Израелската војска пред портите на главната болница во Газа


  Израелските сили стигнаа до портите на најголемата болница во Газа, бидејќи стотици пациенти, вклучително и десетици бебиња, останаа заробени внатре. Илјадници луѓе ја напуштија болницата Ал-Шифа во градот Газа, но здравствените власти соопштија дека преостанатите пациенти умираат поради недостиг на енергија во услови на интензивни борби меѓу израелските војници и милитантите на Хамас. Опремата […]

Престана со работа главната единица за производство на струја во болница во Газа


 Престана со работа главната единица за производство на струја во болницата во близина на бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти тамошното Министерство за здравство. Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф Ал-Кудра, во телевизиско обраќање рече дека болницата сега работи со помал, резервен генератор, но мора да ги исклучи светлата […]

Во ракетен удар на болница во Газа загинаа 300 лица


  Министерството за здравство управувано од Хамас соопшти дека израелски воздушен напад во вторникот погодил болница во градот Газа преполна со ранети и други Палестинци кои барале засолниште, при што загинале стотици луѓе. Доколку биде потврден, нападот би бил убедливо најсмртоносниот израелски воздушен напад во петте војни што се водеа од 2008 година. Министерството за […]

Реновирани една амбуланта и два оддели во тетовската болница


Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничката болница Илир Демири и Блерим Османи одржаа прес-конференција на која соопштија дека се завршени работите за два тамошни оддели и една амбуланта. Министерот Фатмир Меџити во изјавата за медиумите оцени дека со тоа заокружен е еден значаен проект за Клиничка болница Тетово. – На пациентите им […]

Општа болница Куманово набави три нови апарати, ќе се набавуваат и други


Општата болница Куманово набави три нови апарати за поефикасна и подобра здравствена заштита за пациентите од градот и соседните општини, информираа денеска надлежните. Апаратите ги набави претходниот менаџерски тим на болницата и се наменети за потребите на офталмолошкото и гинеколошкото одделение како и апарат за анестезиолозите. Новиот видео ларингоскоп за Анестезиолошкиот оддел е наменет за […]

Штипската Клиничка болница достави ново барање за вработување на лекари и медицински персонал


Клиничка болница-Штип достави ново барања до министерствата за здравство и за финансии за вработување на уште дваесетина лекари, медицински сестри, физиотерапевти, болничари, хигиеничарки и друг персонал, потврди денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. -Искрено се надевам дека ќе добиеме позитивно мислење од министерството за финансии и тие вработувања да ги реализираме до крајот на […]

Пожар во болница во западна Германија: 28 повредени, 5 потешко


Вo пожарот во болница во западна Германија, што се случи вчера доцна вечерта, повредени се 28 лица, од кои пет потешко, соопшти локалната полиција, а пренесува агенцијата Дпа. Пожарот избувнал во соба за пациенти во болница во Хемер, град на околу 30 километри југоисточно од Дортмунд. Персоналот брзо почна да ги евакуира другите пациенти од […]

Пожар во детска болница во Романија, евакуирани најмалку 110 деца


Најмалку 110 деца се евакуирани од детската болница во Букурешт по пожарот што избувна доцна навечер во вторникот, соопштија властите. Во пожарот нема повредени, кој во меѓувреме е изгаснат, јавува „Аџерпрес“. Според официјални лица, пожарот избувнал кога генератор експлодирал по прекин на струја, додава „Ројтерс“. Романското министерство за здравство објасни дека детската болница за рехабилитација […]

Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела


 В.Д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршува од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците. – Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и […]

МЗ: Раскинат договорот за новата штипска болница, следува тендер


Договорот со изведувачот „ИНТРАКАТ“ за новата штипска болница е раскинат на 29 јуни. Потребно е да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Влада, информираат попладнево од Министерството за здравство. – Во рок од 42 дена треба да се достави „Проект на изведена […]

Во Отешево се реконструира специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација


Јавната здравствена установа Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација која се наоѓа на брегот на преспанското езеро во Отешево, почна да се реконструира. Градежните активности ќе се одвиваат околу четири месеци и во овој период работата на болницата ќе биде реорганизирана, информираат од тамошната јавна здравствена установа. -Работниот процес во болницата продолѓува и ќе […]

(Видео) Пожар во болница во Мадрид, загина маж


Шеесет и осумгодишен маж почина од вдишување чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болницата Сан Карлос во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми. Пожарот избувнал околу еден час по полноќ на петтиот кат од болницата, а причините се уште се истражуваат, соопшти портпаролот на министерството за здравство, пренесува „Ел Паис“. Noticias frescas en […]

Елизабета Ивановска, именувана за в.д. директор на ЈЗУ Клиничка болница-Битола


Елизабета Ивановска, специјалист интернист, досегашна раководителка на Интерно одделение во ЈЗУ Клиничка болница-Битола е именувана за вршител на должноста директорка на оваа здравствена установа. Ивановска доаѓа на местото на Александар Обедниковски, кој поднесе оставка од морални причини, поради смртта на новороденче и шестгодишно девојче во болницата. Д-р Ивановска функцијата ја презема во еден тежок момент за […]

ДСЗИ: Шестгодишната Јана починала од срце – нема недостатоци при лекувањето


Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија во врска со лекувањето и третманот на починатото 6-годишно девојче Јана Христовска од село Кравари-Битола. Согласно надлежностите ДСЗИ изврши увид во медицинската евиденција и документација која се води на одделението во рачна и […]

Директорот на болницата во Битола на рапорт пред министерот за здравство по смртта на 6-годишното девојче


Ковачевски: Јавноста ќе биде информирана откако ќе ги имаме сите детали за смртта на шестгодишното девојче во болницата во Битола – Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. Врз основа на факти, […]

Децата од Клиниката во Козле кои биле во допир со сомнителните случаи на туберкулоза ќе одат на скрининг


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информира дека една група од децата кои биле во допир со сомнителните случаи на туберкулоза во болницата во Козле утре ќе одат на скрининг, а останатата група во понеделник. -Ја следиме состојбата со децата во болницата во Козле, утре дел од одстанатите деца кои биле во допир […]

Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни


Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150–те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби. – Врз основа  на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на […]

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница


Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени […]

Прилепското обвинителство отвори предмет за болницата по смртта на тројца пациенти


Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, обвинителството побара целосна документација за три случаи на лекување пациенти, една е пациентката на 52 години и уште двајца 30-годишници. -Отворивме предмет по допрен глас за утврдување евентуална кривична одговорност на вработени во Болницата. Едниот лучај е за 52-годишна пациентка која се лекувала на гинекологија и која со компликации […]

Болницата во Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари


Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и секаков вид персонал недостасува на речиси сите одделенија во Клиничка болница Штип. Дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, ситуацијата со кадарот е тешка. Тој информира дека денеска се потпишани барањата за вработување […]