Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете


Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Струга по смртта на четиригодишното дете на Детското одделение. Тоа за МИА го потврди директорот на Инспекторатот Кирил Лазов, посочувајќи дека штом ќе заврши надзорот и ќе имаат нешто поконкретно ќе излезат со дополнителни информации. На Детското одделение во […]

ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња


 Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16 јануари, стои во наодот на Инспекторатот кој во понеделникот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение […]

Во штипската Клиничка болница се отвори амбуланта за васкуларна хирургија


 Амбуланта за васкуларна хирургија од денеска официјално е отворена во Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден е потпишан договорот со Универзитетската клиника за Тораковасуларна хирургија и Клиничка болница, со што доктор специјалист по васкуларна хирургија ќе врши прегледи во штипската болница. Пациентите ќе имаат можност […]

Граѓаните кои не одат на лекарски преглед во Мој термин, да го откажат со СМС порака


Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе […]

Лекарите на кои им се суди во Турција обвинети за смртта на 10 бебиња


 Лекарите, медицинските сестри и возачот на брза помош се меѓу 47-те лица на кои им се суди обвинети за предизвикување смрт на 10 бебиња како дел од наводната шема за измама на турскиот систем за социјално осигурување. Обвинетите се теретат дека ги префрлиле бебињата во 19 приватни болници каде наводно бебињата биле подложени на продолжени, […]

Тинејџерка од Велика Британија удрена од параглајдерист во Турција. Има скршеници на ‘рбетот и вилицата


Британската тинејџерка Лили Никол (15) од Дурам, се здобила со сериозни повреди откако била удрена од параглајдерист додека била на одмор со своето семејство во популарното летувалиште Олудениз во Турција. Инцидентот се случил за време на последниот ден од нивниот одмор, додека Лили била на вечера во ресторан со нејзината мајка Линдзи Логан и постарата […]

Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница


Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница, на гинеколошко – акупшерското одделение,  со доктори од ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, информираа денеска од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.   – Со цел проширување на услугите што ги пружаат нашите лекари на Гинеколошко акушерско одделение, ЈЗУ Општа Болница со […]

Вооружен маж влегол во болницата „Ребро“ во Загреб, уапсен е


Загрепската полиција приведе маж кој утрово со оружје влегол во болничкиот центар Ребро, јавува 24сата. Како што пишува овој хрватски медиум, засега неименуваниот маж ја напуштил болницата во придружба на полицијата. Според досегашните информации нема повредени лица. Персоналот и пациентите се криеле во ординациите за време на драмата која траела околу два часа. Информациите за […]

Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен, наесен ќе започнат градежните активности, најави Мицкоски


Тендерот за Клиничката болница Штип е подготвен и ќе биде завршен за два-три месеци, по што наесен ќе започнат градежните активности на самата болница, најави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, кој во посета на штипската болница беше заедно со министерот за здравство Арбен Таравари, посочи дека изградбата на болницата, заедно со болницата во Кичево е заедничко […]

Пожар во дворот на струмичката болница


Во текот на вчерашниот ден, околу 14.43 часот, Полициската станица во Струмица примиla пријава за пожар во дворното место на ЈЗУ Општа болница – Струмица. Според соопштението од СВР Струмица, пожарот зафатил сува трева и гранки кои биле насобрани околу метален контејнер во дворот на болницата. Вратата на контејнерот била отворена, што овозможило огнот да […]

Нови 38 случаи на голема кашлица, шестмина хоспитализирани


Од 31 мај до 6 јуни, во државата се регистрирани 38 нови случаи на пертусис, познат како голема кашлица. Шестмина од новозаболените се хоспитализирани. Најголем дел од случаите, 26, се од Скопје, додека во Битола се пријавени четири, во Тетово три, а по еден случај во Пробиштип, Прилеп, Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Ова го соопшти […]

Со нож нападнал луѓе во болница во Кина. Двајца загинати, десетици ранети


Најмалку две лица загинаа, а 21 се повредени утринава во напад со нож во болница во југозападната кинеска провинција Јунан, јавија државните медиуми, повикувајќи се на официјални извори. Нападот, опишан од државната новинска агенција Синхуа како „насилен инцидент“, се случил во локална болница во округот Женксионг, објави новинската агенција, додавајќи дека властите собираат повеќе информации. […]

Изборите се „виновни“ што не е поправен акцелераторот во Битолската болница


  БИТОЛА – Битолската болница и натаму нема функционален акцелератор потребен за радиотерапија на онколошките болни. Најново, вината се префрла на претстојните избори.  Овој проблем останува отворен  и покрај укажувањето на Заводот за ревизија, кој лани во октомври во извештај констатираше дека во болницата во посебен објект, бункер, сместен е линеарен акцелератор но не се […]

Дебар повторно без епидемиолог, договорот на дело не му е продолжен на пензионираниот, но единствен во поширокиот регион


Поширокиот дебарски регион повторно остана без епидемиолог, откако на пензионираниот Ментор Меља му заврши договорот на дело, потпишан со Министерството за здравство. Меља е единствен лекар специјалист од оваа медицинска гранка во Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, кој долги години беше раководител на единицата за јавно здравје и кој повеќе од успешно, иако […]

Нападната медицинска сестра во Струшката болница, кривична за напад на вработен во хирургија


Во Општата болница во Струга вчера била нападната медицинска сестра, сопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од истото село. – Вчера во 17 часот и 50 минути во ОВР Струга е пријавено дека во објект во состав на Општата болница во Струга, А.Н. […]

Седум повредени од сообраќајката кај Жиганци донесени во болницата во Кочани


 Седум повредени во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани се пренесени во Општата болница во Кочани. Возилата на Итната помош за краток период пристигнале на местото на несреќата во близина во атарот на селото Жиганци и по првичната интервенција, повредените биле згрижени на одделенијата во болницата. – Нашите лекари сè уште ја […]

Се пукало пред тетовската болница – ранети две лица


Две лица се повредени со огнено оружје пред зградата на Ургентниот центар во Клиничката болница – Тетово, јави дописникот на МИА. Поради природата на повредите едно од лицата е упатено во Клиничкиот центар во Скопје. СВР Тетово вечерва соопшти дека околу 18 часот и 5 минути кај нив е пријавено дека пред влезот на Ургентен […]

СЗО не може да достави медицински материјали во северниот дел на Газа речиси две недели


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не можела да стигне до северот на Појасот Газа 12 дена за време на тековната војна меѓу Израел и Хамас. Планираната мисија во болницата Ал-Авда и четири други во северна Газа беше откажана по четврти пат бидејќи не можеше да се гарантира безбедноста, објави вчеравечер СЗО на платформата за […]

СЗО влезе во Ал Шифа, најде масовна гробница и 32 деца во критична состојба


Хуманитарен тим  за проценка на СЗО ја посетил болницата Ал Шифа во северна Газа и видел знаци на гранатирање и пукање во она што е опишано како зона на смртта, објави денес Светската здравствена организација (СЗО). Тимот ја опишал ситуацијата како „очајна“, имајќи предвид дека болницата не функционира како медицинска установа поради недостигот од чиста […]

Прилепското обвинителство ја бара документацијата за новороденчето од болницата


Прилепското основно јавно обвинителство интензивно работи на предистражните дејства по отворениот предмет за случајот со новороденчето, кое на 27 октомври се роди здраво во прилепската градска болница, а по три дена поради тешко дишење беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде по една недела почина од сепса. Според основниот јавен обвинител Стевчо […]