Британија ќе почне со репатријацијата на Албанци кои нелегално влегле во државата


Британската влада соопшти дека ќе соработува со Албанија за брзо процесирање на документите и враќање на големиот број Албанци кои со бродови го преминале Ла Манш. Бројот на луѓе кои пристигнаа во Британија со брод достигна еднодневен рекорд во понеделникот. Речиси 40 отсто од оние што пристигнале на овој начин во период од шест недели […]

Хаос во британските железници, штрајкуваат илјадници работници


  Патниците во британските железници денеска се соочија со хаос во превозот поради тоа што илјадници вработени во железници штрајкуваат, загрозувајќи ги услугите низ земјата. Жестокиот спор околу работата, платите, пензиите и условите се влошува, а нови штрајкови може да има и следните денови. Бран штрајкови во железниците и метрото планиран е за август. Патниците […]

Идниот британски премиер ќе биде Риши Сунак или Лиз Трас


  ЛОНДОН – И тогаш останаа двајца. Поранешниот канцелар Риши Сунак ќе се бори со министерката за надворешни работи Лиз Трас за да ги предводи британските конзервативците и да стане премиер на Велика Британија, откако пратениците на партијата ги избраа нивните последни двајца кандидати за да продолжат во следната фаза од натпреварот. По избезумениот последен […]

Во британските реки и езера во изминатите неколку дена се удавија 13 лица


Најмалку 13 лица се удавија во британските реки и езера во последните денови, обидувајќи се да се разладат од топлотниот бран, јавија локалните медиуми. Во луѓето се удавиле додека пливале во реки и езера, а седум од жртвите биле тинејџери, изјави британскиот министер Кит Малтхаус во парламентот. Лондонските пожарникари вчера го поминаа најтешкиот ден од Втората светска војна, бидејќи температурата достигна 40 степени […]

Сунак, Мордант и Трас во трка за лидерското место во британската Конзервативна партија


Доскорешниот министер за финансии Риши Сунак е во предност и по четвртата рунда гласање за наследник на Борис Џонсон на лидерското место во британската Конзервативна партија и на премиерската функција. При гласањето елиминирана е поранешната државна секретарка за родова рамноправност Кеми Бејднок. Сунак беше поддржан од 118 пратеници, Мордант доби 92 гласа, Трас – 86, […]

Проекција на прогнозата за 2050 година во Британија, веќе се остварува – температури близу 40


Пред две години прогностичарите во Обединетото Кралство спроведоа интересен експеримент. Истражија како нивните прогнози за времето може да изгледаат во 2050 година? Климатската криза доведува до екстремни временски услови во целиот свет, а температурите на северните географски ширини посебно се осетливи на промени. Затоа метеоролозите од Метеоролошката канцеларија на Британија во 2020 година истражија долгорочни […]

Првите украински војници стигнаа во Британија


Првата ротација на украинската војска стигна во Велика Британија на договорена обука, рече денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас. Се работи за обука која е дел од новата програма чија цел е да се обучат 10.000 украински војници во рамки на британскиот пакет на воена помош за Украина вреден 2,3 милијарди фунти, кој премиерот […]

Британските министри за финансии и за здравство поднесоа оставки


 Риши Сунак поднесе оставка од функцијата министер за финансии на Велика Британија, објави тој на Твитер. Оставка поднесе и  Саџид Џавид од функцијата британски министер за здравство во писмо до премиерот Борис Џонсон.  Џавид рече дека изгубил доверба во способноста на Владата на Борис Џонсон за владеење во национален интерес по „низата скандали“, велејќи дека […]

Британија: Нема гас за ЕУ ако сме во криза


Велика Британија ќе ја прекине испораката на гас за ЕУ ​​доколку западне во криза, пишува „Financial Times“, повикувајќи се на акционен план во четири чекори за енергетските компании во земјата. „Доколку дојде до криза со природен гас на островот, испораките за Холандија и Белгија ќе бидат прекинати“, се вели во мерките. Ова ќе биде една […]

Тежок ден за Борис Џонсон: партијата ги загуби двете места на дополнителните избори


  Борис Џонсон се соочи со двоен тежок удар со чекан за неговиот авторитет откако конзервативците ги загубија дополнителните избори во Вејкфилд и Тивертон и Хонитон истата вечер, поради што Оливер Дауден, претседател на партијата, поднесе оставка. Лабуристите го презедоа Вејкфилд, додека либералдемократите го поништија мнозинството од 24.000 за да ги грабнат Тивертон и Хонитон. […]

Конзервативците претрпеа пораз на локалните избори во Британија, нови проблеми за Џонсон


  ЛОНДОН – Конзервативците на Борис Џонсон ја загубија контролата врз клучните совети во Лондон и јужна Англија, додека Лабуристичката партија тврди дека локалните избори претставуваат „пресвртница“. Локалните избори ќе се гледаат како лакмусов тест за лидерството на Џонсон на средината на парламентарниот мандат додека тој се бори со кризата со трошоците за живот и […]

Британските разузнавачи објавија какви последици по руската војска ќе има инвазијата на Украина


  Руската војска поради инвазијата на Украина е значително ослабната од порано, објави британското министерство за одбрана во најновиот извбештај на воените разузнавачи. Одбранбениот буџет на Русија во периодот од 2005 до 2018 година двојно се зголеми, со значајни вложувања во технолошки напредни способности во воздух, на море и на копно. Но, модернизацијата на опремата […]

Закани на руската телевизија дека Британија ќе биде избришана од мапата на земјата


  Руските државни медиуми го повикаа Владимир Путин да ја избрише Велика Британија од мапата користејќи го неговото најмоќно нуклеарно оружје, додека пропагандната машина на претседателот продолжува да се заканува со масовна смрт поради поддршката за војната во Украина. Дмитриј Кисељов, човек често познат како „гласникот на Путин“, ја искористи својата емисија во неделата навечер […]

Нов предмет во британските училишта: Ќе се учи за климатските промени


Во Британија од следната недела ќе се воведе нова наставна програма со нагласок на тоа како учениците може да ја заштитат планетата. Британската управа за образование (DfE) објави дека учениците ќе учат за организмите и нивната околина, како и за прашањата за околината и одржливоста „за да стекнат подлабоко знаење за природниот свет околу себе“. […]

Оставка на британскиот министер за правда, лорд Дејвид Волфсон, поради скандалот со забавите во локдаунот


Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата. Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност […]

Новата британска карта на руските напади покажува огромни промени


На најновата британска карта објавена во понеделникот вечерта видливи се огромни промени во однос на претходната. Британското министерство за одбрана, кое од почетокот на војната во Украина секој ден објавува карта од состојбата на боиштата, означи дека големи подрачја околу Киев се ослободени. Украина уште за време на викендот објави дека се ослободени огромни подрачја […]

Британски зоолошки градини собраа околу 25.000 фунти за три во Украина


Две британски зоолошки градини собраа околу 25.000 фунти за три зоолошки во Украина, јави Би-Би-Си. На овој чекор се одлучиле, откако животни во Украина беа пуштени во шума, со цел да не настрадаат. Донации, профит од продавници и од ресторани, како и половина од парите од продадените билети, се собрани за оваа цел. Една од […]

Британија: Руските сили постигнаа мал напредок во текот на изминатата недела


Британското Министерство за одбрана извести дека руските сили кои напредуваат од Крим се уште се обидуваат да го заобиколат Миколајев додека се обидуваат да се упатат на запад кон Одеса, додавајќи дека руските сили постигнале мал напредок во текот на изминатата недела. „Блокадата на украинскиот брег веројатно ќе ја влоши хуманитарната ситуација во Украина, спречувајќи […]

Британија воведе санкции за 370 Руси, меѓу нив се и премиерот Мишустин и 51 олигарх


Велика Британија санкционираше уште 370 лица поради руската инвазија на Украина, вклучително и 51 олигарх и членови на нивните семејства. Додадените на листата ги вклучуваат рускиот премиер Михаил Мишустин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, Дмитриј Песков, секретарот за печат на Владимир Путин и портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова. Микхаил […]

Џонсон: Од четврток се укинуваат сите антипандемиски мерки во Англија


 Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потврди дека во следните неколку дена во Англија ќе бидат укинати сите мерки поврзани со пандемијата на Ковид-19, јави Блумберг. -Сите заразени граѓани од четврток веќе нема да имаат законска обврска да се самоизолираат, иако, сепак, ќе им се советува да останат дома, изјави денеска Џонсон. Британскиот премиер додаде дека […]