кај албанското население во Велика Британија. Критиките на Рама кон Велика Британија по излегувањето на земјата од Европската унија го налутија еден од најгласните поборници за […]

Британија ќе и испорача 100 илјади дронови на Украина


Велика Британија денеска вети дека ќе и испорача 100.000 дронови на Украина до крајот на тековната фискална година, април 2026 година. Ова претставува десеткратно зголемување во однос на претходните години, откако беше истакнато дека беспилотните летала го промениле начинот на војување. Владата во Лондон ја поддржа независно подготвената Стратешка одбранбена ревизија, која повикува на посилна, […]

Сагата за „Чебрен“ продолжува со 15. епизода. Британска. Пред еден месец таа беше арапска


  За проектот „Чебрен“ одамна не важи онаа народната „трета среќа“. По неуспешните 14 тендери во изминатите 33-34 години, хидроелектраната која што на Македонија треба да ѝ обезбеди таканаречена базна енергија и која што е од исклучителна важност за стабилноста на електронергетскиот систем во земјава, повторно добива нова шанса, сега во пакет со малку подзаборавената […]

Откриени детали од британскиот план за Украина: Сакаат да испратат 30.000 европски војници за да го чуваат мирот


Британскиот премиер Кир Стармер ќе му претстави на Доналд Трамп план за испраќање помалку од 30.000 европски војници во Украина во обид да обезбеди американска заштита за распоредувањето. Се очекува британскиот премиер детално да објасни како европските сили би можеле да го следат секој договор за прекин на огнот со посредство на американскиот претседател кога […]

Британија издаде предупредување за целата земја поради ниските температури


 Британската агенција за здравствена безбедност (УКХСА) издаде предупредување поради ниските температури за цела Англија. Предупредувањето ќе биде на сила до следната среда, а се предвидува и пораст на  бројот на смртни случаи, особено кај лицата над 65 години и кај оние со постоечки здравствени проблеми, пишува „Скај њуз“. Шефот на одделот за екстремни временски настани […]